1 00:01:17,840 --> 00:01:20,720 ЗАВЕДУВАЊЕ 2 00:01:27,760 --> 00:01:28,680 Влезете. 3 00:01:35,840 --> 00:01:37,400 Го сретнав прекрасното момче. 4 00:01:38,400 --> 00:01:42,320 Мило ми е што ја зачувавте својата убава привлечност. 5 00:01:43,800 --> 00:01:44,920 Го примивте моето писмо? 6 00:01:46,400 --> 00:01:47,320 Да. 7 00:01:47,479 --> 00:01:52,640 Утре ќе бидам во Версај, каде што ќе се одлучува за вашата судбина. 8 00:01:52,800 --> 00:01:55,479 Ќе одите со вашиот мил Жаркор? 9 00:01:58,039 --> 00:01:59,560 Само глумев. 10 00:02:02,840 --> 00:02:06,840 Жаркор и Кастелет веќе ја обезбедиле одлуката на кралот. 11 00:02:07,760 --> 00:02:11,320 Ќе ви ги одземат титулата и имотот. 12 00:02:11,480 --> 00:02:14,000 Ако е последниот чин веќе познат, 13 00:02:15,640 --> 00:02:17,400 претставата ќе биде просечна. 14 00:02:18,400 --> 00:02:20,800 Иако во неа вашата улога на ненадеен сведок 15 00:02:20,960 --> 00:02:23,120 и совршен предавник ви прилега добро. 16 00:02:25,520 --> 00:02:28,960 Изабел, сакам да ви помогнам. Земете ги овие. 17 00:02:29,800 --> 00:02:33,880 Пари? На тоа се сведе нашето убаво пријателство? 18 00:02:38,160 --> 00:02:40,280 Морате да ми верувате. 19 00:02:40,520 --> 00:02:42,440 Отпатувајте во Лондон што побрзо. 20 00:02:43,600 --> 00:02:46,120 Но зошто? -Ќе одам во Версај. 21 00:02:46,960 --> 00:02:50,240 Тоа е невозможно. -Морам да можам да се бранам. 22 00:02:50,720 --> 00:02:53,760 Досега сфативте дека не треба да ме потценувате. 23 00:02:54,280 --> 00:02:57,280 Продолжете така. -Отпатувајте во Лондон уште денеска. 24 00:02:58,280 --> 00:03:00,760 Имам мили пријатели кои ќе... 25 00:03:03,240 --> 00:03:05,760 "Леди Изабел..." 26 00:03:10,640 --> 00:03:12,480 Ова ви е за сместување таму. 27 00:03:17,520 --> 00:03:19,880 Кога би требало да ви ги вратам? -Никогаш. 28 00:03:21,240 --> 00:03:22,200 Слободна сте. 29 00:03:23,520 --> 00:03:24,760 Благодарам. 30 00:03:28,320 --> 00:03:29,280 Госпоѓо. 31 00:03:45,760 --> 00:03:46,840 Гладна сум како волк. 32 00:04:01,120 --> 00:04:02,720 Дојде г-ѓа Де Воланж, госпоѓо. 33 00:04:03,280 --> 00:04:06,880 Во придружба на судски службеник. -Во ред. Нека влезат. 34 00:04:07,040 --> 00:04:09,880 Но не дошле да ве посетат. 35 00:04:17,720 --> 00:04:18,640 Добар ден. 36 00:04:19,640 --> 00:04:20,560 Госпоѓо. 37 00:04:21,519 --> 00:04:23,920 Не сакав да ве попречувам во оброкот. 38 00:04:25,480 --> 00:04:28,080 Г-ѓо маркизо, повелете. 39 00:04:31,160 --> 00:04:33,520 Што правите? -Инвентар. 40 00:04:34,920 --> 00:04:36,960 Знаете колку го сакав брат ми. 41 00:04:37,120 --> 00:04:40,200 Овој дворец ме потсетува на него. 42 00:04:40,840 --> 00:04:44,440 Па ќе сфатите дека не можам да дозволам да ја опустошите куќава 43 00:04:44,600 --> 00:04:46,840 пред да ја напуштите засекогаш. 44 00:04:47,000 --> 00:04:51,720 Јас сум маркизата Де Мертеи и ќе умрам како маркизата Де Мертеи. 45 00:04:51,880 --> 00:04:53,440 Ќе умрете како курва. 46 00:04:53,600 --> 00:04:56,200 Како што сте родена и како што сте живееле. 47 00:04:57,400 --> 00:05:01,480 Како мојата Сесил, моето нежно дете, можеше да падне под ваше влијание? 48 00:05:02,040 --> 00:05:06,880 Грофот Де Жаркор ќе ве разоткрие пред нашиот добар Крал. 49 00:05:07,280 --> 00:05:10,560 Никогаш не сте биле омажена за маркизот Де Мертеи. 50 00:05:11,160 --> 00:05:14,080 Само ги искористивте добрината и великодушноста 51 00:05:14,840 --> 00:05:16,200 на еден старец. 52 00:05:16,360 --> 00:05:20,680 Брат ви беше стар перверзник кој ме третираше како парче месо. 53 00:05:22,080 --> 00:05:27,360 Бев омажена и го заслужувам дури и секој ноќен сад во овој дворец. 54 00:05:34,880 --> 00:05:36,520 Луда сте... 55 00:05:43,159 --> 00:05:44,400 Продолжете. 56 00:05:59,920 --> 00:06:00,880 Госпоѓо? 57 00:06:03,880 --> 00:06:05,040 Дојдов да се простиме. 58 00:06:05,640 --> 00:06:07,120 Слушнав, ќе одите во Версај. 59 00:06:07,960 --> 00:06:11,080 Да се простите или можеби да разговарате за Сесил? 60 00:06:12,040 --> 00:06:14,360 Не е со мајка и ни со маркизата Де Мертеи, 61 00:06:14,760 --> 00:06:16,160 која не сака да ме прими. 62 00:06:16,960 --> 00:06:18,560 Ако знаете каде е, ве молам... 63 00:06:19,520 --> 00:06:20,440 Камо да знаев. 64 00:06:22,000 --> 00:06:23,280 Жал ми е, 65 00:06:23,960 --> 00:06:25,360 не можам да ви помогнам. 66 00:06:28,160 --> 00:06:29,400 Не разбирам. 67 00:06:32,320 --> 00:06:34,600 Слушнав маркизата Де Мертеи е во неволја. 68 00:06:35,520 --> 00:06:36,520 Можев да помогнам. 69 00:06:37,360 --> 00:06:39,000 Таа избра друг пат. 70 00:06:42,040 --> 00:06:43,440 Но како и вие, 71 00:06:44,880 --> 00:06:46,800 имам горчлив вкус во устата. 72 00:06:50,440 --> 00:06:51,960 Мислев дека е моја. 73 00:06:55,560 --> 00:06:58,400 Изабел врие од гнев 74 00:06:58,560 --> 00:07:00,480 и нема да умре без борба. 75 00:07:03,480 --> 00:07:06,480 Лицето ви е прекриено со меланхолија. 76 00:07:09,520 --> 00:07:12,080 Одете, момче. 77 00:07:12,960 --> 00:07:14,320 Госпоѓо, ви забранувам. 78 00:07:15,000 --> 00:07:17,080 Вие мене? -Да, ви забранувам. 79 00:07:17,880 --> 00:07:20,640 забранувам да не се гледате како што ве гледам. 80 00:07:22,720 --> 00:07:23,640 Погледнете се. 81 00:07:32,680 --> 00:07:33,600 Оваа жена... 82 00:07:34,880 --> 00:07:36,280 Создадена е за каење? 83 00:07:43,440 --> 00:07:46,560 Да ве чуе Сесил како слободно разговарате со мене... 84 00:07:48,159 --> 00:07:50,080 Би се гордеела со вас. 85 00:08:20,880 --> 00:08:23,000 Извинете... 86 00:08:25,400 --> 00:08:27,400 Госпоѓо, се чувствувам... -Доста! 87 00:08:34,320 --> 00:08:35,880 Извинете, госпоѓо. 88 00:08:36,039 --> 00:08:38,080 Мислам на Сесил... -Не е овде. 89 00:08:41,120 --> 00:08:42,400 Знаете ли каде е? 90 00:08:42,880 --> 00:08:45,200 Знам се за животот на внук ми. 91 00:08:56,400 --> 00:08:57,440 Излезете. 92 00:09:31,160 --> 00:09:33,080 Подгответе ми ги коњите, излегувам. 93 00:09:33,640 --> 00:09:34,640 Да, госпоѓо. 94 00:09:42,520 --> 00:09:44,640 Драги виконту, морав итно да ве видам. 95 00:09:44,800 --> 00:09:46,400 Ве молам дојдете во Версај. 96 00:09:46,840 --> 00:09:47,760 Виконту... 97 00:09:48,960 --> 00:09:52,400 Жал ми е што доаѓам ненајавено... 98 00:09:52,560 --> 00:09:54,720 Драг виконту, како сте? 99 00:09:54,880 --> 00:09:56,600 Во многу тешка ситуација сум. 100 00:09:56,760 --> 00:09:59,480 Уништена сум, понижена, разорена. 101 00:09:59,640 --> 00:10:00,600 Драги виконту... 102 00:10:03,080 --> 00:10:04,600 Мојот живот е во ваши раце. 103 00:10:04,760 --> 00:10:07,320 Ве молам дојдете со мене во Версај. 104 00:10:09,440 --> 00:10:11,760 Поради вашето присуство ќе ме сослушаат. 105 00:10:34,160 --> 00:10:36,560 Добар ден, Сесил. -Госпоѓо. 106 00:10:46,320 --> 00:10:48,680 Имав страшен разговор со тетка ви. 107 00:10:48,840 --> 00:10:49,880 Знам. 108 00:10:50,920 --> 00:10:54,080 Има право, сама во Версај не би можела ништо. 109 00:10:58,720 --> 00:11:00,080 Да одиме заедно. 110 00:11:00,640 --> 00:11:02,640 Би ги изгубила титулата и имотот. 111 00:11:02,800 --> 00:11:04,960 Би умрел за да не ве замислам на улица. 112 00:11:05,640 --> 00:11:06,880 Сакате да ми помогнете? 113 00:11:07,720 --> 00:11:11,400 Да го преколнувам кралот за мојот и животот на мојата пријателка? 114 00:11:11,560 --> 00:11:13,360 Не по цена на мојот углед. 115 00:11:13,800 --> 00:11:14,720 Никако. 116 00:11:15,360 --> 00:11:17,840 Маж сте, и тоа виконт. 117 00:11:19,480 --> 00:11:21,240 Кралот сигурно ќе ве ислуша. 118 00:11:21,400 --> 00:11:22,320 Не. 119 00:11:23,000 --> 00:11:25,440 Имам среќа што сум роден како маж, виконт 120 00:11:25,920 --> 00:11:28,800 и внук на мојата мила тетка што ме чува како ангел. 121 00:11:29,280 --> 00:11:30,840 Мене ќе ме поштедат. 122 00:11:31,480 --> 00:11:33,760 Вашата позиција е поделикатна. 123 00:11:37,840 --> 00:11:39,280 Би сакал да ви помогнам. 124 00:11:40,640 --> 00:11:41,560 Но како? 125 00:11:49,560 --> 00:11:50,560 Ве знам, виконту. 126 00:11:51,200 --> 00:11:54,720 Сега сме сами, престанете да глумите, кажете јасно што сакате. 127 00:11:55,400 --> 00:11:56,320 Се. 128 00:11:58,200 --> 00:11:59,200 Вас. 129 00:12:00,240 --> 00:12:01,160 Вашата рака. 130 00:12:06,040 --> 00:12:07,440 Иронично, но така е. 131 00:12:07,880 --> 00:12:09,560 Вашиот спас ќе дојде од Црквата. 132 00:12:10,200 --> 00:12:14,280 Поточно, од еден мој пријател, кардинал, кој ми должи услуга. 133 00:12:15,280 --> 00:12:16,880 Тој може да не венча пак. 134 00:12:17,480 --> 00:12:19,440 Тоа би го поништило нашиот прв брак. 135 00:12:20,160 --> 00:12:22,360 Ни кралот не би се спротивставил на тоа. 136 00:12:23,080 --> 00:12:25,600 Нема да клекнам да ви ја побарам раката. 137 00:12:25,960 --> 00:12:28,000 Двајцата знаеме дека сте веќе моја. 138 00:12:34,280 --> 00:12:36,280 Со бракот, би ви се подала втор пат. 139 00:12:40,760 --> 00:12:42,920 Прикладен крај на нашата приказна. 140 00:12:44,080 --> 00:12:45,760 И веќе почнав да го пишувам. 141 00:12:46,360 --> 00:12:47,680 Ме интересира што мислите. 142 00:12:59,440 --> 00:13:00,920 Тоа е вашата приказна? 143 00:13:01,800 --> 00:13:05,680 "Спремна да се омажи за мажот за кој вели дека е совршен и возвишен, 144 00:13:05,840 --> 00:13:09,320 хероината вели дека е вљубена додека гори од страст и срам..." 145 00:13:09,480 --> 00:13:10,520 Малку е дотерано. 146 00:13:10,680 --> 00:13:13,600 Литературата ја менува реалноста во нешто најубаво, 147 00:13:14,240 --> 00:13:15,760 нешто поинтересно. 148 00:13:17,240 --> 00:13:18,240 Внимавајте! 149 00:13:19,200 --> 00:13:20,120 Валмон. 150 00:13:25,600 --> 00:13:27,000 Витезу, престанете. 151 00:13:27,160 --> 00:13:29,920 Сега уште повеќе сакам да го застрелам гадот. 152 00:13:30,200 --> 00:13:31,160 Дајте го оружјето. 153 00:13:32,360 --> 00:13:33,280 Витезу... 154 00:13:34,280 --> 00:13:36,720 Не знам каква улога игравте во мојот јад... 155 00:13:36,880 --> 00:13:38,360 Јас треба да платам за ова. 156 00:13:40,440 --> 00:13:43,200 Ја пуштив Сесил да ја заврши обуката. 157 00:13:44,640 --> 00:13:45,720 Сега е слободна жена. 158 00:13:46,960 --> 00:13:48,240 Нема од што да се срами. 159 00:13:49,200 --> 00:13:51,280 Особено пред будала како вас. 160 00:14:01,440 --> 00:14:02,360 Пукајте. 161 00:14:07,120 --> 00:14:08,560 Ајде, пукајте. 162 00:14:10,760 --> 00:14:11,680 Пукајте! 163 00:14:13,640 --> 00:14:14,920 Изабел. 164 00:14:15,080 --> 00:14:16,960 Дај го пиштолот. -Не, госпоѓице. 165 00:14:22,080 --> 00:14:23,120 Сесил, ве љубам. 166 00:14:24,560 --> 00:14:25,480 Тоа е се што имам. 167 00:14:27,840 --> 00:14:28,920 На почеток мислев... 168 00:14:30,760 --> 00:14:34,760 Да ве љубам значи да ве прифатам каква што сте, не мојата визија... 169 00:14:36,440 --> 00:14:40,800 Да не ве поседувам, да ве следам, да ве љубам колку што можам. 170 00:14:42,720 --> 00:14:45,600 Да не припаѓам никому и да уживам во тоа... 171 00:14:46,280 --> 00:14:48,200 Да бидам слободен како вас. 172 00:14:49,320 --> 00:14:51,240 За да ме љубите. 173 00:14:53,720 --> 00:14:54,640 Но не. 174 00:14:55,920 --> 00:14:57,240 Нормално дека не, г-це... 175 00:14:58,440 --> 00:14:59,920 Разумот ми вели да мислам така. 176 00:15:00,080 --> 00:15:03,160 Телото ми вреска дека начинот на кој ве љубам е искрен. 177 00:15:03,920 --> 00:15:04,840 И здрав. 178 00:15:05,000 --> 00:15:06,160 И убав. 179 00:15:13,160 --> 00:15:16,080 Па зошто се чувствувам толку осамено и изгубено? 180 00:15:24,200 --> 00:15:25,120 Витезу... 181 00:16:00,600 --> 00:16:02,080 Што ако Дансени има право? 182 00:16:02,960 --> 00:16:03,880 Тој будала? 183 00:16:04,040 --> 00:16:06,880 Будалата е сега овде со таа што ја љуби и го љуби. 184 00:16:10,040 --> 00:16:11,200 Толку ве плаши тоа? 185 00:16:12,520 --> 00:16:13,440 Што? 186 00:16:17,320 --> 00:16:18,480 Не ме слушате. 187 00:16:23,240 --> 00:16:24,160 Дојдете. 188 00:16:42,160 --> 00:16:43,120 Ова е мојот живот. 189 00:16:43,760 --> 00:16:44,920 И вашиот. 190 00:16:47,800 --> 00:16:48,960 Ви покажувам кој сум. 191 00:16:53,720 --> 00:16:56,320 А ова? -Прочитајте ги, ве молам. 192 00:16:57,200 --> 00:16:58,320 Немам што да кријам. 193 00:17:02,160 --> 00:17:04,240 Одам. Задржете се колку што сакате. 194 00:17:10,359 --> 00:17:12,920 Ме уверувате дека сте станале друг маж? 195 00:17:17,200 --> 00:17:18,280 Заведував жени, 196 00:17:18,440 --> 00:17:20,800 сопруги на најголеми моќници во кралството. 197 00:17:21,920 --> 00:17:24,640 Овде има доволно за стопати да ме усмртат. 198 00:17:25,960 --> 00:17:27,640 Моето невнимание ве чуди? 199 00:17:28,640 --> 00:17:29,560 Видете, 200 00:17:30,400 --> 00:17:31,680 направивте будала од мене. 201 00:17:33,120 --> 00:17:36,480 Бев улога уште кога дојдовте да ме запознаете. 202 00:17:37,280 --> 00:17:39,920 Вистина не гледате разлика меѓу она што бев 203 00:17:40,560 --> 00:17:42,480 и ова што сум сега поради вас? 204 00:17:55,200 --> 00:17:56,480 Што правите? 205 00:17:58,160 --> 00:17:59,640 Сакам да ви го згреам срцето. 206 00:18:15,280 --> 00:18:16,400 Не е предоцна. 207 00:18:20,880 --> 00:18:23,480 Треба да верувате дека и јас може да се сменам. 208 00:18:57,920 --> 00:18:58,840 Остани вечерва. 209 00:19:02,600 --> 00:19:03,520 Омажи се за мене. 210 00:19:07,680 --> 00:19:08,800 Ќе се омажам. 211 00:20:56,200 --> 00:20:57,120 Сесил? 212 00:21:02,480 --> 00:21:03,400 Добро сте? 213 00:21:10,760 --> 00:21:12,680 Што се случи меѓу вас и Валмон? 214 00:21:15,440 --> 00:21:16,960 Ќе ми кажете? 215 00:21:17,560 --> 00:21:20,760 Ве молам. -Не лажете, ја сакам вистината. 216 00:21:22,080 --> 00:21:23,360 Колку пати спиевте со него? 217 00:21:25,440 --> 00:21:26,400 Колку пати? 218 00:24:18,320 --> 00:24:19,400 "Драга тето, 219 00:24:20,760 --> 00:24:22,560 играта е при крај 220 00:24:23,880 --> 00:24:25,480 и јас победив. 221 00:24:27,800 --> 00:24:29,600 Вечерва Изабел ќе дојде, 222 00:24:30,400 --> 00:24:32,120 утре ќе се омажи за мене. 223 00:24:35,920 --> 00:24:37,280 Нема друг избор... 224 00:24:41,600 --> 00:24:42,960 Изабел изгуби, 225 00:24:43,440 --> 00:24:45,040 но беше нужно за да сме среќни 226 00:24:47,680 --> 00:24:48,760 да ја спасам. 227 00:24:50,160 --> 00:24:52,720 Конечно да ги изустам зборовите што ги голтав: 228 00:24:54,520 --> 00:24:55,480 ја љубам. 229 00:25:21,680 --> 00:25:23,520 Пак ќе плаќам... 230 00:25:29,000 --> 00:25:30,080 За што зборуваш? 231 00:25:31,560 --> 00:25:32,480 Ова писмо... 232 00:25:33,760 --> 00:25:37,000 Го напишавте за неа? За својата тетка? Или за мене? 233 00:25:37,800 --> 00:25:41,840 За да ја потврдите венчавката која воедно ќе биде, над се, 234 00:25:43,520 --> 00:25:44,640 ваша совршена победа? 235 00:25:48,080 --> 00:25:50,520 Знаевте дека ќе дојдам. 236 00:25:52,600 --> 00:25:54,720 Знаевте дека ми требате. 237 00:25:55,960 --> 00:25:59,960 Подготвивте смртоносен удар. Сосема е разбирливо... 238 00:26:02,840 --> 00:26:04,720 Ве претворив во чудовиште... 239 00:26:15,520 --> 00:26:17,120 Заминувам, пријателе. 240 00:26:21,040 --> 00:26:22,800 Морам да одам во Версај. 241 00:26:52,040 --> 00:26:54,520 "Драги Валмон, мој голем Валмон, 242 00:26:55,360 --> 00:26:56,560 мој довека. 243 00:26:59,640 --> 00:27:03,320 Претходно го имав видено Версај само на неколку бледи гравури. 244 00:27:03,800 --> 00:27:05,760 Но морав да ги задржам емоциите. 245 00:27:27,040 --> 00:27:29,280 Вие и тетка ви ми ветивте се најлошо. 246 00:27:32,000 --> 00:27:33,560 Состојбата ми беше безнадежна, 247 00:27:33,960 --> 00:27:35,560 влошена од мојата надменост. 248 00:27:36,200 --> 00:27:37,720 Но не се плашев. 249 00:27:56,560 --> 00:27:59,280 Уживав во последните чекори како слободна жена. 250 00:28:09,200 --> 00:28:11,480 Но се осмелив да го погледнам в очи најголемиот од сите кралеви." 251 00:28:17,160 --> 00:28:18,320 Ваше Височество. 252 00:28:27,600 --> 00:28:31,840 "Требаше да одам на бесилка, сигурна во својата вечност. 253 00:28:32,920 --> 00:28:34,960 А мажот пред мене беше само маж, 254 00:28:35,640 --> 00:28:36,920 ист како сите други. 255 00:28:41,160 --> 00:28:42,280 Таму беше тетка ви, 256 00:28:42,880 --> 00:28:46,240 во злокобната улога што воопшто не и прилегаше. 257 00:28:49,360 --> 00:28:51,800 Таа ме научи никогаш да не го отворам срцето. 258 00:29:00,920 --> 00:29:02,920 Без неа немаше да станам ова што сум. 259 00:29:12,440 --> 00:29:14,040 На тој величествен бал на натрапници, 260 00:29:15,760 --> 00:29:17,320 совршено се вклопив. 261 00:29:29,400 --> 00:29:32,800 И го облеков, можеби за последен пат, 262 00:29:33,360 --> 00:29:35,840 својот костим на маркизата Де Мертеи, 263 00:29:36,000 --> 00:29:39,720 жена вљубена во големиот воин во служба на кралството 264 00:29:39,880 --> 00:29:42,280 и неговото влијание преку Атлантикот." 265 00:30:09,960 --> 00:30:13,200 Г-ѓо, препознавам во вас доблести кои ми се посебно мили. 266 00:30:14,800 --> 00:30:18,480 Храброст, без која никогаш не би се осмелиле да дојдете овде, 267 00:30:19,080 --> 00:30:20,440 во Версај. 268 00:30:21,560 --> 00:30:22,600 Страст, 269 00:30:23,840 --> 00:30:24,760 таа груба сила, 270 00:30:25,440 --> 00:30:28,320 која, во служба на праведна и благородна цел, 271 00:30:29,280 --> 00:30:34,080 вибрира толку што вдахновува и ги разоткрива и најтажните души. 272 00:30:36,760 --> 00:30:37,960 И конечно... 273 00:30:39,560 --> 00:30:40,760 И над се... 274 00:30:47,520 --> 00:30:50,080 Во вас ја гледам најграциозната доблест. 275 00:30:57,040 --> 00:30:57,960 Искреност. 276 00:31:01,880 --> 00:31:03,160 Фала што ми дојдовте, 277 00:31:04,400 --> 00:31:07,320 г-ѓо маркизо, Изабел де Мертеи. 278 00:31:31,920 --> 00:31:35,200 "Љубен мој, сакам да ти напишам дека во тој момент 279 00:31:35,360 --> 00:31:37,920 знаев дека станав клучна во кралството, 280 00:31:38,080 --> 00:31:40,520 си ја зачував титулата уверувајќи го кралот 281 00:31:40,680 --> 00:31:44,680 да ме направи рамна со своите министри, инструмент на неговата волја. 282 00:31:50,960 --> 00:31:53,320 Но она што го видов во очите на тој маж, 283 00:31:54,440 --> 00:31:56,440 крал по милоста Божја, 284 00:31:57,360 --> 00:31:59,840 ми изгледаше многу попознато. 285 00:32:04,080 --> 00:32:05,280 Принц или роб, 286 00:32:06,360 --> 00:32:08,560 сите мажи се исти по прашање на желбата. 287 00:32:10,960 --> 00:32:13,840 Утредента еден слуга ми објасни, 288 00:32:14,000 --> 00:32:16,640 извнредно сурово и прецизно, 289 00:32:17,200 --> 00:32:19,160 каква улога би требало да добијам. 290 00:32:23,000 --> 00:32:25,400 Како прва куртизана на Неговото Височество, 291 00:32:25,960 --> 00:32:28,080 ќе морам да научам се за него: 292 00:32:29,480 --> 00:32:32,760 Неговите мали навики, како и големите апетити. 293 00:32:37,240 --> 00:32:38,840 На кралот веќе нема да му биде здодевно. 294 00:32:48,520 --> 00:32:49,680 Љубен мој, 295 00:32:52,480 --> 00:32:56,480 секогаш одново размислувам за ноќта што ја минавме заедно." 296 00:35:51,800 --> 00:35:55,560 "Љубен мој, би сакала да ти пишам и колку ми недостигаш. 297 00:35:56,360 --> 00:35:58,320 Но ќе ти кажам и ќе повторам, 298 00:35:59,040 --> 00:36:01,120 во писмата кои веќе не можеш да ги читаш, 299 00:36:02,040 --> 00:36:04,320 дека се заколнав на целосна искреност." 300 00:36:29,360 --> 00:36:32,440 "Искрено, твојата смрт ме исполнува колку што ме јаде. 301 00:36:34,200 --> 00:36:36,480 Вака веќе никогаш нема да ме издадеш." 302 00:38:47,280 --> 00:38:48,200 "Љубен мој, 303 00:38:49,000 --> 00:38:51,480 од нас двајцата, јас бев позлобна 304 00:38:52,680 --> 00:38:54,080 и тоа ми одговара, 305 00:38:55,160 --> 00:38:58,080 зашто ми ја дава силата потребна за да преживеам. 306 00:39:01,680 --> 00:39:03,200 Засекогаш без милост. 307 00:39:06,840 --> 00:39:08,280 И засекогаш непробојна." 308 00:39:27,280 --> 00:39:30,520 МЕДИЈАТРАНСЛЕЈШНС