1 00:00:36,360 --> 00:00:37,280 Краков е мирен. 2 00:00:37,840 --> 00:00:39,440 Барем така изгледа. 3 00:00:39,600 --> 00:00:41,400 Но во делови од градот 4 00:00:41,560 --> 00:00:44,320 се појавува опасен вид егзотична змија. 5 00:00:52,840 --> 00:00:57,280 Одеднаш се појавува експерт за влекачи. 6 00:00:58,040 --> 00:00:59,400 Неговото име е Лешек Л. 7 00:01:00,640 --> 00:01:03,560 Беше познат во Краков како одгледувач на влекачи. 8 00:01:03,720 --> 00:01:07,080 Имаше многу пријатели на повисоки полициски позиции. 9 00:01:10,720 --> 00:01:13,120 Повеќе луѓе ми кажаа 10 00:01:13,280 --> 00:01:16,920 дека сам ќе пуштел змии, па викал полиција. 11 00:01:17,800 --> 00:01:19,680 Полициските службеници што го примале повикот 12 00:01:19,840 --> 00:01:23,520 му давале задача да ги собира овие опасни влекачи. 13 00:01:23,680 --> 00:01:25,960 Така заработувал дополнително. 14 00:01:37,320 --> 00:01:39,759 И самиот беше опасен како див ѕвер. 15 00:01:55,400 --> 00:02:01,720 ПРОФИЛ НА УБИЕЦ 16 00:02:01,880 --> 00:02:07,560 ТРЕТА ЕПИЗОДА 17 00:02:12,040 --> 00:02:15,400 Целата ситуација со Лешек Л. ми е многу сомнителна. 18 00:02:15,560 --> 00:02:17,400 Ако го прочитате внимателно досието... 19 00:02:17,560 --> 00:02:18,760 ИСТРАЖУВАЧКИ НОВИНАР 20 00:02:18,920 --> 00:02:23,840 Лешек Л. двапати поднел пријава против Јанчевски, 21 00:02:24,480 --> 00:02:28,200 како да сакал да се погрижи полицијата да се занимава со него. 22 00:02:32,800 --> 00:02:36,520 Се водеше дебата зошто Лешек правел така. 23 00:02:36,680 --> 00:02:37,920 ПОРАНЕШЕН ПОЛИЦАЕЦ 24 00:02:38,079 --> 00:02:42,360 Тој воопшто не беше граѓанин што почитува закони 25 00:02:42,520 --> 00:02:45,640 и што би направил така од чувство на граѓанска должност. 26 00:02:49,480 --> 00:02:52,880 До ден-денес не знам зошто Лешек пуштил пријава против својот колега. 27 00:02:53,040 --> 00:02:53,960 НОВИНАРКА 28 00:02:54,120 --> 00:02:55,920 Знам дека му должел пари. 29 00:02:58,800 --> 00:03:01,240 Индискиот питон долг 2,5 метри 30 00:03:01,400 --> 00:03:05,880 го пронашла г-ѓа Александра Јалоха на пат за дома. 31 00:03:06,040 --> 00:03:07,560 Змијата беше тука. 32 00:03:07,720 --> 00:03:09,720 Госпоѓата се исплашила. 33 00:03:09,880 --> 00:03:12,760 Оттука често поминуваат деца на пат за училиште. 34 00:03:12,920 --> 00:03:17,480 Полицијата го повикала г. Лешек, експерт за влекачи. 35 00:03:17,640 --> 00:03:20,640 Г. Лешек вели дека влекачот бил безволен и ладен. 36 00:03:20,800 --> 00:03:23,920 Да беше потопло, ситуацијата ќе беше поопасна. 37 00:03:24,079 --> 00:03:26,840 Понекогаш се ампутира екстремитет по каснување од змија. 38 00:03:27,000 --> 00:03:30,920 Имав неколку интервенции поради ѕвечарки. 39 00:03:31,079 --> 00:03:34,720 Една беше крај тврдината во Краков, а другата беше во судница. 40 00:03:34,880 --> 00:03:37,520 Виделе кобра на еден имот. 41 00:03:37,680 --> 00:03:39,800 Луѓето се неодговорни. 42 00:03:42,200 --> 00:03:45,960 Го запознав Лешек во вечерното училиште на улица Лобзовска. 43 00:03:47,120 --> 00:03:50,800 Имаше многу хоби. Се интересираше за нуркање, 44 00:03:50,960 --> 00:03:54,480 но исто така и за влекачи и херпетологија. 45 00:03:55,360 --> 00:03:56,280 ПРИЈАТЕЛКА И СОСЕТКА 46 00:03:56,440 --> 00:03:58,760 Нашето познанство се разви 47 00:03:58,920 --> 00:04:01,440 затоа што почнав да работам со него. 48 00:04:04,600 --> 00:04:07,040 Организираше посети на училишта 49 00:04:07,200 --> 00:04:12,840 и им ги покажуваше влекачите од својата колекција на учениците. 50 00:04:13,680 --> 00:04:16,800 Лешек Л. се фалел како успеал да прошверцува 51 00:04:16,959 --> 00:04:19,480 преку границата, под кошулата, 52 00:04:19,640 --> 00:04:23,600 некои егзотични животни и дека никој не се посомневал во ништо. 53 00:04:25,840 --> 00:04:32,320 Од 1981 до 1989 година може да се каже дека бевме пријатели. 54 00:04:32,480 --> 00:04:36,440 Пријателството веројатно беше искрено само од моја страна 55 00:04:36,600 --> 00:04:41,000 затоа му помагав во многу работи како што знаев. 56 00:04:42,720 --> 00:04:45,400 Беа колеги од стручното училиште. 57 00:04:45,560 --> 00:04:49,360 За Роберт тој беше како гуру. Многу постар и посилен. 58 00:04:49,520 --> 00:04:51,680 Популарен кај жените и слично. 59 00:04:51,840 --> 00:04:52,760 ТАТКОТО НА РОБЕРТ, ПОЕТ 60 00:04:52,920 --> 00:04:55,280 Секако имаше репутација на женкар. 61 00:04:58,760 --> 00:05:02,680 Лешек Л. наводно го третирал Роберт како ѓубре. 62 00:05:02,840 --> 00:05:06,840 Му бил слуга. Правел работи за кои овој немал желба 63 00:05:07,000 --> 00:05:08,920 или време. 64 00:05:10,960 --> 00:05:13,440 Сакаше да има човек што ќе им носи 65 00:05:14,040 --> 00:05:17,640 глувци на неговите влекачи. 66 00:05:17,800 --> 00:05:21,960 Рече дека во лабораторијата бараат некого за Одделот за животни. 67 00:05:22,640 --> 00:05:26,000 Описот на работното место вклучуваше празнење кафези, 68 00:05:26,160 --> 00:05:28,000 ставање свежи струготини 69 00:05:28,160 --> 00:05:29,240 и миење на се. 70 00:05:29,400 --> 00:05:32,400 Се смрдеше. Сепак, тоа беа лабораториски животни. 71 00:05:34,440 --> 00:05:35,360 ПРИЈАТЕЛ НА ЛЕШЕК Л. 72 00:05:35,520 --> 00:05:39,360 Мислам дека го запознав Лешек во 1978 година. 73 00:05:39,520 --> 00:05:44,080 Беше нуркач, со три рекорда во "Гинисовата книга на рекордите". 74 00:05:44,640 --> 00:05:48,159 Организираше презентации на своите патувања. 75 00:05:49,480 --> 00:05:53,440 Во таа посткомунистичка реалност мислевте дека гледате друг свет. 76 00:05:53,880 --> 00:05:57,520 Лешек во тоа време беше многу симпатичен. 77 00:06:00,480 --> 00:06:02,760 Прекрасно ги опишуваше тие нуркања. 78 00:06:02,920 --> 00:06:03,840 СУДИЈА ОД КРАКОВ 79 00:06:04,240 --> 00:06:09,680 За жал, под дејство на алкохол стануваше сосема поинаква личност. 80 00:06:10,160 --> 00:06:13,400 Како приказната за д-р Џекил и г. Хајд. 81 00:06:14,280 --> 00:06:15,520 Две различни лица. 82 00:06:16,400 --> 00:06:18,080 Беше непрепознатлив. 83 00:06:19,600 --> 00:06:23,400 Беше непредвидлив кога пиеше. 84 00:06:23,960 --> 00:06:27,440 Еднаш бев кај него. Запали цигара 85 00:06:27,600 --> 00:06:31,040 и, така да кажам, од раката го изгасна догорчето. 86 00:06:31,200 --> 00:06:36,000 Потоа рече: "Ти си гаден кучкин..." 87 00:06:36,159 --> 00:06:41,920 Беше пред Божиќ 1993 година. Потоа веќе никогаш не го видов. 88 00:06:44,320 --> 00:06:48,040 Бил навистина вешт со нож. 89 00:06:48,200 --> 00:06:50,159 Можел хируршки да отстрани 90 00:06:50,320 --> 00:06:52,120 кожа од некое животно. 91 00:06:57,720 --> 00:07:01,520 Лесно е да се претпостави дека можел да отстрани и кожа, 92 00:07:01,680 --> 00:07:04,640 и тоа со хируршка прецизност, од човек. 93 00:07:13,720 --> 00:07:16,640 Добровечер, ние сме Мачеј Клечек и пријателите. 94 00:07:31,920 --> 00:07:34,720 Кон крајот на 90-тите, Корнет беше место 95 00:07:36,280 --> 00:07:37,480 каде што имаше авантури 96 00:07:38,240 --> 00:07:39,280 за сите што ќе влезат. 97 00:07:39,440 --> 00:07:40,360 ПОЗНАНИК НА ЛЕШЕК Л. 98 00:07:40,520 --> 00:07:42,880 Еден од најинтересните луѓе таму 99 00:07:43,040 --> 00:07:44,920 беше токму Лешек. 100 00:07:47,920 --> 00:07:51,800 "Дојди кај мене, ќе ти покажам нешто интересно. Живеам во близина." 101 00:07:51,960 --> 00:07:55,400 Атмосферата беше како во хорор филм. 102 00:07:55,560 --> 00:08:00,560 Светлината од светилка од 15 или 30 вати создаваше полутемна атмосфера. 103 00:08:00,720 --> 00:08:03,600 Еден ѕид беше полн со животински коски и кожи 104 00:08:03,760 --> 00:08:06,080 што веројатно ги штавел лично Лешек. 105 00:08:07,480 --> 00:08:09,080 Знаеше такви работи. 106 00:08:13,040 --> 00:08:16,760 Во задната соба имаше терариуми од подот до таванот. 107 00:08:18,320 --> 00:08:22,640 Крокодили долу, кобра десно. 108 00:08:22,800 --> 00:08:26,000 Лево беше тропската ѕвечарка. 109 00:08:26,160 --> 00:08:29,640 А на самиот врв беше црната мамба. 110 00:08:31,520 --> 00:08:33,320 Отвори голем терариум 111 00:08:33,480 --> 00:08:35,440 во кој имаше огромна змија. 112 00:08:35,600 --> 00:08:37,400 Подоцна дознав дека е питон. 113 00:08:37,559 --> 00:08:39,280 Мрежест питон, поточно. 114 00:08:40,120 --> 00:08:41,320 Се викаше Кашка. 115 00:08:45,240 --> 00:08:49,160 Крокодилот трчаше од соба во соба и се криеше зад каучот. 116 00:08:49,880 --> 00:08:52,800 Си помислив: "Што, по ѓаволите, се случува овде?" 117 00:08:53,320 --> 00:08:56,440 Се скри зад каучот и почна да 'ржи како куче. 118 00:08:57,000 --> 00:08:59,480 Беше олкав. Лешек го зграпчи 119 00:09:00,840 --> 00:09:04,240 и му ја стави главата до мојата. 120 00:09:05,680 --> 00:09:08,960 Одеднаш ме гризна за раката. Веднаш прокрвавив. 121 00:09:09,120 --> 00:09:10,400 "Ме гризна, по ѓаволите!" 122 00:09:10,560 --> 00:09:14,040 И тој: "Ајде, Мајкл, ништо не ти е." 123 00:09:14,640 --> 00:09:18,360 Откако го тргна, рече: "Да го ебам, навистина те каснал." 124 00:09:21,080 --> 00:09:22,000 Гледате? 125 00:09:24,360 --> 00:09:28,200 Рече: "Мајкл, најдобро е да не кажеш никому." 126 00:09:28,360 --> 00:09:32,480 "И онака никој нема да ти верува." 127 00:09:39,080 --> 00:09:42,440 Во еден момент го изгуби. 128 00:09:50,560 --> 00:09:52,960 Нашиот прекрасен сосед пукаше во мене. 129 00:09:53,120 --> 00:09:56,080 За среќа, ме промаши за три метра. 130 00:09:56,240 --> 00:09:58,960 Имав само изгореници на лицето. 131 00:09:59,120 --> 00:10:00,880 Само? -Само. 132 00:10:01,040 --> 00:10:02,400 Да, беспомошна бев. 133 00:10:02,920 --> 00:10:06,800 Јас и уште две сосетки јавивме во телевизија. 134 00:10:07,320 --> 00:10:11,640 Дали тие животни се надвор од контрола? -Змијата на соседот избега. 135 00:10:13,040 --> 00:10:15,720 Ја најдовме завиткана околу кваката на вратата од подрумот. 136 00:10:27,760 --> 00:10:30,640 Мојот сопруг рече: "Мајчината, станува опасно." 137 00:10:32,240 --> 00:10:33,160 СОСЕТКА НА ЛЕШЕК Л. 138 00:10:33,320 --> 00:10:36,920 Да, се јавив во полиција затоа што се плашев за моето дете. 139 00:10:39,280 --> 00:10:41,440 Полицијата влезе и излезе. 140 00:10:42,240 --> 00:10:44,760 "Не грижете се, се е решено." 141 00:10:46,520 --> 00:10:48,800 Лешек откри кој ја повикал полицијата. 142 00:10:51,160 --> 00:10:52,360 Слезе долу и рече: 143 00:10:52,520 --> 00:10:56,520 "Викни ги пак и ќе го добиеш она што ти следува." 144 00:10:59,720 --> 00:11:03,240 Соработуваше со полицијата. Многу полицајци го познаваа. 145 00:11:07,280 --> 00:11:08,600 Се забавувал со нив. 146 00:11:11,600 --> 00:11:14,160 И кога исчезна Катаржина, 147 00:11:14,320 --> 00:11:18,160 Лешек ги прославил св. Силвестер и Нова година со полицаец од Краков. 148 00:11:20,120 --> 00:11:24,480 Многу високорагирани полицајци му биле пријатели. 149 00:11:26,320 --> 00:11:28,920 Г Лешек Л. зборуваше 150 00:11:29,080 --> 00:11:32,640 како канел млади девојки на забави во неговиот стан 151 00:11:32,800 --> 00:11:35,720 и не им давал да си одат 152 00:11:35,880 --> 00:11:40,240 така што би завиткал змија околу кваката на вратата. 153 00:11:41,840 --> 00:11:44,400 Разговарав со жени што го познаваа. 154 00:11:44,560 --> 00:11:49,040 Велат дека бил насилен и дека понекогаш ги тепал. 155 00:12:05,440 --> 00:12:08,160 Не беше токму. 156 00:12:08,320 --> 00:12:12,400 Не можеме да кажеме дека перверзијата не се појавила во одреден момент. 157 00:12:12,560 --> 00:12:15,080 "Одрав змија, зошто не и човек?" 158 00:12:16,120 --> 00:12:18,680 Би можел ли Лешек да одере човек? 159 00:12:19,240 --> 00:12:20,760 Мислам дека би можел. 160 00:12:24,040 --> 00:12:25,400 Чував риби. 161 00:12:25,560 --> 00:12:27,520 Двапати неделно одев 162 00:12:27,680 --> 00:12:30,280 до продавницата за миленичиња на Лешек. 163 00:12:31,680 --> 00:12:34,240 Еден ден влегов, се свртев 164 00:12:34,400 --> 00:12:37,080 и видов лице на жена 165 00:12:38,520 --> 00:12:40,000 зад аквариумот. 166 00:12:40,160 --> 00:12:42,840 Спуштена коса, румено лице. 167 00:12:43,880 --> 00:12:46,880 До неа беше еден што не го познавав. 168 00:12:49,880 --> 00:12:51,440 Дали таа жена беше слична 169 00:12:52,320 --> 00:12:53,600 на оваа на сликата? 170 00:12:53,760 --> 00:12:55,040 Погледнете. 171 00:12:55,200 --> 00:12:58,000 Секако, само што оваа имаше пуштена коса. 172 00:13:01,840 --> 00:13:03,360 Беше во продавницата. 173 00:13:04,040 --> 00:13:05,240 Сто проценти. 174 00:13:06,920 --> 00:13:08,160 Сто проценти! 175 00:13:11,040 --> 00:13:12,640 Тешко ми е да поврзам 176 00:13:12,800 --> 00:13:15,560 дерење на мртва змија со она што и се случи на Касија. 177 00:13:15,720 --> 00:13:16,680 НОВИНАР 178 00:13:18,320 --> 00:13:22,320 Немаше начин да се потврди поврзаноста на Лешек со случајот. 179 00:13:22,480 --> 00:13:24,120 Му го пребаравте станот? -Не се сеќавам. 180 00:13:24,280 --> 00:13:25,200 ПОРАНЕШЕН ПОЛИЦИЕЦ 181 00:13:27,040 --> 00:13:30,280 Го гледам тоа пред мене, како да го гледам сега. 182 00:13:30,440 --> 00:13:33,400 Но дали го памтам датумот? Не. 183 00:13:33,560 --> 00:13:37,520 Кога ја затвори продавницата? 184 00:13:37,680 --> 00:13:39,640 Не се сеќавам. -1998. 185 00:13:39,800 --> 00:13:41,000 Да. 186 00:13:42,840 --> 00:13:45,400 Лешек Л. не може да ни биде од помош. 187 00:13:46,240 --> 00:13:49,840 Почина во 2007 година по долготрајна зависност од алкохол. 188 00:13:50,840 --> 00:13:53,440 Тој е уште една лесна цел бидејќи е мртов. 189 00:13:53,600 --> 00:13:54,960 Не може да се брани. 190 00:13:55,120 --> 00:13:59,480 Затоа лесно можеме да тврдиме некои работи на негова штета. 191 00:14:02,840 --> 00:14:07,440 Да, можеме да зборуваме дека Лешек Л. е совршениот осомничен. 192 00:14:07,600 --> 00:14:11,400 Поради лошо водена истрага, никогаш нема да ја дознаеме вистината. 193 00:14:14,280 --> 00:14:19,240 АПЕЛАЦИОНЕН СУД, 23 МАЈ 2024 ГОДИНА. 194 00:14:29,120 --> 00:14:31,640 Чесен суде, се чувствувам како обвинител. 195 00:14:31,800 --> 00:14:35,560 Имено, жалбата е всушност обвинителен акт 196 00:14:36,600 --> 00:14:38,360 што го покренува одбраната 197 00:14:39,000 --> 00:14:41,640 против полицијата, обвинителството 198 00:14:42,520 --> 00:14:44,160 и првостепениот суд. 199 00:14:45,000 --> 00:14:47,720 Го кажувам ова со целосна одговорност, 200 00:14:47,880 --> 00:14:51,400 а лесно и ќе го докажам тоа. Ги обвинувам овие тела 201 00:14:53,120 --> 00:14:55,280 за, барем најмалку, игнорирање на вистината. 202 00:14:57,520 --> 00:15:00,160 Нема дури ни индиции. 203 00:15:02,880 --> 00:15:05,600 Нема да бидам театрален. 204 00:15:05,760 --> 00:15:06,880 ТУЖИТЕЛ 205 00:15:07,040 --> 00:15:08,840 Нема да се потсмевам. 206 00:15:09,000 --> 00:15:12,040 Нема да се обидувам да го насмеам судот. 207 00:15:13,760 --> 00:15:16,160 Бидејќи ова не е таков случај. 208 00:15:16,920 --> 00:15:20,480 Ќе останам сериозен. 209 00:15:21,560 --> 00:15:22,680 За разлика од одбраната. 210 00:15:24,080 --> 00:15:25,000 АДВОКАТ НА ЈАНЧЕВСКИ 211 00:15:25,160 --> 00:15:27,320 Никогаш не знаев 212 00:15:27,480 --> 00:15:31,080 што ќе смисли обвинителството тој ден. 213 00:15:31,240 --> 00:15:32,560 Имено, тоа е мозаик 214 00:15:32,720 --> 00:15:37,680 од бесмислени псевдодокази. Шпекулации. 215 00:15:38,400 --> 00:15:42,640 Еден ден ја убил во станот, а следниот ја држел во градината. 216 00:15:42,800 --> 00:15:44,840 Не се знаеше каде е. 217 00:15:45,000 --> 00:15:49,080 Морал постојано да ја преместува од едно место на друго. 218 00:15:49,240 --> 00:15:53,000 Како? Со велосипед? Бидејќи нема возачка. 219 00:16:06,120 --> 00:16:09,760 ВНИМАНИЕ! ОПАСНА ЗОНА 220 00:16:09,920 --> 00:16:14,200 ПОЗНАНИК НА РОБЕРТ ЈАНЧЕВСКИ, ПОЕТ 221 00:16:14,360 --> 00:16:18,480 Обвинителот Крупински ме информираше писмено 222 00:16:19,080 --> 00:16:23,480 дека морам да ја ослободам мојата градина во Балице. 223 00:16:25,200 --> 00:16:26,520 Не го познавав Роберт. 224 00:16:26,680 --> 00:16:29,640 Дојде тука двапати со татко му за да ми ги обојат прозорците 225 00:16:29,800 --> 00:16:32,080 и еднаш ми помогна да ги обновам рамките. 226 00:16:32,720 --> 00:16:35,680 Јозеф Јанчевски едно време бил 227 00:16:35,840 --> 00:16:39,080 познајник на мојата сопруга Халина Кутила. 228 00:16:39,240 --> 00:16:42,080 Се познаваме како поети со години. 229 00:16:42,960 --> 00:16:44,520 Теоријата на тужителот беше 230 00:16:44,680 --> 00:16:48,880 дека Роберт Јанчевски ги зел клучевите од својот татко 231 00:16:49,040 --> 00:16:51,400 бидејќи Јосиф ги имал клучевите од тој двор, 232 00:16:51,560 --> 00:16:54,320 за да ја посетува Халина за време на викендите. 233 00:16:54,480 --> 00:16:57,600 Така можел да го изврши убиството. 234 00:16:58,200 --> 00:17:01,080 Затоа обвинителот ми го уништи целиот двор. 235 00:17:01,240 --> 00:17:02,880 Таму имаше езерце. 236 00:17:04,119 --> 00:17:07,000 Гледате дека се раскопаа. 237 00:17:08,319 --> 00:17:11,760 Рекоа дека се ќе вратат во претходна состојба. 238 00:17:11,920 --> 00:17:14,200 Имам чувство дека нема да биде така. 239 00:17:14,359 --> 00:17:16,680 Рече: "Најдовме." А јас реков: "Што?" 240 00:17:16,839 --> 00:17:20,319 Ја кренаа церадата и под неа беше мојата мртва мачка. 241 00:17:21,280 --> 00:17:24,200 Дојди, Рудолф! Не плаши се. 242 00:17:24,839 --> 00:17:28,800 Мац, мац, мац! Никој нема да ти направи ништо, дојди. 243 00:17:28,960 --> 00:17:31,000 Како резултат на овие полициски акции, 244 00:17:31,160 --> 00:17:34,440 низ селото се прошири глас дека пронашле 14 тела. 245 00:17:34,600 --> 00:17:36,280 Дека тука биле убивани луѓе. 246 00:17:36,440 --> 00:17:39,320 Мојот углед беше уништен. 247 00:17:40,120 --> 00:17:41,560 Искрено ќе ви признаам 248 00:17:41,960 --> 00:17:44,200 дека му бев лут. Се уште сум. 249 00:17:44,360 --> 00:17:49,640 Напишав песна за обвинителот П. К. 250 00:17:50,080 --> 00:17:53,320 "О нова Темида, без превез за очите" 251 00:17:53,480 --> 00:17:58,000 "Крени го мечот и измери ги делата на ова и она" 252 00:17:58,160 --> 00:18:03,120 "И казни го според правдата и праведноста. Амин." 253 00:18:04,400 --> 00:18:08,760 АПЕЛАЦИОНЕН СУД, ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ, 23 МАЈ 2024 ГОДИНА. 254 00:18:14,360 --> 00:18:19,040 Серија работи што се прифатени, а не требало да бидат, 255 00:18:19,200 --> 00:18:21,000 најдобро го докажуваат фактот 256 00:18:22,840 --> 00:18:26,600 дека тука важело правилото "осуда по секоја цена" 257 00:18:27,400 --> 00:18:30,200 поради верувањето дека навистина е фатен сторителот. 258 00:18:30,880 --> 00:18:34,400 Се што ни останува, како што рече мојот колега Знамиец, 259 00:18:35,320 --> 00:18:36,440 е да бидеме театрални. 260 00:18:37,600 --> 00:18:40,000 Бидејќи ова е претстава, а не истрага. 261 00:18:40,160 --> 00:18:44,360 Секој има улога во оваа претстава. Да се држиме до нашите улоги. 262 00:18:44,520 --> 00:18:45,440 АДВОКАТОТ НА МАЈКАТА НА КАТАРЖИНА ЗОВАДА 263 00:18:45,600 --> 00:18:49,280 Чесен суде, би сакал да ја пренесам оваа порака и до медиумите. 264 00:18:50,600 --> 00:18:54,920 Драги медиуми, држете се до вашата улога. 265 00:18:55,760 --> 00:18:58,720 За време на судењето обвинителот Крупински стана, 266 00:18:58,880 --> 00:19:02,320 покажа со прст кон Михал, кој седеше до мене, 267 00:19:02,480 --> 00:19:05,760 и рече: "Не е онака што ви изгледа, г. Фуја." 268 00:19:05,920 --> 00:19:08,800 Можам да им кажам на г. Фуја и на присутниот новинар, 269 00:19:09,760 --> 00:19:14,160 со кои можеби манипулирал, во што нема да навлегувам... 270 00:19:15,000 --> 00:19:17,080 Но, чесен суде, 271 00:19:17,240 --> 00:19:20,520 со ублажување на обвинувањата и манипулациите, 272 00:19:22,080 --> 00:19:23,960 и покрај доставените докази, 273 00:19:25,600 --> 00:19:29,560 сакаа да создадат впечаток на суров обвинител, 274 00:19:30,840 --> 00:19:32,840 суров полицаец 275 00:19:33,880 --> 00:19:36,360 и сурово спроведување на законот. 276 00:19:36,520 --> 00:19:39,000 Одбраната посвети големо внимание 277 00:19:39,160 --> 00:19:41,920 на детекторот за лаги. Не го сметаше за веродостоен 278 00:19:42,080 --> 00:19:44,240 и сакаше да го обезвредни. 279 00:19:44,400 --> 00:19:46,440 Во најстресната ситуација, 280 00:19:47,520 --> 00:19:50,920 бидејќи апсењето е навистина стресно, 281 00:19:52,640 --> 00:19:55,840 принудувате лице да направи тест на детектор за лаги и тоа навечер. 282 00:19:56,000 --> 00:19:58,200 Па кој прави така? 283 00:19:59,000 --> 00:19:59,920 Кој? 284 00:20:01,720 --> 00:20:03,240 Чесен суде, таков тест 285 00:20:04,320 --> 00:20:07,920 во никој случај не може да биде веродостоен и објективен. 286 00:20:08,080 --> 00:20:12,560 Имено, начинот и методологијата според кои е спроведен овој тест 287 00:20:12,720 --> 00:20:15,600 ги кршат сите правила на професијата. 288 00:20:15,760 --> 00:20:18,080 Обвинителот требаше да го изнесе својот завршен збор. 289 00:20:18,240 --> 00:20:23,480 Обвинителот Крупински стана и рече дека тестот е правилно извршен 290 00:20:23,640 --> 00:20:25,040 и дека има докази за тоа 291 00:20:25,200 --> 00:20:27,840 во форма на снимка од тестот. 292 00:20:28,000 --> 00:20:30,000 Ни пушти исечок. 293 00:20:30,160 --> 00:20:32,080 Она што го видовме... 294 00:20:33,000 --> 00:20:36,960 Се согласивте на тестот. 295 00:20:37,400 --> 00:20:42,400 Ќе ви дадам изјава со која се согласувате 296 00:20:42,960 --> 00:20:47,960 да одговарате само на прашања поврзани со убиството на Катаржина З. 297 00:20:48,680 --> 00:20:54,560 Потоа ќе ве прашам дали се согласувате овој тест 298 00:20:54,720 --> 00:20:59,120 да се сними со видеокамера. 299 00:20:59,280 --> 00:21:03,280 За потоа да немаме никакви проблеми со ниедна страна. 300 00:21:03,440 --> 00:21:07,880 Ќе се дистанцираме од тоа дека сум ви предложил нешто, сум ве малтретирал, 301 00:21:08,040 --> 00:21:12,400 сум ви одбил пауза или да одите во тоалет итн. 302 00:21:12,560 --> 00:21:14,680 Бев само во тоалет... 303 00:21:15,240 --> 00:21:19,920 Се снимаме, во ред? -Правете што сакате. 304 00:21:35,560 --> 00:21:37,280 Добровечер. - Добровечер. 305 00:21:38,720 --> 00:21:39,880 Бјенкунски. -Фуја. 306 00:21:40,040 --> 00:21:43,000 Се имаме запознато, не се сеќавате? 307 00:21:44,160 --> 00:21:45,320 Навистина? Можеби. 308 00:21:45,480 --> 00:21:50,040 Се сметате себеси за најголемиот експерт во Полска 309 00:21:50,200 --> 00:21:52,080 за овој уред? 310 00:21:52,240 --> 00:21:53,160 ПОЛИГРАФИСТ 311 00:21:53,320 --> 00:21:56,360 Ме викаат само за најсериозните случаи 312 00:21:56,520 --> 00:21:59,440 покриени од националните медиуми. 313 00:21:59,600 --> 00:22:04,080 Точно е дека лице што се подложува на тестот мора да биде предупредено 314 00:22:04,240 --> 00:22:06,200 и тоа пред самиот тест, 315 00:22:08,560 --> 00:22:10,440 да одговора со "да" или "не"? 316 00:22:10,600 --> 00:22:14,400 Тоа е дел од тактиката на истражителот. Тоа е негова одлука. 317 00:22:14,560 --> 00:22:17,200 Но Врховниот суд не го препорачува тоа. 318 00:22:17,360 --> 00:22:19,400 Важно е да се наведат фактите. 319 00:22:19,560 --> 00:22:22,960 "Господине, тестот е опционален. Се согласувате или не?" 320 00:22:23,120 --> 00:22:26,400 "Можете да го прекинете тестот во секое време." 321 00:22:26,560 --> 00:22:28,920 Така комуницира експертот. 322 00:22:29,080 --> 00:22:32,120 Сметате на тоа дека уредот може да биде измамен? 323 00:22:33,040 --> 00:22:35,080 Не, немам што да кријам! 324 00:22:36,240 --> 00:22:39,400 Имено... 325 00:22:39,560 --> 00:22:43,640 Секогаш им го претставувам тоа на луѓето вака: 326 00:22:43,800 --> 00:22:47,000 ако е поинаква вистината од она што кажале, 327 00:22:47,520 --> 00:22:51,680 им велам: "Пријателе, оди си дома". 328 00:22:51,840 --> 00:22:54,440 "Готов си на судењето." 329 00:22:54,600 --> 00:22:57,240 "Овој тест ќе открие се." 330 00:22:58,080 --> 00:23:00,960 Но вие немате никаква врска со тоа 331 00:23:01,120 --> 00:23:03,160 и затоа не треба да се грижите, нели? 332 00:23:03,320 --> 00:23:04,320 Точно? -Да. 333 00:23:04,480 --> 00:23:05,640 Во ред. 334 00:23:05,800 --> 00:23:10,280 Дали е тоа совет или притисок некој да се изложи на тестот? 335 00:23:10,440 --> 00:23:13,720 Сакате да ме ставите на столбот на срамот. -Не, но... 336 00:23:13,880 --> 00:23:17,320 Зарем јас сум виновен што човекот седна и дозволи... 337 00:23:17,480 --> 00:23:22,880 Мојата улога е... Се согласи со тоа. Јасно му ги објаснија неговите права. 338 00:23:23,040 --> 00:23:26,560 Кога дознавте дека Роберт прима психијатриска терапија? 339 00:23:26,720 --> 00:23:30,160 Односно дека зема лекови за шизофренија? 340 00:23:32,120 --> 00:23:37,800 Кога? Па, секако дознав пред самиот тест. 341 00:23:38,360 --> 00:23:43,040 Претходно? Во интервјуа рековте дека ментална болест е контраиндикација. 342 00:23:43,200 --> 00:23:46,240 Ментална болест. 343 00:23:47,760 --> 00:23:50,960 Во проценката што ја прочитав 344 00:23:51,960 --> 00:23:55,480 не знаев дека му е дијагностицирана ментална болест. 345 00:23:55,640 --> 00:23:58,120 Па дијагностицирана му е шизофренија во 1992 година. 346 00:23:59,280 --> 00:24:01,720 Не знам дали пишуваше... 347 00:24:03,000 --> 00:24:07,320 Можеби има некаков психолошки дефект, 348 00:24:07,800 --> 00:24:13,600 но ништо конкретно не беше наведено. 349 00:24:13,760 --> 00:24:18,160 Требало да знаете дали се работи за ментална болест или за нешто полесно. 350 00:24:18,320 --> 00:24:22,800 Ако пишувало "ментално болен" 351 00:24:23,400 --> 00:24:25,880 не би го направил тестот. 352 00:24:26,880 --> 00:24:30,520 Дали ова значи дека обвинителот не му ги дал тие информации на вештакот? 353 00:24:32,760 --> 00:24:33,800 Вештакот веќе тестирал 354 00:24:33,960 --> 00:24:37,680 други лица поврзани со овој случај. 355 00:24:37,840 --> 00:24:39,080 Можеби неколку десетици од нив. 356 00:24:39,600 --> 00:24:43,280 Кога го испрашувале детективот што го ангажирала мајката, 357 00:24:44,400 --> 00:24:46,160 испливаа одредени тајни. 358 00:24:46,320 --> 00:24:50,320 Потоа го тестиравте директорот на училиштето во кое учел Роберт 359 00:24:50,480 --> 00:24:53,120 и се покажа дека можеби криел нешто. 360 00:24:53,280 --> 00:24:55,400 Не можевте да ја исклучите неговата вмешаност. 361 00:24:55,560 --> 00:24:59,120 "Јацек знае одредени работи 362 00:24:59,760 --> 00:25:03,160 за околностите на убиството и луѓето поврзани со него." 363 00:25:03,320 --> 00:25:06,000 "Што се однесува на Збигњев, многу е веројатно 364 00:25:06,160 --> 00:25:09,040 дека знае нешто." 365 00:25:09,200 --> 00:25:10,520 "Тоа важи и за Конрад." 366 00:25:10,680 --> 00:25:13,320 "И за Гжегож, исто така." 367 00:25:13,480 --> 00:25:15,000 "Можеби е вмешан." 368 00:25:15,160 --> 00:25:17,320 "Истото важи и за Лешек." 369 00:25:17,480 --> 00:25:19,720 Секој што се сретнал со г. Биенкунски 370 00:25:19,880 --> 00:25:21,280 очигледно криел нешто. 371 00:25:21,440 --> 00:25:22,920 Подобро да не се тестираш. 372 00:25:23,680 --> 00:25:27,040 Ако сум донел такви заклучоци, 373 00:25:27,200 --> 00:25:31,760 тоа значи дека овие луѓе донекаде 374 00:25:31,920 --> 00:25:35,360 и во одредена фаза од тоа злосторство 375 00:25:35,520 --> 00:25:39,680 можеби знаеле нешто, но одбиле да кажат. 376 00:25:45,120 --> 00:25:48,160 Имаше многу лица од интерес во овој случај. 377 00:25:48,320 --> 00:25:52,120 Еден човек беше обвинет од неговите колеги. 378 00:25:54,960 --> 00:25:58,200 Според дојавата, еден истражувач наводно имал 379 00:25:58,360 --> 00:26:02,000 женски прст во тегла, меѓу бројни едукативни примероци. 380 00:26:06,080 --> 00:26:07,840 Добил судска покана. 381 00:26:08,800 --> 00:26:10,840 Бил пречекан од тимот за нерешени случаи. 382 00:26:13,200 --> 00:26:16,000 Се согласил да направи тест на детектор за лаги. 383 00:26:17,200 --> 00:26:21,760 Во лабораторијата имало многу мостри од ткива и го опишувал потеклото. 384 00:26:25,000 --> 00:26:29,000 Набрзо докажале дека прстот воопшто не припаѓал на жена. 385 00:26:31,280 --> 00:26:35,520 Се сеќавате ли на тој истражувач на ткива од Јагелонскиот универзитет? 386 00:26:35,680 --> 00:26:39,600 Да, но не му го памтам лицето. -И него го тестиравте. 387 00:26:39,760 --> 00:26:41,440 Врз основа на тестови за врвна напнатост, 388 00:26:41,600 --> 00:26:44,880 таа личност се плашеше да каже што знае 389 00:26:45,040 --> 00:26:47,320 за неговата вмешаност во убиството. 390 00:26:54,800 --> 00:26:56,080 Го изгубил разумот. 391 00:26:56,240 --> 00:26:58,760 Тоа го скршило и физички и психички. 392 00:27:00,440 --> 00:27:04,240 Не знаел што го чека ниту зошто се вмешал во случајот. 393 00:27:05,760 --> 00:27:10,000 Обвинителството наложило полицијата да го извести универзитетот 394 00:27:10,560 --> 00:27:12,640 за тоа дека тој човек 395 00:27:12,800 --> 00:27:15,440 е во епицентарот на долгогодишна истрага за убиство. 396 00:27:21,960 --> 00:27:24,840 На 8 септември 2018 година, 397 00:27:25,000 --> 00:27:29,400 ни два и пол месеца откако овие мерки стапија на сила, 398 00:27:29,560 --> 00:27:32,920 човекот веќе не можел да го издржи притисокот и се самоубил. 399 00:27:35,800 --> 00:27:39,000 Се покажа дека е невин. 400 00:27:39,160 --> 00:27:41,600 Кој вели така? -Обвинителот. 401 00:27:41,760 --> 00:27:44,240 Бил наклеветен од поранешни познати 402 00:27:44,400 --> 00:27:46,440 и немал никаква врска со случајот. 403 00:27:49,760 --> 00:27:51,480 Тоа не е се. 404 00:27:51,640 --> 00:27:54,680 Сето тоа се случило половина година по апсењето на Роберт. 405 00:27:54,840 --> 00:27:58,160 Значи, во времето кога Обвинителството не убедуваше 406 00:27:58,320 --> 00:28:02,080 дека е апсолутно сигурно дека Роберт е убиецот. 407 00:28:03,480 --> 00:28:07,800 АПЕЛАЦИОНЕН СУД, 27 ЈУНИ 2024 ГОДИНА 408 00:28:13,800 --> 00:28:16,560 Се сеќавам дека седев во судницата 409 00:28:16,720 --> 00:28:18,960 и нетрпеливо ја чекав пресудата. 410 00:28:20,800 --> 00:28:24,160 Но пред крај на судењето, се случи уште еден пресврт. 411 00:28:24,320 --> 00:28:27,480 Судот одлучи повторно да ја отвори жалбената постапка 412 00:28:27,640 --> 00:28:31,480 со спроведување дополнителна постапка. Поточно, јавно испрашување 413 00:28:31,640 --> 00:28:35,760 на оние лица што дотогаш имаа статус на анонимни сведоци. 414 00:28:35,920 --> 00:28:36,840 ИСТРАЖУВАЧКИ НОВИНАР 415 00:28:37,000 --> 00:28:41,120 Доказите од анонимни сведоци се толку важни и клучни 416 00:28:41,280 --> 00:28:46,600 што секое сомневање всушност целосно би ја нарушило пресудата 417 00:28:46,760 --> 00:28:50,560 и судењето би требало да се повтори. 418 00:28:52,320 --> 00:28:53,240 АДВОКАТОТ НА ЈАНЧЕВСКИ 419 00:28:53,400 --> 00:28:55,800 Не знаевме што кажале сведоците. 420 00:28:58,880 --> 00:29:04,520 Добивавме транскрипти без содржина. 421 00:29:07,200 --> 00:29:09,000 Два значајни анонимни сведока, 422 00:29:09,160 --> 00:29:14,840 броеви 2.2018 и 4.2018. 423 00:29:15,000 --> 00:29:18,680 Се покажа дека двата анонимни сведока се жени, 424 00:29:19,320 --> 00:29:21,200 поранешни сосетки на Роберт. 425 00:29:26,480 --> 00:29:27,760 РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СВЕДОШТВАТА 426 00:29:27,920 --> 00:29:29,880 Моето дете е болно, може ли да бидеме брзи? 427 00:29:30,480 --> 00:29:34,440 Дали сведокот ја препознава жената што ја видела со обвинетиот 428 00:29:34,600 --> 00:29:37,560 на една од фотографиите на таблата? 429 00:29:37,720 --> 00:29:38,840 Дојдете поблиску, молам. 430 00:29:43,760 --> 00:29:44,800 Тоа е таа. 431 00:29:46,080 --> 00:29:50,480 Една есенска вечер во 1998 година 432 00:29:51,000 --> 00:29:54,600 една мајка и ќерка засекогаш ќе ја запомнат. 433 00:29:54,760 --> 00:29:57,480 Потоа двете истрчале 434 00:29:57,640 --> 00:29:59,920 на скалите на станбената зграда 435 00:30:00,080 --> 00:30:02,880 каде што живеат, на катот што го делеле 436 00:30:03,040 --> 00:30:06,240 со станот на Роберт Јанчевски. 437 00:30:06,400 --> 00:30:10,080 Необичен маж, наводно опасен. 438 00:30:10,240 --> 00:30:13,960 Сосетките никогаш претходно не го виделе со девојка. 439 00:30:14,120 --> 00:30:18,360 Мајката и ќерката виделе две лица како се качуваат по скалите. 440 00:30:19,960 --> 00:30:23,760 Едното лице било обвинетиот, Роберт Јанчевски, 441 00:30:24,760 --> 00:30:26,240 а другото девојка. 442 00:30:28,120 --> 00:30:32,120 Имаше качулка на главата и русата коса и ѕиркаше оттука. 443 00:30:32,920 --> 00:30:37,160 Бев во основно училиште кога мајка ми виде слика од таа жена 444 00:30:37,320 --> 00:30:40,360 во некоја емисија за исчезнати луѓе. 445 00:30:41,560 --> 00:30:46,560 Жената на телевизија исто така имаше бледо лице и руса коса. 446 00:30:47,040 --> 00:30:48,120 Бледо лице. 447 00:30:48,560 --> 00:30:50,720 Идентификувана е врз основа на тоа. 448 00:30:51,840 --> 00:30:53,320 Страшно е да си блед. 449 00:30:54,360 --> 00:30:58,960 Имено, сведокот во тоа време имал шест или седум години. 450 00:30:59,320 --> 00:31:02,240 Ова, секако, не ја исклучува можноста за паметење, 451 00:31:03,080 --> 00:31:06,240 но кон ова мора да се пристапи со претпазливост. 452 00:31:06,400 --> 00:31:09,040 Едноставно имав добра меморија како дете. 453 00:31:10,480 --> 00:31:11,480 И... 454 00:31:12,960 --> 00:31:18,000 Се сеќавате што носевте вие и вашата мајка 455 00:31:18,760 --> 00:31:21,600 кога ги видовте на скалите? 456 00:31:32,680 --> 00:31:36,560 Мора да бидеме свесни дека човечката меморија е несигурна. 457 00:31:36,720 --> 00:31:38,720 Тоа е процес. 458 00:31:38,880 --> 00:31:40,080 ПРЕТСТАВНИК НА ХКЧП 459 00:31:40,240 --> 00:31:44,400 Секојпат кога ќе се сетам на нешто, можеби малку ќе го променам. 460 00:31:44,840 --> 00:31:47,800 Мит е дека човековата меморија е како камера 461 00:31:49,000 --> 00:31:50,840 што објективно евидентира се. 462 00:31:51,240 --> 00:31:54,880 Рековте дека била за половина глава повисока од Јанчевски. 463 00:31:55,520 --> 00:31:58,280 Јас сум го кажала тоа? -Стои во записникот. 464 00:31:59,040 --> 00:32:00,880 Можеби згрешил некој. 465 00:32:01,040 --> 00:32:04,840 Сведокот Ева била посетена од полицајци. 466 00:32:05,000 --> 00:32:06,160 Дошле "на кафе". 467 00:32:07,280 --> 00:32:11,120 Дошле да разговараат за Роберт, убиецот. Нималку суптилно. 468 00:32:11,280 --> 00:32:15,720 Им било дадено на знаење дека Роберт е убиецот, а тие жртви. 469 00:32:15,880 --> 00:32:19,240 Така се спроведуваат истрагите во нашата земја? 470 00:32:19,400 --> 00:32:23,560 Пред официјалното испрашување на сведокот пиете кафе со него? 471 00:32:23,720 --> 00:32:25,960 И им се зборува за истрагата? 472 00:32:26,120 --> 00:32:29,880 Имено, проблемот со овој случај не е прашањето 473 00:32:30,840 --> 00:32:34,040 дали ја препознале Катаржина Зовада на сликите. 474 00:32:34,200 --> 00:32:36,480 Туку фактот дека, пред испрашувањето, 475 00:32:37,800 --> 00:32:42,160 полицијата ги посетила и разговарала со нив. 476 00:32:42,320 --> 00:32:45,200 И, секако, имале можност 477 00:32:45,360 --> 00:32:50,000 да гледаат слики од Катаржина Зовада објавени во медиумите. 478 00:32:52,440 --> 00:32:54,720 Не знам дали станува збор токму за таа жена, 479 00:32:54,880 --> 00:32:57,200 но беше со жена. 480 00:32:58,960 --> 00:33:00,000 Не сум сигурна. 481 00:33:00,160 --> 00:33:03,520 Нешто се кажува и запишува, и така настанува проблем. 482 00:33:03,880 --> 00:33:06,840 Будна сум веќе 24 часа. 483 00:33:07,480 --> 00:33:08,400 Уморна сум. 484 00:33:09,040 --> 00:33:12,400 Сведокот Ева рече: 485 00:33:13,680 --> 00:33:17,560 "Жалам што го сретнав обвинетиот на скалите, 486 00:33:17,720 --> 00:33:20,880 затоа што инаку не би морала да поминувам низ ова." 487 00:33:21,280 --> 00:33:24,520 Тоа е најискрената изјава 488 00:33:24,680 --> 00:33:27,840 во врска со нејзиното сведочење. 489 00:33:29,480 --> 00:33:34,120 Една не била сигурна. Значи, автоматски се паѓа во вода. 490 00:33:35,040 --> 00:33:38,040 Другата била повеќе или помалку сигурна. 491 00:33:38,200 --> 00:33:41,160 Рекла: "Да, мора да е така." 492 00:33:41,600 --> 00:33:43,480 Ја видов и другата страна на нејзиното лице. 493 00:33:44,120 --> 00:33:45,960 Одговараше на лицето на фотографијата. 494 00:33:46,120 --> 00:33:49,800 Сигурна сум дека тогаш се држеа за раце. 495 00:33:49,960 --> 00:33:52,680 Сигурна сте и денес? 496 00:33:53,640 --> 00:33:57,440 Чесен суде, уште колку пати ќе ме прашате? 497 00:33:57,600 --> 00:34:00,640 Како што може судот да види сега, 498 00:34:01,440 --> 00:34:05,880 сведоштвата на ниедно ниво на темелна проценка не држат вода. 499 00:34:06,520 --> 00:34:08,320 Кога станува збор за случаи 500 00:34:08,480 --> 00:34:12,120 во кои има толку многу сериозни сомнежи, 501 00:34:12,880 --> 00:34:16,080 мора да бидеме многу внимателни да не толкуваме 502 00:34:16,239 --> 00:34:20,920 докази во согласност со теорија изнесена однапред. 503 00:34:24,280 --> 00:34:28,520 Дали сте биле на скалите со девојката? 504 00:34:29,800 --> 00:34:30,719 Да. 505 00:34:31,679 --> 00:34:33,080 Да? -Да. 506 00:34:35,920 --> 00:34:40,719 Но не со онаа за чие убиство бев осомничен, 507 00:34:41,440 --> 00:34:45,320 како што рекоа анонимните сведоци. 508 00:34:45,480 --> 00:34:50,440 Две лица подоцна рекоа дека ме виделе со Катаржина Зовада. 509 00:34:50,600 --> 00:34:53,120 Со кого бевте на скалите? 510 00:34:53,280 --> 00:34:58,240 Со една личност. Нема да кажам сега која. 511 00:35:03,360 --> 00:35:06,680 Ако се покажеше дека Роберт... 512 00:35:08,000 --> 00:35:10,720 е виновен, тоа ќе беше 513 00:35:10,880 --> 00:35:11,800 ПСИХИЈАТАРОТ НА ЈАНЧЕВСКИ 514 00:35:11,960 --> 00:35:13,000 Голем пораз за мене. Да. 515 00:35:13,720 --> 00:35:17,160 Професионален пораз. 516 00:35:17,960 --> 00:35:21,520 Терапевтот мора да го познава својот пациент. 517 00:35:21,680 --> 00:35:23,960 Тоа не би ми бил прв пораз во животот. 518 00:35:26,800 --> 00:35:30,320 Ако е виновен, тоа значи дека сум му дозволил да ме измами двапати. 519 00:35:30,960 --> 00:35:33,320 Тоа би било крај на мојата кариера 520 00:35:33,480 --> 00:35:35,960 затоа што двата пати сум згрешил. 521 00:35:36,120 --> 00:35:37,040 НОВИНАР 522 00:35:40,080 --> 00:35:41,720 Нека дојде обвинетиот. 523 00:35:44,760 --> 00:35:47,440 Чесен суде, и јас би сакал да кажам нешто. 524 00:35:57,840 --> 00:36:00,440 Смеам ли? Чесен суде, 525 00:36:01,240 --> 00:36:03,040 се викам Роберт Јанчевски. 526 00:36:03,720 --> 00:36:05,040 Не сум "Ќурчијата". 527 00:36:06,000 --> 00:36:07,280 Не сум "Ѕверот". 528 00:36:08,480 --> 00:36:09,720 Не сум чудовиште. 529 00:36:10,600 --> 00:36:11,840 Не убив никого. 530 00:36:12,560 --> 00:36:14,040 Не повредив никого. 531 00:36:14,880 --> 00:36:17,640 Јас сум човек и граѓанин на оваа земја, 532 00:36:17,800 --> 00:36:22,240 кому органите за спроведување на законот четвртина век 533 00:36:22,400 --> 00:36:24,960 се обидуваат да му пришијат убиство. 534 00:36:25,120 --> 00:36:28,040 Се обраќам директно до судот 535 00:36:28,440 --> 00:36:32,240 бидејќи ова е мојата последна шанса да добијам правда. 536 00:36:32,400 --> 00:36:35,800 Полицајците директно ми кажа дека знаат оти сум убиец. 537 00:36:36,960 --> 00:36:39,560 Колку повеќе го негирав тоа, 538 00:36:39,720 --> 00:36:44,320 комесарот Михалек повеќе инсистираше да се дистанцирам од злосторството. 539 00:36:44,880 --> 00:36:47,160 Додека дишам, ќе ја зборувам вистината. 540 00:36:47,320 --> 00:36:49,360 Не ја убив Катаржина Зовада. 541 00:36:49,520 --> 00:36:51,720 "Не ја убив" значи дека не сум ја убил. 542 00:36:52,800 --> 00:36:54,960 Спротивно на теоријата на комесарот Михалек, 543 00:36:55,120 --> 00:36:58,080 зборовите "не ја убив" не се траг на душата 544 00:36:58,240 --> 00:36:59,960 по извршено злосторството, 545 00:37:00,120 --> 00:37:01,800 туку зборови на очај. 546 00:37:02,400 --> 00:37:06,920 Имено, тоа е вресок на сиот глас: верувајте ми, не го направив тоа. 547 00:37:08,360 --> 00:37:10,120 Седум години сум зад решетки. 548 00:37:11,520 --> 00:37:13,760 Седум години чист пекол. 549 00:37:14,560 --> 00:37:16,440 Секој ден се будам со надеж 550 00:37:16,600 --> 00:37:19,760 дека ќе дојде денот кога кошмарот ќе заврши. 551 00:37:20,360 --> 00:37:22,960 Денес мојата судбина е во рацете на судот. 552 00:37:23,720 --> 00:37:25,800 Барам да ме ослободите. 553 00:37:25,960 --> 00:37:29,560 Ниту една друга пресуда не би била праведна. 554 00:37:30,680 --> 00:37:35,400 ПРЕСУДА НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД, 31 ОКТОМВРИ 2024 ГОДИНА. 555 00:38:07,280 --> 00:38:10,800 Смилувај ни се нам и на целиот свет. 556 00:38:10,960 --> 00:38:13,200 Поради Неговата тажна мака, 557 00:38:13,360 --> 00:38:16,320 смилувај ни се нам и на целиот свет. 558 00:38:16,960 --> 00:38:18,720 Поради Неговото тажно страдање... 559 00:38:31,840 --> 00:38:35,440 Продолжуваме кон изрекување на казната. 560 00:38:35,600 --> 00:38:38,240 Затоа, сакам да ве замолам сите 561 00:38:38,400 --> 00:38:39,960 да станете. 562 00:38:42,360 --> 00:38:45,080 Пресуда во име на Република Полска. 563 00:38:45,240 --> 00:38:48,520 На 21 октомври 2024 година, 564 00:38:50,360 --> 00:38:54,120 Апелациониот суд во Краков, согласно со член 414, 565 00:38:54,280 --> 00:38:57,160 став 1 од Законот за кривичната постапка, 566 00:38:58,480 --> 00:39:02,960 во врска со член 17, став 1, точка 1 од Законот за кривичната постапка, 567 00:39:07,600 --> 00:39:10,200 го ослободува обвинетиот Роберт Јанчевски 568 00:39:10,360 --> 00:39:14,520 од обвиненијата во обвинителниот акт. 569 00:39:18,040 --> 00:39:20,280 Пресудата е правно обврзувачка 570 00:39:20,440 --> 00:39:24,520 и обвинетиот сега е слободен човек. 571 00:39:42,520 --> 00:39:46,560 Седум години верував во овој случај. 572 00:39:47,920 --> 00:39:51,760 Не се предадов на честопати контрадикторното јавно мислење, 573 00:39:51,920 --> 00:39:54,600 на системот и судот. 574 00:39:56,160 --> 00:39:59,920 По седум години почувствував дека дојде крај на системот на неправда. 575 00:40:05,040 --> 00:40:08,200 Судот го ослободи Роберт Јанчевски. 576 00:40:09,280 --> 00:40:12,720 Криво ви е што помина толку години во затвор? 577 00:40:12,880 --> 00:40:16,520 Може да се чувствувате крив ако правите програми што се сугестивни 578 00:40:16,680 --> 00:40:19,440 и, би можело да се каже, инспирирани од одбраната. 579 00:40:19,600 --> 00:40:20,560 Ви благодарам многу. 580 00:40:23,120 --> 00:40:25,680 Системот не е лош, но има луѓе 581 00:40:25,840 --> 00:40:28,560 што се однесуваат на одреден начин од одредени причини. 582 00:40:28,720 --> 00:40:31,840 На начин да осудат некого по секоја цена. 583 00:40:33,200 --> 00:40:35,560 Па полицијата нема да дојде кај мене 584 00:40:35,720 --> 00:40:39,440 или кај некој од нас и да каже: "Ти си убиец." 585 00:40:39,600 --> 00:40:42,880 Постојат многу причини зошто не сме добри жртви. 586 00:40:43,400 --> 00:40:45,400 Добрата жртва е беспомошна. 587 00:40:54,200 --> 00:40:55,800 Добро утро. - Добро утро. 588 00:40:55,960 --> 00:40:59,480 Врзете се, во ред? -Секако. 589 00:41:08,120 --> 00:41:10,120 Како сте, г. Роберт? 590 00:41:11,600 --> 00:41:13,640 Дали сте свесни за моментот? -Да. 591 00:41:14,240 --> 00:41:15,600 Ние се уште не сме. 592 00:41:16,520 --> 00:41:19,440 Се извинувам. -Само полека. 593 00:41:20,120 --> 00:41:21,440 Влечам. -Имаме време. 594 00:41:26,880 --> 00:41:31,400 Од една страна чувствував дека ќе издржите, 595 00:41:32,040 --> 00:41:35,760 ама од друга навистина се плашев за вас, тоа е парадоксално. 596 00:41:37,480 --> 00:41:40,240 Ви благодарам што сте толку чесен човек. 597 00:41:40,960 --> 00:41:41,880 Навистина. 598 00:41:43,520 --> 00:41:46,560 Ви ветив дека нема да ве оставам и не го направив тоа. 599 00:41:46,720 --> 00:41:47,960 Се сеќавате? -Да. 600 00:41:48,520 --> 00:41:50,560 Си го повторував тоа многу пати. 601 00:41:51,640 --> 00:41:52,960 "Не си сам." 602 00:41:53,120 --> 00:41:55,360 "Ќе ве извлечам, само издржете." 603 00:42:02,880 --> 00:42:05,480 Ќе го паметам ова до крајот на животот. 604 00:42:05,640 --> 00:42:10,360 Се сеќавам кога се сретнавме со мајката на Роберт. 605 00:42:10,520 --> 00:42:14,000 Ви благодарам со сето мое срце, навистина. 606 00:42:14,160 --> 00:42:16,880 Не мора да ми се заблагодарувате. 607 00:42:17,040 --> 00:42:19,320 Слушајте, ќе бидете тука накратко. 608 00:42:19,480 --> 00:42:23,320 Морам да се погрижам за некои формалности и ќе разговараме на мира. 609 00:42:23,480 --> 00:42:25,720 Чекајте, во ред? - Секако. 610 00:42:37,720 --> 00:42:44,120 Сфатив дека ова е најубавото нешто во врска со мојата работа. 611 00:42:45,160 --> 00:42:47,520 Не само што работата е интересна, 612 00:42:48,320 --> 00:42:50,560 право и правни спорови, 613 00:42:52,280 --> 00:42:53,280 туку... 614 00:42:54,640 --> 00:42:57,520 Мислам дека можам да направам нешто добро. 615 00:42:58,440 --> 00:43:01,280 Во него го видов доброто. Едноставно го видов. 616 00:43:08,920 --> 00:43:12,360 Скромна цел за Роберт би била да преживее. 617 00:43:12,520 --> 00:43:15,280 Постепено да успее повторно да застане на нозе. 618 00:43:15,440 --> 00:43:17,680 Повторно да почувствува надеж. 619 00:43:17,840 --> 00:43:22,120 Да го врати чувството дека се уште има влијание врз својот живот. 620 00:43:27,000 --> 00:43:27,920 Благодарам. 621 00:43:30,560 --> 00:43:32,360 Среќно! Се слушаме. 622 00:43:33,680 --> 00:43:36,560 Ако г. Михалек бара траги на душата, 623 00:43:37,000 --> 00:43:39,600 мислам дека оваа истрага 624 00:43:40,600 --> 00:43:44,440 и штетата нанесена на Роберт во вид на седумгодишен притвор 625 00:43:45,880 --> 00:43:48,640 оставија траен белег на неговата душа. 626 00:43:51,520 --> 00:43:53,440 Сега знаеме кој не е сторителот. 627 00:43:54,280 --> 00:43:57,320 Но она што треба да не загрижи 628 00:43:57,480 --> 00:44:01,640 е, значи, тоа што вистинскиот сторител е се уште на слобода. 629 00:44:04,520 --> 00:44:06,520 Нешто се уште ме мачи. 630 00:44:06,680 --> 00:44:09,160 Се соочив со тоа на почетокот на истрагата. 631 00:44:09,320 --> 00:44:13,600 Експертскиот извештај од 2007 година. Оддел за судска медицина 632 00:44:13,760 --> 00:44:15,600 на Универзитетот во Краков. 633 00:44:15,760 --> 00:44:19,480 "Катаржина З. претрпела сериозни повреди на повеќе органи, 634 00:44:19,640 --> 00:44:22,320 веројатно од удар со возило или од пад од височина." 635 00:44:24,360 --> 00:44:30,000 Во декември 1997 година Катаржина се обидела да се самоубие. 636 00:44:30,560 --> 00:44:34,480 Повеќе од два часа седела на браната во Домбје, 637 00:44:35,320 --> 00:44:38,480 каде што една година потоа се пронајдени нејзините останки. 638 00:44:38,640 --> 00:44:41,280 Размислувала да скокне во Висла. 639 00:44:41,440 --> 00:44:45,720 Не може да се исклучи дека сторителот го нашол нејзиното тело, 640 00:44:46,280 --> 00:44:49,840 му ја одрал кожата и ја фрлил во Висла. 641 00:44:51,360 --> 00:44:53,360 Тоа е проблемот со овој случај. 642 00:44:53,920 --> 00:44:56,880 Поради лошо спроведената истрага 643 00:44:57,040 --> 00:44:58,760 никогаш нема да знаеме што се случило. 644 00:44:58,920 --> 00:45:03,240 Понатаму, се покажа дека невин човек 645 00:45:03,400 --> 00:45:06,520 бил угнетуван дури 25 години. 646 00:45:07,880 --> 00:45:11,800 Не се согласувам со осудувањето на луѓе на доживотен затвор 647 00:45:11,960 --> 00:45:14,200 ако нема докази за нивната вина. 648 00:45:14,360 --> 00:45:17,240 Не треба да го одобруваме тоа како општество, 649 00:45:17,400 --> 00:45:19,560 особено не како новинари. 650 00:45:19,720 --> 00:45:22,600 Затоа сме тука, да ги надгледуваме оние што имаат моќ. 651 00:45:22,760 --> 00:45:26,240 Не само политичарите туку и полицијата и обвинителите. 652 00:45:36,880 --> 00:45:39,440 Сонувам. 653 00:45:39,600 --> 00:45:41,920 дека ќе сретнам некого во животот. 654 00:45:45,240 --> 00:45:46,760 Личност што ќе ми... 655 00:45:49,960 --> 00:45:51,640 подари... 656 00:45:54,800 --> 00:45:56,280 сончев зрак... 657 00:45:57,800 --> 00:45:59,800 со својата насмевка. 658 00:46:09,000 --> 00:46:15,080 Личност за која би можел да се грижам додека дишам. 659 00:46:19,080 --> 00:46:23,240 Ги изгубив тие 25 години, знаете? 660 00:46:23,400 --> 00:46:28,560 Имав планови за мојот живот. Имав 35 години! 661 00:46:29,560 --> 00:46:31,560 Сега имам 60. Дали е тоа моја вина? 662 00:46:32,880 --> 00:46:34,040 Чија е тогаш? 663 00:46:50,240 --> 00:46:53,400 ОБВИНИТЕЛОТ ПЈОТР КРУПИНСКИ И ИСЛЕДНИКОТ БОГДАН МИХАЛЕЦ 664 00:46:53,560 --> 00:46:55,440 ОДБИЈА ДА УЧЕСТВУВААТ ВО СЕРИЈАТА. 665 00:46:55,600 --> 00:46:58,760 ВКУПНИТЕ ФИНАНСИСКИ ТРОШОЦИ ЗА 25-ГОДИШНАТА ИСТРАГА 666 00:46:58,920 --> 00:47:00,400 СE УШТЕ СЕ НЕПОЗНАТИ. 667 00:47:01,480 --> 00:47:03,400 МЕДИЈАТРАНСЛЕЈШНС