1 00:01:03,897 --> 00:01:05,941 Радосна вест, лорд Ормунд. 2 00:01:07,150 --> 00:01:10,779 Војната заврши, твоите сојузници се распрснаа, а твоите внуци избегаа. 3 00:01:10,904 --> 00:01:14,116 Има нова кралица и таа седи на тронот на татко ѝ. 4 00:01:15,450 --> 00:01:16,952 Слушнавме гласини за ова. 5 00:01:18,245 --> 00:01:21,039 Иако, по пат, гласините се ројат како муви. 6 00:01:21,164 --> 00:01:24,126 Кралицата ти понуди милост, а и на твојата војска. 7 00:01:25,002 --> 00:01:27,254 Свиткај колено и заколни се на верност 8 00:01:27,379 --> 00:01:32,009 и можеш да се вратиш во Олдтаун и да си го живееш животот во мир. 9 00:01:32,134 --> 00:01:34,219 Имаш некаков доказ за тоа што го тврдиш? 10 00:01:34,344 --> 00:01:38,973 Или треба да верувам во доверливоста и праведноста на одметнатиот принц? 11 00:01:39,098 --> 00:01:42,185 Верувал или не, наскоро ќе ја дознаеш вистината. 12 00:01:42,686 --> 00:01:45,314 Чичко ти Ото го дозна тоа неодамна, 13 00:01:45,814 --> 00:01:48,275 а и стражата на Хајтауер набрзо по него. 14 00:01:50,360 --> 00:01:52,404 А ако сакам да се борам? 15 00:01:52,529 --> 00:01:54,156 Тоа изгледа доволно очигледно. 16 00:01:54,281 --> 00:01:57,200 Нема потреба да се оцрнува пријатноста на оваа средба. 17 00:02:00,037 --> 00:02:01,330 Но морам да кажам... 18 00:02:02,164 --> 00:02:04,291 Мислам дека Улф би уживал 19 00:02:04,416 --> 00:02:07,085 да се смести во твоите одаи во Хајтауер. 20 00:02:07,210 --> 00:02:09,880 Сакаш да бидеш господар на Олдтаун, Улф? 21 00:02:18,221 --> 00:02:19,806 Не ми останува друг избор. 22 00:02:21,308 --> 00:02:23,393 Што е до мене, би се спротивставил. 23 00:02:24,311 --> 00:02:26,938 Но, треба да размислувам за животот на другите. 24 00:02:27,981 --> 00:02:30,275 И затоа, во интерес на мирот... 25 00:02:32,235 --> 00:02:34,446 Ќе се предадам. -Прекрасно. 26 00:02:46,833 --> 00:02:48,668 Јас, Ормунд Хајтауер, 27 00:02:49,211 --> 00:02:53,340 ветувам дека ќе ѝ бидам верен на Ренира Таргеријан, кралицата. 28 00:02:53,965 --> 00:02:55,384 Се колнам на верност кон неа. 29 00:02:55,509 --> 00:02:59,262 Мудро избра, иако неволно, лорд Ормунд. 30 00:02:59,388 --> 00:03:02,683 А сега сврти се и води ја војската дома и ќе бидете поштедени. 31 00:03:15,112 --> 00:03:16,947 Нашата кампања заврши. 32 00:03:18,323 --> 00:03:20,534 Се враќаме по Роузроуд кон дома. 33 00:03:25,247 --> 00:03:27,332 Речиси заборавив. 34 00:03:28,917 --> 00:03:30,127 Твојот штитеник... 35 00:03:31,253 --> 00:03:32,963 Дерон Таргеријан. 36 00:03:33,088 --> 00:03:34,548 Ќе дојде со мене. 37 00:03:38,385 --> 00:03:39,886 Ќе го земеш како заложник? 38 00:03:40,011 --> 00:03:42,597 Би било превид да се дозволи еден од наследниците на Егон 39 00:03:42,723 --> 00:03:45,517 да се шета низ Рич со својот змеј. 40 00:03:45,642 --> 00:03:49,187 Добро ќе се однесуваме со него, како што би се однесувале со секој син на Висерис. 41 00:03:49,938 --> 00:03:51,773 Сѐ додека се однесуваш добро. 42 00:04:24,723 --> 00:04:26,349 Биди храбар, млад принцу. 43 00:04:43,241 --> 00:04:44,367 Мило ми е, внучко. 44 00:04:45,911 --> 00:04:46,912 Оди дома. 45 00:06:28,221 --> 00:06:32,350 КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ 46 00:06:50,201 --> 00:06:52,871 Воздухот е исполнет со духови. 47 00:06:58,960 --> 00:07:00,128 Не со несреќни. 48 00:07:00,253 --> 00:07:02,839 Се гледам себеси како дете, како доаѓам... 49 00:07:04,674 --> 00:07:06,509 да му отсвирам мелодија што ја научив. 50 00:07:09,512 --> 00:07:10,972 Тогаш беше силен. 51 00:07:12,974 --> 00:07:14,225 И мајка ми... 52 00:07:20,899 --> 00:07:22,359 Лорд Ормунд се предаде. 53 00:07:24,027 --> 00:07:25,862 Го имаме твојот мал принц. 54 00:07:26,613 --> 00:07:28,949 Иако сѐ уште велам дека требаше сите да ги изгориме. 55 00:07:32,243 --> 00:07:34,913 Морам да ја оправдам довербата на татко ми во мене. 56 00:07:37,207 --> 00:07:39,626 Да владеам како што тој би сакал. 57 00:07:43,463 --> 00:07:45,173 Во секој случај, мора да почнеме. 58 00:07:52,722 --> 00:07:55,183 Колку побрзо бидам формално крунисана, толку подобро. 59 00:07:55,683 --> 00:07:58,311 Иако подготовките не се мала работа. 60 00:07:58,812 --> 00:08:01,606 Да се сместат и нахранат сите кои мора да присуствуваат, да... 61 00:08:03,024 --> 00:08:06,027 организираат турнири, големата поворка. 62 00:08:09,739 --> 00:08:12,492 Дерон Таргеријан, Ваша Висост. 63 00:08:17,622 --> 00:08:18,665 Не сме се сретнале. 64 00:08:19,707 --> 00:08:23,211 Јас сум твоја полусестра и избрана наследничка на нашиот татко. 65 00:08:24,254 --> 00:08:27,340 Леташе во служба на твојот брат, узурпаторот. 66 00:08:27,465 --> 00:08:28,717 Што имаш да кажеш? 67 00:08:31,136 --> 00:08:35,390 Отвори уста и зборувај со твојата кралица. -Ти си затвореник во оваа куќа. 68 00:08:36,057 --> 00:08:39,852 Ќе бидеш третиран во зависност од твоето однесување и твојата послушност. 69 00:08:39,977 --> 00:08:40,979 Погледни ме. 70 00:08:41,813 --> 00:08:46,192 Сакам да знам што знаел Ормунд за заговорот да ми го одземе тронот. 71 00:08:48,361 --> 00:08:51,156 Што е со Ејмонд, или Егон? 72 00:08:52,240 --> 00:08:53,825 Што знаеш за нивните постапки? 73 00:08:58,413 --> 00:09:00,790 Како сакаш. Затворете го во одаја. 74 00:09:02,333 --> 00:09:03,585 Паѓа! 75 00:09:08,757 --> 00:09:11,885 Помлад е одошто мислев. 76 00:09:12,010 --> 00:09:15,972 Тој е претендент за тронот. Ќе мора да го убиеш. 77 00:09:16,097 --> 00:09:19,142 ...беше Таиланд Ланистер. Тој не ми се довери. 78 00:09:19,267 --> 00:09:21,394 Знам дека зборуваше за поделба на златото 79 00:09:21,519 --> 00:09:23,480 и да го прати надвор од градот на безбедно. 80 00:09:23,605 --> 00:09:25,231 Какво злато? -Се чини, Ваша Висост, 81 00:09:25,356 --> 00:09:27,859 богатството на круната е земено. -Земено? 82 00:09:27,984 --> 00:09:29,527 Твојата ризница е исцрпена. 83 00:09:29,652 --> 00:09:32,197 Има доволно за да го одржиш дворот недела-две. 84 00:09:32,322 --> 00:09:35,241 Малку подолго ако го вратиш златото од Драгонстон. 85 00:09:35,366 --> 00:09:37,410 Но, да управуваш со сите Седум Кралства... 86 00:09:37,535 --> 00:09:40,163 Не. А моето крунисување? 87 00:09:40,288 --> 00:09:43,290 Мора да знаеш нешто. -Малку ми кажаа. 88 00:09:43,415 --> 00:09:46,878 Можеби затоа што малку ми веруваа. -Му веруваш, лорд Корлис? 89 00:09:47,003 --> 00:09:49,631 Не верувам дека знае каде е златото. 90 00:09:49,756 --> 00:09:53,468 И мислам дека можам да намирисам лага. -Никој не те праша. 91 00:09:54,719 --> 00:09:59,349 Мојата господарка на шепотите има должност да ме советува. 92 00:09:59,474 --> 00:10:02,477 По Грлото, мора да претпоставиме дека Сер Таиланд е мртов. 93 00:10:03,186 --> 00:10:04,562 Но, сигурно некому кажал. 94 00:10:04,687 --> 00:10:06,898 Ако кажал, тоа е лорд Џаспер. 95 00:10:08,274 --> 00:10:09,400 Ајронрод. 96 00:10:11,361 --> 00:10:12,362 Оф, леле. 97 00:10:15,532 --> 00:10:17,992 Нашите околности се... 98 00:10:20,120 --> 00:10:21,371 неповолни. 99 00:10:21,496 --> 00:10:24,040 Но ова останува. Морам да имам крунисување. 100 00:10:24,749 --> 00:10:26,417 Крунисувањето на Егон беше набрзина. 101 00:10:27,544 --> 00:10:28,711 Моето мора да е соодветно 102 00:10:28,837 --> 00:10:31,256 и да не остави сомнеж во царството за тоа кој владее. 103 00:10:32,340 --> 00:10:37,178 Ми се чини, кралице, дека таквиот трошок, 104 00:10:37,303 --> 00:10:41,808 додека твојот народ сѐ уште страда, може да им остави горчлив вкус во устата. 105 00:10:42,308 --> 00:10:45,103 Тоа не е само суета. Се работи за легитимитет. 106 00:10:45,228 --> 00:10:46,688 Морнарицата на триархијата е готова 107 00:10:46,813 --> 00:10:49,274 но пиратите што преживеале, стигнале на брегот. 108 00:10:49,899 --> 00:10:51,109 Ограбуваат села. 109 00:10:51,234 --> 00:10:54,112 Земаат жени и бараат откуп што никој не може да го плати. 110 00:10:54,237 --> 00:10:56,656 И градот изобилува со тешкотии, Ваша Висост. 111 00:10:56,781 --> 00:10:58,658 Се чини дека амбарите се речиси празни, 112 00:10:58,783 --> 00:11:02,120 полињата се необработени, а сезоната на садење е далеку. 113 00:11:02,245 --> 00:11:03,830 Ако најдеме некаква трговија... 114 00:11:03,955 --> 00:11:07,083 Ќе треба време за повторно да се воспостават патиштата. 115 00:11:07,584 --> 00:11:09,419 А сега немаме доволно бродови 116 00:11:09,544 --> 00:11:11,462 за да се обезбеди стоката на отворено море. 117 00:11:11,588 --> 00:11:13,464 Во меѓувреме, мора да најдеме жито за леб 118 00:11:13,590 --> 00:11:15,091 или луѓето пак ќе гладуваат. 119 00:11:15,216 --> 00:11:19,679 Ова е бескрајна пречка, ова инсистирање луѓето да бидат нахранети. 120 00:11:19,804 --> 00:11:22,182 Но гладното население е опасно, 121 00:11:22,307 --> 00:11:24,142 како што добро знаеме јас и кралицата. 122 00:11:24,267 --> 00:11:27,228 Колку време ќе трошиме тука на ситници? 123 00:11:27,353 --> 00:11:28,438 Војната е добиена. 124 00:11:28,563 --> 00:11:30,857 Прати уште еден гавран во Кастерли Рок. 125 00:11:30,982 --> 00:11:35,278 Ако Таиланд скрил злато таму, ќе имаме одговор од лејди Џоана. 126 00:11:35,403 --> 00:11:37,989 Испрати до сите големи куќи. 127 00:11:38,114 --> 00:11:42,118 Всушност, кажи им дека нивната кралица бара данок. 128 00:11:42,619 --> 00:11:44,787 Потсети ги кој сега командува со царството. 129 00:11:44,913 --> 00:11:48,415 Нема да го донесеш твојот мал совет овде од Драгонстон? 130 00:11:49,042 --> 00:11:50,460 Има многу работа. 131 00:11:50,585 --> 00:11:55,465 Ме предадоа, со нивната тишина, ако не и на дело. Завршив со нив. 132 00:11:57,634 --> 00:11:58,801 Каде е Ејмонд? 133 00:11:59,385 --> 00:12:04,807 Го запали гарнизонот на Дејмон во Харенхал и го уби кастеланот и неговите синови. 134 00:12:05,642 --> 00:12:07,685 И потоа исчезна. 135 00:12:10,355 --> 00:12:13,483 Поминаа денови откако Вагар беше виден за последен пат. 136 00:12:14,651 --> 00:12:17,695 Таму имаше една жена, еден вид маестер. 137 00:12:17,820 --> 00:12:19,364 Не сум слушнал за неа. 138 00:12:19,489 --> 00:12:21,574 Ејмонд не би се осмелил да те предизвика тука. 139 00:12:21,699 --> 00:12:24,160 Не, но сакам да се најде. 140 00:12:24,285 --> 00:12:26,079 А и Шипстилер. 141 00:12:26,829 --> 00:12:27,830 Тие се опасностите. 142 00:12:27,956 --> 00:12:29,958 Бела нека лета како извидник. 143 00:12:30,083 --> 00:12:33,503 Нека почне со Харенхал и нека пријави кога ќе види нешто. 144 00:12:33,628 --> 00:12:37,674 Покрај тоа, ќе понудам награда за заробување на нивните јавачи. 145 00:12:37,799 --> 00:12:40,260 Изгледа немаме награда. 146 00:12:41,135 --> 00:12:42,387 Ќе најдеме нешто. 147 00:12:42,971 --> 00:12:45,515 Уште подобро, на убиецот на Ејмонд Едноокиот 148 00:12:45,640 --> 00:12:47,475 ќе му го дадам Харенхал. 149 00:12:47,600 --> 00:12:50,728 Сега немам потреба од него. Сите Риверланди се мои. 150 00:12:53,022 --> 00:12:55,775 Да. Егон ги обеси сите ловци на стаорци. 151 00:12:58,486 --> 00:13:00,655 Колку и да ми е чест што сум ваш заштитник, 152 00:13:00,780 --> 00:13:03,241 моето место е со моите луѓе во градот. 153 00:13:03,366 --> 00:13:06,244 Би ве советувал итно да назначите Краличка гарда. 154 00:13:06,369 --> 00:13:09,205 Дејмон ќе избере кандидати. Нему ќе му ја префрлам задачата. 155 00:13:09,330 --> 00:13:10,707 Кралице, еден момент. 156 00:13:10,832 --> 00:13:13,668 Се чини дека стаорците изеле голема залиха свеќи. 157 00:13:13,793 --> 00:13:17,922 Снемува лој. Ќе мора да побараме нови залихи или да седиме во темница. 158 00:13:18,047 --> 00:13:19,549 Тогаш, побарај. -Секако. 159 00:13:19,674 --> 00:13:21,884 Сѐ уште нема никој за контрола... -Се извинувам. 160 00:13:22,010 --> 00:13:25,555 Во врска со спалната соба... -Тоа е прашање за подоцна. 161 00:13:25,680 --> 00:13:28,016 Знаменосците на Хајтауер го контролираат Арбор. 162 00:13:28,141 --> 00:13:31,060 Цената на доброто вино се утрои. -Назад. 163 00:13:31,185 --> 00:13:33,521 Проблемот е во парите. -Доста, доста! 164 00:13:34,814 --> 00:13:37,900 Во наредните денови ќе има време да се разговара за маките. 165 00:13:38,818 --> 00:13:40,069 Каде е моето злато? 166 00:13:41,988 --> 00:13:44,949 Твоето злато? -Златото на круната. Ризницата. 167 00:13:45,074 --> 00:13:47,618 Не можеш да кажеш дека не знаеш. -Не сум ти од никаква помош. 168 00:13:47,744 --> 00:13:51,372 Господарот на монетите ги извади. -И кралицата не знаеше ништо за тоа? 169 00:13:51,497 --> 00:13:55,251 Ме мразеа од почеток, го мразеа моето влијание, самото мое присуство. 170 00:13:55,376 --> 00:13:58,004 Татко ми го криеше нивниот заговор од мене. -Така? 171 00:13:58,129 --> 00:14:01,674 Би те пратила кај него, но го уби без церемонија. 172 00:14:02,342 --> 00:14:03,843 Дали тоа те задоволи? 173 00:14:05,345 --> 00:14:06,637 За губењето на Џејс? 174 00:14:10,558 --> 00:14:13,811 Попрво би го убила Егон, како што се договоривме јас и мајка ти. 175 00:14:14,687 --> 00:14:15,772 Но, еве нѐ. 176 00:14:15,897 --> 00:14:19,233 Тој замина и не ми се верува дека ни ти немаше никаква врска со тоа. 177 00:14:19,359 --> 00:14:20,568 Сам си го бараше. 178 00:14:20,693 --> 00:14:24,322 Егон веќе беше избеган кога се вратив. Зар Орвајл не ти го кажа своето? 179 00:14:24,447 --> 00:14:26,199 Своето? Или твоето? 180 00:14:26,324 --> 00:14:27,992 Не ме третирај како будала. 181 00:14:28,117 --> 00:14:30,661 Ако бараш од мене да ја предвидам секоја дволична шема 182 00:14:30,787 --> 00:14:33,498 смислена од Ларис Стронг, не можам а да не потфрлам. 183 00:14:33,623 --> 00:14:37,543 Каде е Вагар? Кој го јава Шипстелер? -Не знам! 184 00:14:37,668 --> 00:14:40,463 Дали Ејмонд одлета, како што ветив? 185 00:14:40,588 --> 00:14:42,840 Дали стражарите ти дозволија да поминеш? 186 00:14:42,965 --> 00:14:45,009 Направив сѐ што можев. 187 00:14:45,134 --> 00:14:47,428 Ќе ме обвиниш за она што го направија другите? 188 00:14:47,553 --> 00:14:52,058 Вети дека можеме да одиме. Им кажавме на стражарите. Побегнавме. 189 00:14:56,938 --> 00:14:58,606 Никој не знае како изгледа. 190 00:14:59,941 --> 00:15:00,942 Егон. 191 00:15:01,692 --> 00:15:03,528 Со лузни е и изгорен е. 192 00:15:03,653 --> 00:15:05,863 Неговиот змеј е мртов. Прогласи го и него за мртов. 193 00:15:07,198 --> 00:15:09,951 Не може да се бори, а ако Ларис се обиде да го врати... 194 00:15:10,743 --> 00:15:13,704 можеш да го отфрлиш како натрапник. 195 00:15:20,086 --> 00:15:21,838 Сѐ уште се расправаш за неговиот живот. 196 00:15:24,799 --> 00:15:26,092 Го уби татко ми. 197 00:15:44,944 --> 00:15:49,949 Кога Ејмонд ќе биде пронајден... 198 00:15:51,451 --> 00:15:57,790 и кога предизвикот за мене биде отстранет, ќе одиш слободна. 199 00:15:57,915 --> 00:16:01,043 Но, дотогаш, не смеат да видат дека сум наклонета кон Хајтауерс. 200 00:16:01,711 --> 00:16:03,546 Не сакам да останам во оваа соба. 201 00:16:03,671 --> 00:16:05,506 Нема да се однесувам грубо кон тебе. 202 00:16:06,507 --> 00:16:10,094 Ќе бидеш сита и облечена и... 203 00:16:11,095 --> 00:16:13,681 И ќе имаш слугинка да се грижи за твоите потреби. 204 00:16:13,806 --> 00:16:15,933 Можеш да одиш со стража во божешумата. 205 00:16:16,058 --> 00:16:18,686 Ќе ти ја носат Џехара на еден час секои неколку дена. 206 00:16:18,811 --> 00:16:20,646 Белки не го мислиш ова, Ренира. Те молам. 207 00:16:20,771 --> 00:16:22,482 Ништо од ова не ми е задоволство. 208 00:16:25,526 --> 00:16:30,823 Значи, во позиција сум што морам да се надевам на заробување и смрт на син ми? 209 00:16:35,077 --> 00:16:36,829 Можам само да замислам. 210 00:16:38,164 --> 00:16:40,750 Сакам да се прогласи дека го откривме Егон тука, мртов. 211 00:16:42,210 --> 00:16:43,419 Паметен потег, Ваша Висост. 212 00:16:43,544 --> 00:16:45,630 И Џофри нека биде вратен од Вејл. 213 00:16:45,755 --> 00:16:48,466 Тој е следен. Сега мора да биде одгледан како мој наследник. 214 00:16:53,846 --> 00:16:57,099 Знам многу за ова место, но никогаш порано не сум го видела. 215 00:16:57,225 --> 00:16:58,684 Дали е како што си замислувала? 216 00:16:58,809 --> 00:17:01,312 Истовремено е и поголемо и помало. 217 00:17:01,437 --> 00:17:03,814 Претпоставувам дека Алисент немаше доверба 218 00:17:03,940 --> 00:17:05,858 да ти даде информации каде се наоѓа златото. 219 00:17:05,983 --> 00:17:08,361 Немаше. -А ти сепак ѝ веруваш? 220 00:17:12,406 --> 00:17:13,741 Таа е Хајтауер. 221 00:17:13,866 --> 00:17:14,867 Точно. 222 00:17:15,367 --> 00:17:18,496 Но, зар не би било лесно да помислам дека во олку голема куќа 223 00:17:18,621 --> 00:17:20,080 имало само еден стаорец? 224 00:17:22,458 --> 00:17:25,545 Многу сум вознемирена за син ѝ Дерон, кого сега го држиме како заробеник. 225 00:17:25,670 --> 00:17:26,837 Дали таа знае? 226 00:17:26,963 --> 00:17:29,090 Треба да ја имам неговата глава како предавник. 227 00:17:29,215 --> 00:17:32,385 Тој е наследник на Егон и закана за тебе. 228 00:17:32,510 --> 00:17:33,678 Тој ми е и полубрат 229 00:17:33,803 --> 00:17:36,973 и не ги извршил злосторствата што ги извршиле Егон и Ејмонд, а сепак... 230 00:17:54,240 --> 00:17:55,783 Зошто да не го убијам? 231 00:17:55,908 --> 00:18:00,162 Зошто да не го погубам како што беа погубени моите синови? 232 00:18:00,913 --> 00:18:02,456 Никој нема да те спречи. 233 00:18:03,708 --> 00:18:07,211 Има планини со кои треба да се справиме, а сѐ уште немам кому да ги доверам. 234 00:18:07,336 --> 00:18:08,838 Мојата придружничка, Елинда? 235 00:18:08,963 --> 00:18:12,049 Елинда Масеј е сега во градот, откако добро ни послужи таму. 236 00:18:12,174 --> 00:18:14,302 Да ѝ испратиме абер. И, Мисарија, 237 00:18:14,885 --> 00:18:17,054 нека се провери персоналот. 238 00:18:17,972 --> 00:18:19,515 Тивко, како што само ти можеш. 239 00:18:20,766 --> 00:18:23,894 Оние кои се држат до Хајтауер мора да бидат заменети. 240 00:18:25,938 --> 00:18:27,523 Веднаш, Ваша Висост. 241 00:18:29,150 --> 00:18:30,735 Добро утро, Ваша Висост. 242 00:18:33,821 --> 00:18:36,616 Благослов во името на Седумте кои се едно. 243 00:18:40,703 --> 00:18:43,247 Ти благодарам што брзо дојде овде. 244 00:18:44,332 --> 00:18:48,336 Многу се смени последниве неколку дена. -Турбулентни времиња се. 245 00:18:49,629 --> 00:18:53,424 Морам, засега, да се откажам од правилно и соодветно крунисување, 246 00:18:53,549 --> 00:18:56,594 но сепак сакам барем да бидам миропомазана од тебе, 247 00:18:56,719 --> 00:18:58,429 пред очите на луѓето. 248 00:19:00,473 --> 00:19:02,975 За жал, тоа не може да се направи. 249 00:19:04,810 --> 00:19:06,437 Од која причина? 250 00:19:08,314 --> 00:19:11,233 Пред неколку месеци го миропомазав брат ти, Егон... 251 00:19:12,985 --> 00:19:17,406 и го прогласив за законски крал пред боговите и луѓето. 252 00:19:17,531 --> 00:19:20,368 Да. Егон е мртов, а јас сега седам на тронот. 253 00:19:25,206 --> 00:19:26,415 Така велиш ти. 254 00:19:27,416 --> 00:19:29,669 Тврдиш дека сум лажга? 255 00:19:31,128 --> 00:19:33,005 Не ги видовме неговите останки. 256 00:19:35,007 --> 00:19:38,469 Ниту пак Тивките Сестри се повикани да се погрижат за нив. 257 00:19:40,971 --> 00:19:46,936 Разбираш дека ако имало некаква грешка... 258 00:19:47,061 --> 00:19:48,938 Немаше грешка. 259 00:19:49,063 --> 00:19:51,357 Јас сум наследничка на татко ми 260 00:19:51,482 --> 00:19:54,985 и самите богови наредуваат дека јас морам да владеам со Седумте Кралства. 261 00:19:55,111 --> 00:19:58,531 Нели мене ме одбраа, а го фрлија узурпаторот во пропаст? 262 00:19:58,656 --> 00:20:00,533 Тоа се случи. Вистина е. 263 00:20:00,658 --> 00:20:02,785 Како се случи, ако тие не сакаа? 264 00:20:05,204 --> 00:20:08,457 Змеј ми се појави кога најмногу ми требаше. 265 00:20:08,582 --> 00:20:11,669 Моите богови не се занимаваат со змејови. 266 00:20:12,545 --> 00:20:16,382 Тие се профана магија, создадена во темнина 267 00:20:16,507 --> 00:20:20,219 и гордост и похота, за моќ, за неказнивост. 268 00:20:21,011 --> 00:20:22,346 Тие уништуваат... 269 00:20:23,222 --> 00:20:24,724 но не создаваат. 270 00:20:25,391 --> 00:20:27,727 Ништо добро не може да произлезе од нив. 271 00:20:34,191 --> 00:20:36,444 Ја кажа твојата позиција исклучително јасно. 272 00:20:38,696 --> 00:20:42,908 Со почит, те советувам, немој да си создаваш непријател од Верата. 273 00:20:43,868 --> 00:20:47,496 Таа ги поттикнува, ги теши и ги поврзува твоите луѓе. 274 00:20:48,622 --> 00:20:50,875 Потцени ја на твој ризик. 275 00:20:52,793 --> 00:20:56,547 Морам сега да ти признам нешто што можеби претпостави порано. 276 00:20:58,549 --> 00:21:01,218 Алин од Хал и неговиот брат Адам се мои синови. 277 00:21:01,927 --> 00:21:06,682 Тие се родени од жена, бродоградителка што ја запознав на моите претходни патувања. 278 00:21:07,767 --> 00:21:09,977 Не ги прифатив како мои. 279 00:21:11,145 --> 00:21:12,229 Се срамев. 280 00:21:13,314 --> 00:21:16,233 И се плашев да тагувам по Ренис, мојата сопруга. 281 00:21:16,901 --> 00:21:21,030 И благодарен сум што ми покажа милост пред да умре. 282 00:21:23,657 --> 00:21:25,618 Не претпоставив. 283 00:21:26,911 --> 00:21:31,415 Иако мислам дека сега го сфаќам тоа. 284 00:21:33,501 --> 00:21:35,586 Не треба да се плашиш од прекор од мене. 285 00:21:35,711 --> 00:21:38,964 Многу господари имаат измешана, благородна и обична крв. 286 00:21:39,465 --> 00:21:42,968 Нивните синови не се помалку храбри. 287 00:21:46,138 --> 00:21:49,433 Секој се покажа достоен за повеќе отколку што му беше дадено досега. 288 00:21:49,558 --> 00:21:53,312 Навистина. Му должиме многу на Алин за неговата храброст 289 00:21:53,437 --> 00:21:56,232 и во Степстонс и во последно време во Грлото. 290 00:21:56,357 --> 00:21:58,442 Се покажа како водач. 291 00:21:58,567 --> 00:22:01,487 Само си ја вршев должноста, Ваша Висост. 292 00:22:02,279 --> 00:22:05,533 И Адам беше моја гаранција дека боговите ми се наклонети. 293 00:22:06,408 --> 00:22:09,078 Кога мојата надеж исчезна, те испратија тебе. 294 00:22:09,203 --> 00:22:11,247 Голема чест ми е да ви служам, Ваша Висост. 295 00:22:19,046 --> 00:22:20,798 За таа цел, кралице... 296 00:22:22,508 --> 00:22:25,511 Ги признав моите синови. 297 00:22:26,971 --> 00:22:30,474 И повеќе од тоа, би го прогласил Алин за мој наследник. 298 00:22:35,479 --> 00:22:38,691 Ве молам да ги признаете. 299 00:22:39,775 --> 00:22:41,986 Нека бидат сега Веларион. 300 00:22:43,404 --> 00:22:44,572 Господари на царството. 301 00:22:45,948 --> 00:22:47,116 Бидејќи без нив... 302 00:22:48,075 --> 00:22:49,660 мојата лоза завршува... 303 00:22:50,744 --> 00:22:52,204 и моето име е избришано. 304 00:22:59,420 --> 00:23:03,674 Добро е што си нашол наследник. 305 00:23:05,050 --> 00:23:07,344 И двајцата многу страдавме, а јас... 306 00:23:08,429 --> 00:23:11,307 Не можам да ти замерам што продолжуваш, но, лорд Корлис... 307 00:23:11,432 --> 00:23:12,808 Збор од тронот... 308 00:23:14,560 --> 00:23:15,978 е доволен. 309 00:25:05,504 --> 00:25:07,131 Ти се смирија нервите, Висост? 310 00:25:07,256 --> 00:25:09,091 Колку што може. 311 00:25:10,092 --> 00:25:11,760 Ги поздравував обичните луѓе од далеку, 312 00:25:11,885 --> 00:25:14,513 но сѐ уште не сум излегла пред нив како нивна кралица. 313 00:25:14,638 --> 00:25:16,140 Многу те очекуваат. 314 00:25:16,932 --> 00:25:20,686 Тогаш, ќе се очекува многу. 315 00:25:21,645 --> 00:25:22,771 А имаме малку ресурси. 316 00:25:22,896 --> 00:25:24,815 Не знам какво задоволство можам да дадам. 317 00:25:26,859 --> 00:25:30,571 За некои, ќе биде доволно да кажат дека погледнале кралица. 318 00:25:32,656 --> 00:25:34,199 Да ти го донесам накитот? 319 00:25:36,827 --> 00:25:38,829 Нема да носам непотребен украс. 320 00:25:39,329 --> 00:25:40,622 Морам да покажам сила. 321 00:25:41,457 --> 00:25:42,458 Подготвеност. 322 00:25:42,583 --> 00:25:44,334 Но, мечот, можеби? 323 00:25:44,960 --> 00:25:49,339 Зар тоа не е спротивно на она што сакаш да им го пренесеш на тие во неволја? 324 00:25:51,133 --> 00:25:52,134 На место кажано. 325 00:25:53,343 --> 00:25:54,511 Сепак. 326 00:25:56,055 --> 00:25:57,431 Ѓердан, мислам. 327 00:25:58,057 --> 00:25:59,266 За достоинство. 328 00:25:59,933 --> 00:26:01,018 Еден од овие. 329 00:26:02,603 --> 00:26:04,563 Ебате. -Висост? 330 00:26:05,230 --> 00:26:06,440 Крвавам. 331 00:26:07,608 --> 00:26:09,568 Сигурно? -Да. Да го ебам! 332 00:26:12,196 --> 00:26:13,238 Секако. 333 00:26:13,781 --> 00:26:15,240 Ќе донесам крпи. 334 00:26:16,617 --> 00:26:19,161 Ренира Таргеријан, првата со нејзино име. 335 00:26:19,286 --> 00:26:22,998 Кралица на Андалите, Ројнарите и Првите Луѓе. 336 00:26:23,123 --> 00:26:26,752 Дама на Седумте Кралства и заштитничка на царството. 337 00:26:27,878 --> 00:26:32,007 Ваша Висост, јас сум ткајачка, а мојот занает е со волна. 338 00:26:32,841 --> 00:26:35,219 Сега имаме голем недостиг од руно, 339 00:26:35,344 --> 00:26:39,181 а таквите овци се грабнати од змејови. 340 00:26:41,350 --> 00:26:44,645 Не може ли руното да се собере пред животното да се изеде? 341 00:26:44,770 --> 00:26:46,063 Тоа изгледа лесно. 342 00:26:46,188 --> 00:26:48,440 Тоа би било од помош, сигурно, 343 00:26:48,565 --> 00:26:51,068 но има многу во нашиот еснаф. 344 00:26:51,193 --> 00:26:54,571 За да ги обновиме нашите ресурси, ќе ни треба инвестиција. 345 00:26:55,531 --> 00:26:57,533 Петстотини златни змејови. 346 00:26:59,326 --> 00:27:01,745 Во однос на овците, моја кралице. 347 00:27:02,913 --> 00:27:05,290 Таквиот исход не прави ништо за да ни обезбеди месо. 348 00:27:06,250 --> 00:27:09,294 Ние, месарите, немаме занает. -Нема дивеч? 349 00:27:09,419 --> 00:27:10,546 Нема со километри. 350 00:27:11,380 --> 00:27:13,423 И сите ловци се земени за стрелци. 351 00:27:14,091 --> 00:27:16,468 Само да можевме да добиеме нешто од круната... 352 00:27:16,593 --> 00:27:18,554 Може да го земеме предвид Кингсвуд? 353 00:27:21,056 --> 00:27:23,725 Тоа би бил смел гест, Ваша Висост. 354 00:27:23,851 --> 00:27:26,728 Нешто што би ги навредило вашите кралски предци. 355 00:27:27,938 --> 00:27:32,568 Ни елени ни диви свињи, туку зајаци, можеби? 356 00:27:32,693 --> 00:27:36,029 За тоа може да се дискутира на друг форум, а не на овој. 357 00:27:36,738 --> 00:27:38,490 Нека пристапи следниот молител. 358 00:27:39,074 --> 00:27:41,451 Јас сум Силви, Ваша Висост. 359 00:27:41,577 --> 00:27:44,830 Имав привилегија да ѝ помагам на лејди Мисарија 360 00:27:44,955 --> 00:27:46,665 во нејзината кампања против узурпаторот. 361 00:27:47,583 --> 00:27:50,961 Ти благодарам, а и на сите овде што ја зачувавте верата. 362 00:27:51,086 --> 00:27:53,547 Моето барање не е за пари... 363 00:27:54,423 --> 00:27:55,924 туку за правда, 364 00:27:56,049 --> 00:27:59,136 за она што обичниот народ го трпеше со месеци. 365 00:28:01,889 --> 00:28:05,517 Блокадата е укината. За кратко време трговијата... 366 00:28:05,642 --> 00:28:09,438 Не беше само блокадата таа што нѐ натера да немаме, Ваша Висост. 367 00:28:11,231 --> 00:28:12,357 Туку богатите. 368 00:28:13,233 --> 00:28:14,568 Благородните господари. 369 00:28:14,693 --> 00:28:17,237 Купија сѐ што можеа за своите складишта 370 00:28:17,362 --> 00:28:19,156 и ги оставија посиромашните без ништо. 371 00:28:20,157 --> 00:28:21,158 Дали е ова вистина? 372 00:28:21,283 --> 00:28:24,244 Не сум невина, кралице. 373 00:28:24,369 --> 00:28:26,038 Таков е светот. 374 00:28:26,163 --> 00:28:28,290 Но кога ќе го земат и она малку што останува, 375 00:28:28,415 --> 00:28:31,835 и го ставаат настрана додека обичните луѓе гладуваат... 376 00:28:33,670 --> 00:28:36,715 тогаш тоа е прашање што би го поставила пред мојата кралица... 377 00:28:37,758 --> 00:28:42,137 која дојде на власт како заштитник на својот народ. 378 00:28:53,523 --> 00:28:57,569 Опасен елемент е обидот да се обвинат богатите за неволјите на градот. 379 00:28:57,694 --> 00:29:01,448 Во војна сите страдаат. -Некои повеќе од другите. 380 00:29:01,573 --> 00:29:03,033 Тоа отсекогаш било така. 381 00:29:03,158 --> 00:29:06,662 А сепак, во вакви времиња, тоа е стап во неодговорни раце 382 00:29:06,787 --> 00:29:09,289 кој се користи за предизвикување немири и бунтови. 383 00:29:09,414 --> 00:29:11,667 Зар обичниот народ не ја заслужува... -За грчевите. 384 00:29:11,792 --> 00:29:14,127 ...промислата и заштитата на нивниот владетел? 385 00:29:14,253 --> 00:29:17,256 Тоа е завет прекршен на наш ризик. 386 00:29:18,173 --> 00:29:21,093 Тие од нас бараат ред и безбедност. -Бараат од нас месо 387 00:29:21,218 --> 00:29:22,928 и гориво за нивната работа. 388 00:29:23,053 --> 00:29:25,138 А кој е “ние“, според твоето кажување? 389 00:29:25,264 --> 00:29:30,018 Го заслужив моето место на оваа маса, иако не сум родена за неа. 390 00:29:30,143 --> 00:29:33,146 Ќе ги оставам другите да проценат кој пат е најкорисен. 391 00:29:33,272 --> 00:29:34,690 Се врати Бела? 392 00:29:35,357 --> 00:29:39,194 Има вест за Вагар и Шипстилер? -Единствениот што го виде беше Санфаер. 393 00:29:40,028 --> 00:29:41,405 Одамна мртов и во распаѓање. 394 00:29:41,530 --> 00:29:43,156 Повторно ќе лета вечерва. 395 00:29:43,282 --> 00:29:45,450 Да го испратиме Адам со неа. 396 00:29:46,243 --> 00:29:47,828 Не можат долго да се кријат. 397 00:29:50,247 --> 00:29:53,417 Ќе добиеш правда. -Никогаш нема да имам правда. 398 00:29:54,501 --> 00:29:58,213 Но трошките правда што ќе ги добијам, ќе ги проголтам. 399 00:30:00,674 --> 00:30:03,927 Во меѓувреме, те молам, насочи го вниманието кон проблемот... 400 00:30:04,052 --> 00:30:07,014 Нема проблем. Има луѓе што ги боли мевот, блеат за своето незадоволство 401 00:30:07,139 --> 00:30:09,016 по редоследот на нештата. -Лорд Корлис? 402 00:30:11,143 --> 00:30:12,436 Се покорувам на кралицата. 403 00:30:13,645 --> 00:30:14,855 Бескорисно. 404 00:30:16,064 --> 00:30:17,858 Што би направил татко ти? 405 00:30:24,698 --> 00:30:26,825 Гозба, мислам. 406 00:30:34,958 --> 00:30:36,793 Голем ден за вас тројцата. 407 00:30:36,918 --> 00:30:38,503 Почестени сме, Ваша Висост. 408 00:30:39,171 --> 00:30:41,840 Улф, какво име сакаш? 409 00:30:44,801 --> 00:30:46,219 Таргеријанско, Ваша Висост. 410 00:30:46,345 --> 00:30:48,388 Апсолутно не. 411 00:30:50,515 --> 00:30:52,267 Тогаш, немам име. 412 00:30:52,392 --> 00:30:54,353 Па, смисли некое. 413 00:30:57,856 --> 00:30:58,899 Белиот, тогаш? 414 00:31:02,986 --> 00:31:05,322 Добро. А ти? 415 00:31:06,865 --> 00:31:09,659 Јас сум ковач по занает, Ваша Висост. 416 00:31:10,619 --> 00:31:11,703 Ќе одам со Чекан. 417 00:31:14,081 --> 00:31:15,457 Хју Чеканот. 418 00:31:16,291 --> 00:31:17,834 Улф Белиот. 419 00:31:24,091 --> 00:31:25,717 И Адам од Хал. 420 00:31:35,185 --> 00:31:36,228 Клекнете. 421 00:31:47,030 --> 00:31:50,909 Во името на Воинот, барам да бидете храбри. 422 00:31:57,916 --> 00:32:00,919 Во името на Отецот, барам да бидете праведни. 423 00:32:04,631 --> 00:32:05,924 Во името на Мајката, 424 00:32:06,049 --> 00:32:09,010 барам да ги браните младите и невините. 425 00:32:16,309 --> 00:32:19,271 И толку? -Сер Улф. 426 00:32:21,440 --> 00:32:24,192 Сер Хју. Сер Адам. 427 00:32:24,317 --> 00:32:26,570 Витези во служба на вашата кралица. 428 00:32:26,695 --> 00:32:29,948 Ќе се заколнете на верност кон вашата владетелка и нејзината кауза, 429 00:32:30,073 --> 00:32:33,410 да бидете слуги и агенти на круната додека сте живи? 430 00:32:33,535 --> 00:32:35,162 Се колнам, Ваша Висост. 431 00:32:36,580 --> 00:32:37,581 И јас. 432 00:32:38,373 --> 00:32:39,416 До смрт. 433 00:32:40,250 --> 00:32:43,920 Сер Лутор, сакам да се консултирам со тебе за една моја идеја. 434 00:32:44,421 --> 00:32:47,340 Вечера за разни благородници кои можеме да ги идентификуваме... 435 00:32:47,466 --> 00:32:48,467 Ваша Висост. 436 00:32:51,553 --> 00:32:55,098 Се прашував каков живот можам да очекувам, 437 00:32:55,223 --> 00:32:57,225 сега кога сме во Кингсландинг. 438 00:32:58,935 --> 00:33:03,565 Да, секако. Ветив дека ќе се грижам за тебе и за твојата сопруга. 439 00:33:03,690 --> 00:33:04,691 Ја нема. 440 00:33:04,816 --> 00:33:08,403 Отидов во градот да ја барам, но чув дека е со брат ѝ во Тамблтон. 441 00:33:08,528 --> 00:33:10,238 Немаше ништо за неа тука. 442 00:33:10,363 --> 00:33:15,160 Прати абер до неа и ќе ви најдеме куќа на Висенја Хил. 443 00:33:15,285 --> 00:33:18,497 А кога би можело тоа да биде, Ваша Висост? 444 00:33:18,622 --> 00:33:20,123 Штом ќе можам. 445 00:33:20,248 --> 00:33:23,335 Моментално немам мал совет... 446 00:33:24,628 --> 00:33:26,046 ниту Краличка гарда да ми служи. 447 00:33:26,171 --> 00:33:29,799 Преплавена сум од дилеми и недостатоци. 448 00:33:29,925 --> 00:33:33,637 Дозволи ми да се стабилизирам и ќе ги исполнам твоите барања. 449 00:33:41,144 --> 00:33:43,271 Кралицата вдовица, Ваша Висост. 450 00:33:47,776 --> 00:33:48,777 Многу добро. 451 00:33:59,287 --> 00:34:00,330 Со благодарност... 452 00:34:03,250 --> 00:34:04,668 Ваша Висост. 453 00:34:05,460 --> 00:34:07,671 Извини што бев остра кога разговаравме. 454 00:34:10,465 --> 00:34:12,759 Имам само едно мало барање. 455 00:34:14,386 --> 00:34:15,428 Ќе го слушнам. 456 00:34:17,429 --> 00:34:21,268 Останките од татко ми да бидат испратени во Олдтаун... 457 00:34:22,435 --> 00:34:24,771 каде што ќе лежат покрај мајка ми. 458 00:34:33,237 --> 00:34:34,572 Како што ќе речеш. 459 00:34:34,697 --> 00:34:35,739 Ти благодарам. 460 00:34:47,960 --> 00:34:48,962 Чудно е, 461 00:34:49,795 --> 00:34:51,047 што сум тука со тебе. 462 00:34:52,799 --> 00:34:53,800 Алисент. 463 00:35:03,059 --> 00:35:06,730 Владееше со ова царство во сѐ, само не по име, додека татко ми беше болен. 464 00:35:08,481 --> 00:35:09,649 Точно. 465 00:35:14,654 --> 00:35:18,408 Денес слушав барања. 466 00:35:21,703 --> 00:35:23,121 Има многу. 467 00:35:24,664 --> 00:35:28,668 А нивните потреби се многу повеќе. Тоа е големо бреме. 468 00:35:33,757 --> 00:35:35,258 Како издржа? 469 00:35:38,678 --> 00:35:39,679 Искрено? 470 00:35:44,809 --> 00:35:48,980 Не можеш да владееш и да останеш доследна на себе. 471 00:35:52,442 --> 00:35:56,571 Треба да се прават избори и можеби повремено 472 00:35:56,696 --> 00:35:59,532 ќе мора да тргаш поглед додека луѓето страдаат и умираат. 473 00:36:02,035 --> 00:36:03,745 Ќе мора да затвориш некоја врата во себе. 474 00:36:05,246 --> 00:36:09,376 Ќе правиш работи од кои срцето ќе ти се згрози 475 00:36:10,001 --> 00:36:11,544 пред да дојдеш на тронот. 476 00:36:12,921 --> 00:36:14,881 Признавам дека е тешко, 477 00:36:15,632 --> 00:36:18,051 но оспорувам дека морам да станам она што не сум. 478 00:36:20,679 --> 00:36:21,680 Времето ќе покаже. 479 00:36:24,349 --> 00:36:26,267 Татко ми остана свој. 480 00:36:26,393 --> 00:36:28,853 Татко ти живееше во свој свет. 481 00:36:28,978 --> 00:36:31,147 Јас и ти никогаш не стапнавме таму. 482 00:36:35,402 --> 00:36:36,528 Добре дојдовте. 483 00:36:39,698 --> 00:36:42,117 Сите сте слушнале, сигурна сум, 484 00:36:42,242 --> 00:36:45,203 дека нашето доаѓање на тронот е објавено низ целото царство. 485 00:36:45,328 --> 00:36:47,747 Хајтауер веќе клекнаа пред мене, 486 00:36:47,872 --> 00:36:52,252 а и оние во оваа просторија се заколнаа на лојалност. 487 00:36:54,129 --> 00:36:56,047 Подоцна отколку што сакав. 488 00:36:56,172 --> 00:36:59,843 Но, доаѓам пред вас како помирувач. 489 00:37:11,479 --> 00:37:17,527 Наша привилегија е, Ваша Висост, конечно да ви се придружиме овде. 490 00:37:18,194 --> 00:37:21,489 Признавам, како што сите овде знаат, 491 00:37:21,614 --> 00:37:25,118 дека од самиот почеток не верував во правото на трон на Хајтауер. 492 00:37:26,453 --> 00:37:27,954 Сигурна сум дека тоа е вистина. 493 00:37:28,079 --> 00:37:31,416 Иако не слушнав никаква приказна дека си сакал да протестираш. 494 00:37:33,752 --> 00:37:35,628 Гледам дека нашата гозба е послужена. 495 00:38:03,865 --> 00:38:05,241 Што е ова? 496 00:38:06,701 --> 00:38:09,287 Ова е она што го јадеа обичните луѓе од мојот град. 497 00:38:09,412 --> 00:38:12,332 Ова и уште полошо, додека ти и оние како тебе 498 00:38:12,457 --> 00:38:14,334 криевте резерви во вашите складишта. 499 00:38:15,585 --> 00:38:17,879 Ваша Висост, се плашевме. 500 00:38:18,004 --> 00:38:20,590 Зар да гладуваме, а и нашите семејства со нас? 501 00:38:20,715 --> 00:38:21,883 Не сакам никој да гладува. 502 00:38:22,008 --> 00:38:25,553 На оние со изобилство би им доверила мудро да управуваат, 503 00:38:25,678 --> 00:38:29,682 а за оние во немаштија би се грижела како пастир што го чува своето стадо. 504 00:38:29,808 --> 00:38:32,435 Сиромашните, како стаорци, го преплавуваат градот. 505 00:38:32,560 --> 00:38:34,854 Крадат и се тепаат за секоја трошка. 506 00:38:34,979 --> 00:38:37,774 Не би го правел истото ако твоите деца се гладни? 507 00:38:37,899 --> 00:38:39,275 Не, не би. 508 00:38:39,400 --> 00:38:40,860 Воздржаност за восхит. 509 00:38:40,985 --> 00:38:43,446 Би лежел благородно во гробот. 510 00:38:45,031 --> 00:38:49,244 Додека седите тука, моите Златни Наметки влегуваат во вашите куќи. 511 00:38:49,994 --> 00:38:53,790 Ги пребаруваат вашите складишта за сѐ што сте собрале. 512 00:38:53,915 --> 00:38:58,336 Ќе ми го донесат она што ќе го најдат за да го поделам на оние на кои им треба. 513 00:38:58,461 --> 00:39:01,130 Ова е несовесно. -Нѐ ограбуваат. 514 00:39:01,798 --> 00:39:05,176 Она што круната го бара од вас не е плен, туку должност. 515 00:39:05,301 --> 00:39:07,512 А вечерва ќе послужи како лекција 516 00:39:07,637 --> 00:39:10,390 за она што отсега ќе го барам од вас. 517 00:39:10,515 --> 00:39:11,516 Добра ноќ. 518 00:39:24,070 --> 00:39:25,321 Ваша Висост. 519 00:39:29,617 --> 00:39:31,327 Куќата Мандерли, нели? 520 00:39:31,452 --> 00:39:33,496 Сер Торен Мандерли, Ваша Висост. 521 00:39:33,621 --> 00:39:34,998 Ваш скромен слуга. 522 00:39:35,832 --> 00:39:39,127 Дали скромноста те тера така да се смешкаш, сер Торен? 523 00:39:39,669 --> 00:39:42,297 Тоа е само од восхит за добро одиграна рака. 524 00:39:42,964 --> 00:39:45,466 Златните Наметки ќе го посетат и твоето домаќинство. 525 00:39:45,592 --> 00:39:48,553 И секако, подеднакво го заслужувам тоа како и сите овде. 526 00:39:49,095 --> 00:39:51,973 Тоа е храбар потег и обичните луѓе ќе го поздрават. 527 00:39:52,098 --> 00:39:54,350 Можеби и ќе заборават дека токму вашата блокада 528 00:39:54,475 --> 00:39:56,769 го направи лебот реткост. 529 00:39:59,397 --> 00:40:01,482 Па, биди сигурен, сер Торен... 530 00:40:02,400 --> 00:40:03,776 Имам долго сеќавање. 531 00:40:06,279 --> 00:40:08,031 Ќе ти замерат за ова. 532 00:40:08,156 --> 00:40:11,242 Тие се трговци и помали благородници. 533 00:40:11,367 --> 00:40:14,245 Згрешија и го знаат тоа. -Признавам дека ми е забавно. 534 00:40:14,370 --> 00:40:17,540 Ќе им помогне на одреден број луѓе во текот на одреден број недели, 535 00:40:17,665 --> 00:40:19,208 и нема да направи ништо за другите. 536 00:40:19,334 --> 00:40:21,669 Тоа е само гест. -Да, и гестовите се важни. 537 00:40:21,794 --> 00:40:26,299 Но, со право велиш дека ова не е трајно решение. 538 00:40:26,424 --> 00:40:28,217 Затоа, ќе треба да леташ. 539 00:40:29,010 --> 00:40:30,011 Оди во Вејл. 540 00:40:30,553 --> 00:40:32,805 Лејди Џејн не ги испрати мечевите што ги вети. 541 00:40:32,931 --> 00:40:34,682 Може да го плати долгот со пари. 542 00:40:36,225 --> 00:40:38,186 Ова е задача во која ќе уживам. 543 00:40:38,895 --> 00:40:40,772 Другите големи куќи ќе ги повикам тука. 544 00:40:41,564 --> 00:40:43,942 Во меѓувреме, врати се со злато или ветување за злато, 545 00:40:44,067 --> 00:40:46,194 инаку сме блокирани пред да почнеме. 546 00:40:50,949 --> 00:40:55,453 Дојде толку далеку, а сепак уште не знаеш која си. 547 00:40:56,496 --> 00:41:00,208 Ако не успеам да управувам со градот, како ќе управувам со царството? 548 00:41:00,333 --> 00:41:01,960 Егон Освојувачот имаше три змеја. 549 00:41:02,085 --> 00:41:05,171 Сега ти имаш шест. Тоа е незамислива моќ. 550 00:41:05,296 --> 00:41:07,715 Зошто да бараме злато тука кога светот е пред нас? 551 00:41:07,840 --> 00:41:10,176 Дорн може да биде наш. 552 00:41:10,843 --> 00:41:13,972 А потоа Есос и Слободните Градови. 553 00:41:14,097 --> 00:41:15,974 Ји Ти и неговото богатство. 554 00:41:19,727 --> 00:41:23,898 Велат дека има град на крајот на светот каде што луѓето имаат крилја. 555 00:41:26,943 --> 00:41:30,071 Памтам дека посакував да одам таму да ги видам лично. 556 00:41:30,196 --> 00:41:32,824 Тие луѓе ќе ни служат нам. Ќе ти служат тебе. 557 00:41:35,368 --> 00:41:37,745 Ќе имаш империја, непобедлива. 558 00:41:39,247 --> 00:41:41,499 А нашите деца ќе владеат со неа засекогаш. 559 00:41:41,624 --> 00:41:45,211 Нѐ опишуваш како командири и пљачкаши, како да сме пирати. 560 00:41:45,336 --> 00:41:47,255 Нѐ нарекувам богови, Ренира. 561 00:41:51,342 --> 00:41:53,219 Како што отсекогаш ни било судено. 562 00:41:59,225 --> 00:42:00,893 Како што бара пророштвото. 563 00:42:01,019 --> 00:42:05,189 Не беше ли ова отсекогаш ветувањето на змејовите, 564 00:42:05,314 --> 00:42:08,151 сонот на Стара Валирија? 565 00:42:10,737 --> 00:42:14,365 Татко ми рече дека змејовите 566 00:42:14,490 --> 00:42:19,287 се сила со која никој не смее да се поигрува. 567 00:42:19,412 --> 00:42:20,621 Твојот татко. 568 00:42:22,248 --> 00:42:23,708 Тој беше добар човек. 569 00:42:26,586 --> 00:42:28,421 И се помирив со него. 570 00:42:29,297 --> 00:42:31,007 Но, тој се откажа од својот змеј. 571 00:42:31,507 --> 00:42:33,551 Никогаш не се стремеше кон величина. 572 00:42:34,302 --> 00:42:38,890 Знаеше дека постои нешто како премногу моќ. 573 00:42:40,058 --> 00:42:45,063 Сонот на Старата Валирија заврши во Пропаста. 574 00:42:45,688 --> 00:42:47,940 Да го земеме Кингсландинг в рака 575 00:42:48,775 --> 00:42:51,444 пред да ги кренеме очите кон хоризонтот. 576 00:42:55,948 --> 00:42:56,949 Ваша Висост. 577 00:43:01,329 --> 00:43:03,164 Сепак треба да го убиеш Дерон. 578 00:43:54,715 --> 00:43:56,259 Денес си уморна. 579 00:43:57,468 --> 00:43:58,928 Не можам да спијам во тој кревет. 580 00:43:59,470 --> 00:44:01,722 Нов душек, можеби. 581 00:44:03,641 --> 00:44:04,642 Можеби. 582 00:44:07,061 --> 00:44:09,230 Ја закопа својата тага. 583 00:44:09,355 --> 00:44:11,440 Не чувствувам тага. Не чувствувам ништо. 584 00:44:14,652 --> 00:44:17,572 Па, не. Постои бес. 585 00:44:20,116 --> 00:44:22,243 Бес што се шири надвор од моите сфаќања. 586 00:44:23,077 --> 00:44:24,453 Имав таков бес. 587 00:44:30,626 --> 00:44:33,504 Ќе се соочам со оние што ги убија моите синови, Мисарија. 588 00:44:35,298 --> 00:44:36,299 Да. 589 00:44:54,692 --> 00:44:56,861 Остави го септонот нека те одрече. 590 00:44:57,445 --> 00:44:58,863 Ова ќе биде твоето помазание. 591 00:45:08,748 --> 00:45:09,999 Ренира. 592 00:45:10,124 --> 00:45:11,334 Ренира. 593 00:45:14,295 --> 00:45:17,632 Предолго бев отсутна. 594 00:45:18,758 --> 00:45:22,929 Но, конечно сме повторно обединети. 595 00:45:31,520 --> 00:45:35,858 Узурпаторите се поразени, а јас го зедов мојот законски трон. 596 00:45:37,235 --> 00:45:40,988 Од кој ќе владеам разумно. 597 00:45:41,697 --> 00:45:45,451 Со сила, но и со милост... 598 00:45:46,327 --> 00:45:49,080 како што доликува на вистинска кралица. 599 00:45:53,751 --> 00:45:57,505 Во знак на тоа, ви носам подароци како помош. 600 00:46:01,217 --> 00:46:05,763 И во чест на татко ми пред мене. 601 00:46:08,766 --> 00:46:09,809 Боговите нека се со вас. 602 00:46:37,962 --> 00:46:38,963 Ваша Висост. 603 00:46:40,965 --> 00:46:41,966 Еден збор. 604 00:46:42,466 --> 00:46:43,467 Дојди со мене. 605 00:46:44,010 --> 00:46:48,931 Го направи Адам витез, но го именува како Хал, а не Веларион. 606 00:46:49,056 --> 00:46:53,269 Мислев дека се договоривме тој и Алин ќе бидат признаени. 607 00:46:53,394 --> 00:46:55,896 Ако се работи за церемонија или... 608 00:46:58,441 --> 00:47:02,403 Жал ми е, Корлис, но во овој момент не можам да направам како што бараш. 609 00:47:05,239 --> 00:47:11,203 Дадов сѐ што имав, сѐ, да ти служам. 610 00:47:12,330 --> 00:47:14,081 Мојот замок е во пепел 611 00:47:14,206 --> 00:47:16,876 и не побарав никаква услуга за возврат освен оваа. 612 00:47:18,419 --> 00:47:22,548 Добро ги знаеш гласините што ги прогонуваат моите синови од почеток. 613 00:47:23,674 --> 00:47:25,718 Моето владеење штотуку започна. 614 00:47:25,843 --> 00:47:29,680 Во овој момент, не можам да бидам видена како ги кревам тие... 615 00:47:31,223 --> 00:47:33,309 што не се родени како благородници. Јас... 616 00:47:35,186 --> 00:47:37,438 Значи, ќе ја навредиш мојата куќа 617 00:47:38,397 --> 00:47:40,983 за да те видат како нешто што не си. 618 00:47:42,193 --> 00:47:43,652 Морам да мислам на Џофри. 619 00:47:43,778 --> 00:47:48,741 Цврсто те бранев кога твоето сопствено потекло беше доведено во прашање. 620 00:47:48,866 --> 00:47:52,995 Да, и ти благодарам за тоа, покрај многу други работи. 621 00:47:53,746 --> 00:47:55,998 Но, сите очи сега се вперени во мене. 622 00:47:56,957 --> 00:48:00,586 Можеби еден ден, кога нема да има толку многу контрола... 623 00:48:00,711 --> 00:48:02,088 Се срамиш. 624 00:48:05,716 --> 00:48:08,511 Станува збор за легитимитет... -Твојот син Џофри... 625 00:48:09,845 --> 00:48:11,180 е копиле. 626 00:48:13,307 --> 00:48:17,520 Твојот син Лусерис, кого го прифатив за мој наследник... 627 00:48:18,813 --> 00:48:20,606 беше копиле. -Лорд Корлис... 628 00:48:20,731 --> 00:48:24,443 Твојот син Џакерис живееше и умре како копиле! 629 00:48:27,988 --> 00:48:32,326 Зошто твоите деца го заслужуваат она што на моите им е одземено? 630 00:48:39,083 --> 00:48:41,710 Хелена отиде во божешумата, со благодарност. 631 00:48:41,836 --> 00:48:45,923 Го имам твојот син Дерон тука, меѓу овие ѕидови. 632 00:48:49,135 --> 00:48:50,136 Тука? Од кога? 633 00:48:50,845 --> 00:48:52,763 Ми го донесоа пред два дена 634 00:48:52,888 --> 00:48:57,309 како дел од условите под кои се предаде твојот братучед. 635 00:49:05,359 --> 00:49:06,610 И што...? 636 00:49:07,695 --> 00:49:09,697 Што планираш да правиш со него? 637 00:49:09,822 --> 00:49:11,740 Со право, треба да му ја земам главата, но... 638 00:49:12,783 --> 00:49:15,619 тој немал никаква улога во предавството на брат му. 639 00:49:16,704 --> 00:49:19,582 Го правел само она што од него го очекуваа неговите старешини. 640 00:49:19,707 --> 00:49:23,878 Затоа ќе го испратам на север, до Ѕидот. 641 00:49:27,548 --> 00:49:29,758 Ќе го земе Црниот Замок и нема да се врати, 642 00:49:29,884 --> 00:49:31,510 но ќе си го зачува животот. 643 00:49:35,097 --> 00:49:36,765 Сакаш да ти се заблагодарам? 644 00:49:37,766 --> 00:49:39,602 Гледам дека си милостива. 645 00:49:41,562 --> 00:49:43,772 А сепак тагувам за она што можеше да биде. 646 00:49:46,734 --> 00:49:50,905 Беше испратен на чување како бебе. Го видов еднаш во последниве пет години. 647 00:49:51,030 --> 00:49:53,991 Едвај го познавам момчето, а сепак... 648 00:49:56,952 --> 00:50:00,372 Според сите кажувања, ја поднел својата судбина многу храбро. 649 00:50:04,251 --> 00:50:05,377 Сакам да го видам. 650 00:50:07,671 --> 00:50:11,550 Ќе ѝ се придружиш на Ноќната стража и таму ќе служиш. 651 00:50:13,135 --> 00:50:15,679 Патот е тежок, но во него има чест. 652 00:50:25,481 --> 00:50:29,568 Гледам дека ништо не те погодува. Штета. Мајка ти е тука. 653 00:50:30,819 --> 00:50:33,989 Би те советувала да се отвориш. 654 00:50:34,740 --> 00:50:37,159 Барем еднаш, пред да тргнеш на долг пат. 655 00:50:37,284 --> 00:50:38,369 Кралицата вдовица, сер. 656 00:50:46,544 --> 00:50:47,545 Еве ја. 657 00:50:48,212 --> 00:50:49,213 Погледни ја. 658 00:51:13,654 --> 00:51:15,114 Не го познаваш момчево. 659 00:51:17,783 --> 00:51:19,285 Тој не е Дерон. 660 00:51:31,630 --> 00:51:32,798 Кој си ти, тогаш? 661 00:51:33,549 --> 00:51:34,550 Зборувај! 662 00:51:35,342 --> 00:51:37,886 Тој ме принуди. Го молев. 663 00:51:38,012 --> 00:51:39,179 Кој те принудил? 664 00:51:39,305 --> 00:51:40,806 Лорд Ормунд Хајтауер. 665 00:51:43,350 --> 00:51:44,727 Ми ја избели косата, 666 00:51:44,852 --> 00:51:47,396 ми рече да ја играм улогата на принцот. 667 00:51:47,980 --> 00:51:50,107 Дури и ако таа ме изгори со змејови. 668 00:51:51,650 --> 00:51:55,613 Морам да молчам, инаку ќе ја обеси мајка ми. 669 00:51:56,947 --> 00:51:58,032 Мојата вистинска мајка. 670 00:52:00,409 --> 00:52:02,786 Таа не е кралица, Ваша Висост. 671 00:52:02,911 --> 00:52:06,540 Таа е само дама, а нашите луѓе се трговци. 672 00:52:07,041 --> 00:52:10,419 Ормунд ме измами. 673 00:52:12,546 --> 00:52:14,882 Твојот вистински син го задржал со себе. 674 00:52:16,175 --> 00:52:18,427 Мислел дека нема да откријам? 675 00:52:41,617 --> 00:52:43,035 Каква игра игра? 676 00:52:46,789 --> 00:52:50,709 Ваша Висост, ме пратија да кажам дека нашата работа тука е речиси завршена. 677 00:52:50,834 --> 00:52:53,754 Боите на Хајтауер се отстранети од сите ѕидови. 678 00:52:54,546 --> 00:52:55,714 Изгори сѐ. 679 00:52:59,718 --> 00:53:02,930 Ваша Висост, има Змејочувар пред портата. 680 00:53:07,142 --> 00:53:08,143 Што има? 681 00:53:13,357 --> 00:53:20,239 Војската на Хајтауер го освои Тамблтон. 682 00:53:20,364 --> 00:53:21,365 Што? 683 00:53:21,490 --> 00:53:25,828 Се инфилтрирале во неговите улици. 684 00:53:25,953 --> 00:53:31,208 Луѓето се заложници. 685 00:53:33,919 --> 00:53:35,963 А младиот змеј? 686 00:53:36,088 --> 00:53:39,967 Го внесоа внатре во портите. 687 00:53:40,718 --> 00:53:45,597 Само јас избегав. 688 00:53:49,893 --> 00:53:51,228 Ќе ги изгорам. 689 00:53:52,271 --> 00:53:57,359 Но со нив би ги изгореле сопствените луѓе, 690 00:53:57,484 --> 00:54:03,282 мајки и деца кои бараат милост од вас? 691 00:54:08,370 --> 00:54:11,248 Што се надева Ормунд да постигне? 692 00:54:13,667 --> 00:54:17,421 Мојата рака е долга. 693 00:54:18,589 --> 00:54:19,923 Тој не смее да победи. 694 00:55:06,303 --> 00:55:08,305 Превод: Сандра Авросиевска