1 00:01:40,813 --> 00:01:45,067 КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ 2 00:02:47,546 --> 00:02:50,966 Ќе ги убијам! Ќе ги убијам сите! 3 00:02:51,091 --> 00:02:54,595 Предавници и злобници! Се осмелуваат да удрат на мене! 4 00:02:54,720 --> 00:02:56,388 Ваша Висост. - Јас сум кралот! 5 00:02:56,513 --> 00:02:57,806 Да. Да. 6 00:02:57,932 --> 00:02:59,350 Јас сум кралот! - Да, Висост. 7 00:02:59,475 --> 00:03:00,476 Ве молам, Ваша Висост. 8 00:03:01,727 --> 00:03:03,270 Предавници и злобници! 9 00:03:04,939 --> 00:03:06,357 Оган од небото. 10 00:03:07,232 --> 00:03:10,069 Ова е војна! Објавувам војна! 11 00:03:11,111 --> 00:03:13,197 Објавувам војна! 12 00:04:09,378 --> 00:04:11,171 Портите се затворени. 13 00:04:13,048 --> 00:04:14,508 Пребарувањето напредува. 14 00:04:16,093 --> 00:04:17,636 Злобникот ќе се најде. 15 00:04:19,722 --> 00:04:21,932 Не смееме да бидеме потресени од ова. 16 00:04:26,186 --> 00:04:27,396 Од овој чин. 17 00:04:31,483 --> 00:04:33,903 Детето... - Детето е мртво. 18 00:04:37,489 --> 00:04:38,824 Неговата болка заврши. 19 00:04:42,828 --> 00:04:45,539 Но, што му направија на моето девојче... 20 00:04:46,165 --> 00:04:47,166 Да. 21 00:05:01,680 --> 00:05:03,766 И ќе платат за ова. 22 00:05:15,444 --> 00:05:17,738 Кој ќе плати? - Тој чија рака го направи ова 23 00:05:17,863 --> 00:05:19,323 или го предизвика. 24 00:05:19,448 --> 00:05:23,827 А што ако раката што го направила ова не е тој што треба да биде обвинет? 25 00:05:25,412 --> 00:05:28,457 Боговите нѐ казнуваат. Мене ме казнуваат. 26 00:05:30,334 --> 00:05:31,669 За кој грев? 27 00:05:35,965 --> 00:05:37,341 Ќерко, слушај ме. 28 00:05:37,466 --> 00:05:40,219 Ќе тагуваме како што треба, но... 29 00:05:41,762 --> 00:05:44,348 од ова може да дојде и некое добро. 30 00:05:47,017 --> 00:05:50,646 А каде беа членовите на овој совет додека убиец му се закануваше на нивниот крал? 31 00:05:50,771 --> 00:05:53,816 И Вам Ви се заканувале, Висост? - Можеше да се случи! 32 00:05:57,027 --> 00:05:59,446 Мојот син е моето наследство! 33 00:06:00,906 --> 00:06:03,617 Мојот син е наследник на Железниот трон! 34 00:06:05,536 --> 00:06:08,956 А каде беше ти? Лорд командирот на Кралегардата. 35 00:06:09,081 --> 00:06:12,293 Си легнав откако ѝ наредив на ноќната стража. 36 00:06:12,418 --> 00:06:13,419 Си легнал. 37 00:06:14,336 --> 00:06:15,337 Си легнал! 38 00:06:16,463 --> 00:06:19,341 Наместо да ја чуваш светоста на моето семејство. 39 00:06:19,967 --> 00:06:22,803 Сега не е време за слепи обвинувања, Висост. 40 00:06:22,928 --> 00:06:24,555 Наскоро ќе знаеме кој го сторил ова. 41 00:06:24,680 --> 00:06:29,685 Кој го сторил ова? Што? Зар има дилема кој го сторил ова? 42 00:06:29,810 --> 00:06:33,147 Кој би го сторил ова освен кралицата Кучка на копилињата, 43 00:06:33,272 --> 00:06:35,816 Самобендисаната пачавра од Драгонстон? 44 00:06:35,941 --> 00:06:39,278 Си седи преку заливот, на својата карпа, и ми се смее. 45 00:06:39,403 --> 00:06:41,780 Ми се смее, ебате! 46 00:06:50,331 --> 00:06:51,916 Ти сакаше да ја поштедиш. 47 00:06:52,041 --> 00:06:56,754 Дозволете, Ваша Висост. Лордови мои. Чуварот приведе еден човек. 48 00:06:57,796 --> 00:06:59,965 Човекот што го уапсивме ни е познат. 49 00:07:01,133 --> 00:07:04,720 Тој е златна наметка, познат по бруталната природа. 50 00:07:04,845 --> 00:07:07,348 Го фативме како бега низ Портата на боговите 51 00:07:07,473 --> 00:07:09,558 со главата на детето во вреќа. 52 00:07:12,227 --> 00:07:13,354 Лично ќе го убијам. 53 00:07:13,479 --> 00:07:16,607 Добро би било да добиеме информации од блекгардот. 54 00:07:18,817 --> 00:07:21,612 Верувам во Вашите вештини, Лорд Ларис. 55 00:07:21,737 --> 00:07:25,282 Секогаш учи, секогаш протокол. Знаеме кој ни е непријател! 56 00:07:25,407 --> 00:07:28,535 Кралот може да има повеќе непријатели, Ваша Висост. 57 00:07:28,661 --> 00:07:32,498 Добро би било да се увериме дали е ова раката на Вашата сестра, 58 00:07:32,623 --> 00:07:35,876 или змија ни се вгнездила во срцето. 59 00:07:36,001 --> 00:07:38,128 Претпоставувам имаш право, Ајронрод. 60 00:07:39,088 --> 00:07:40,214 Секој може да бил. 61 00:07:41,799 --> 00:07:44,510 Може да бил секој од вас во оваа соба. 62 00:07:55,020 --> 00:07:57,106 Лорд Џаспер е во право. 63 00:07:57,731 --> 00:08:00,734 Од една страна, мора да утврдиме што се случило 64 00:08:00,859 --> 00:08:02,820 и дали сме сѐ уште во опасност. 65 00:08:02,945 --> 00:08:04,863 А од друга страна, се разбира... 66 00:08:07,741 --> 00:08:08,993 не е важно. 67 00:08:12,413 --> 00:08:14,123 Сакате да ја обвините Ренира. 68 00:08:15,249 --> 00:08:17,126 Да му кажете на царството дека таа е виновна. 69 00:08:17,251 --> 00:08:20,838 Нема ништо да му кажам на царството. Нѐ нападнаа меѓу нашите ѕидови. 70 00:08:20,963 --> 00:08:24,675 Во нашите кревети. Нема да ме гледаат како слабак. 71 00:08:24,800 --> 00:08:26,885 Веќе те гледаат како слабак, Егон. 72 00:08:31,015 --> 00:08:32,016 Не! 73 00:08:36,270 --> 00:08:38,897 Избрзано крунисување, змеј избеган од јамата, 74 00:08:39,023 --> 00:08:40,608 народот гледа предзнак. 75 00:08:41,317 --> 00:08:45,571 Шепотат по улиците. Велат дека можеби Ренира треба да биде кралица. 76 00:08:45,696 --> 00:08:49,867 И тогаш би ја нарекол Чудовиште, Чедоморка. 77 00:08:50,743 --> 00:08:52,536 Би направил повеќе од тоа. 78 00:08:53,537 --> 00:08:56,582 Погребна поворка. Нека го видат детето. 79 00:08:56,707 --> 00:09:00,753 Нека ги видат делата на оваа претендентка за тронот. 80 00:09:03,339 --> 00:09:04,423 Татко. 81 00:09:07,426 --> 00:09:09,219 Кралу мој? - Не. 82 00:09:10,137 --> 00:09:13,641 Нема да дозволам телото на моето синче 83 00:09:13,766 --> 00:09:15,559 да го влечат по улица како мртво куче. 84 00:09:15,684 --> 00:09:18,020 Не да го влечат, да му укажат чест! 85 00:09:18,145 --> 00:09:22,483 Придружуван до змејската јама за да биде запален како принц на Таргеријан! 86 00:09:23,651 --> 00:09:25,694 Ваша Висост... - Не. 87 00:09:32,826 --> 00:09:35,412 Никој да не кажал да не тагувам. 88 00:09:36,038 --> 00:09:41,168 Џехерис ми беше внук. Го сакав. Нема да дозволам да умре залудно. 89 00:09:42,419 --> 00:09:44,004 Оние кои се изјаснија за Ренира, 90 00:09:44,129 --> 00:09:46,966 дали уште ќе ја поддржуваат кога ќе чујат за нејзината изопаченост? 91 00:09:47,091 --> 00:09:48,676 Или ќе се одречат од неа? 92 00:09:51,095 --> 00:09:55,182 Џехерис сега ќе направи повеќе за нас отколку илјада витези во битка. 93 00:10:01,522 --> 00:10:03,482 Ќе ја имате Вашата војна, Висост. 94 00:10:03,607 --> 00:10:08,195 Но ако почекате малку, можеби ќе ја удвоите Вашата сила. 95 00:10:10,781 --> 00:10:11,782 Мајко? 96 00:10:17,246 --> 00:10:20,624 Раката нѐ прати на тежок пат, мил мој. 97 00:10:20,749 --> 00:10:22,543 Но, можеби е вистинскиот. 98 00:10:23,502 --> 00:10:27,631 Тивките сестри нека го подготват принцот за неговото последно патување. 99 00:10:27,756 --> 00:10:30,801 А зад него ќе јаваат мајка му, кралицата, 100 00:10:30,926 --> 00:10:32,845 а со неа и кралицата вдовица. 101 00:10:32,970 --> 00:10:34,597 Не сакам да сум спектакл. 102 00:10:34,722 --> 00:10:38,142 Царството мора да ја види тагата на круната. 103 00:10:38,267 --> 00:10:41,562 Тага најдобро изразена преку нејзините најнежни души. 104 00:10:45,065 --> 00:10:49,653 Мислам дека сите ќе се согласите кралот да биде поштеден. 105 00:11:05,461 --> 00:11:07,463 Ќе има погреб за Џехерис. 106 00:11:13,510 --> 00:11:16,555 Побараа да се возиме во кочија зад неговото тело. 107 00:11:22,102 --> 00:11:23,395 Не сакам. 108 00:11:25,105 --> 00:11:26,106 Ни јас. 109 00:11:28,776 --> 00:11:30,778 Но кога ќе се случи вакво нешто... 110 00:11:32,154 --> 00:11:34,531 ударот врз кралот е удар за царството. 111 00:11:35,991 --> 00:11:37,368 Кога народот тагува со нас, 112 00:11:37,493 --> 00:11:39,787 поблизок ни е. - Не го сакам поблиску. 113 00:11:40,663 --> 00:11:41,789 Не ги познавам. 114 00:11:43,624 --> 00:11:45,584 Понекогаш мора да се преправаме. 115 00:11:47,878 --> 00:11:48,879 Зошто? 116 00:11:50,005 --> 00:11:52,508 Го застапуваме тронот. Имаме должност. 117 00:11:55,511 --> 00:11:58,222 Хелена, она што синоќа го виде кога влезе кај мене... 118 00:11:58,347 --> 00:11:59,848 Ова е за моето момче. 119 00:13:18,969 --> 00:13:21,889 Ме ангажира Дејмон Таргеријан. 120 00:13:22,640 --> 00:13:25,684 Ни плати половина сега, половина кога ќе се заврши работата. 121 00:13:25,809 --> 00:13:26,936 Кој тоа “ние“? 122 00:13:27,061 --> 00:13:31,231 Еден ловец на стаорци. Вработен во домаќинството. 123 00:13:31,357 --> 00:13:33,359 Не му го знам вистинското име. 124 00:13:42,034 --> 00:13:48,123 Погледнете го делото на Ренира Таргеријан! 125 00:13:51,126 --> 00:13:54,838 Претендентка на тронот! 126 00:13:58,384 --> 00:13:59,802 Родоубиец! 127 00:14:00,386 --> 00:14:04,765 Најдлабоко сочувство, моја кралице. - Боговите нека Ве чуваат, моја кралице. 128 00:14:05,891 --> 00:14:09,645 Осквернителка на невините! 129 00:14:17,236 --> 00:14:22,491 Погледнете го делото на Ренира Суровата! 130 00:14:25,578 --> 00:14:26,912 Ќе ме повредиш? 131 00:14:28,622 --> 00:14:29,790 Не. 132 00:14:31,750 --> 00:14:33,919 Но не гарантирам за Неговата Висост. 133 00:14:58,652 --> 00:15:04,325 Погледнете го делото на Ренира Таргеријан! 134 00:15:06,577 --> 00:15:10,289 Претендентка на тронот! 135 00:15:13,459 --> 00:15:15,002 Родоубиец! 136 00:15:17,046 --> 00:15:20,799 Осквернителка на невините! 137 00:15:35,230 --> 00:15:36,649 Кралице Хелена! 138 00:15:42,529 --> 00:15:43,739 Што се случува таму? 139 00:15:45,282 --> 00:15:46,408 Кралице Хелена! 140 00:15:46,533 --> 00:15:48,786 Што се случува? - Тргнете се! 141 00:15:53,916 --> 00:15:55,918 Кралице Хелена. - Кралице Хелена! 142 00:16:01,840 --> 00:16:03,926 Многу ми е жал. - Кралице Хелена! 143 00:16:07,388 --> 00:16:09,098 Кралице Хелена! - Хелена. 144 00:16:09,223 --> 00:16:12,601 Кралице Хелена! - Влечи! 145 00:16:18,857 --> 00:16:20,025 Клетва! 146 00:16:20,150 --> 00:16:23,195 Клетва за Ренира Монструозната! 147 00:16:30,160 --> 00:16:34,039 Сѐ уште не е јасно како е пробиен самиот Кип. 148 00:16:34,164 --> 00:16:39,545 Главата на момчето била отсечена. Илјадници беа сведоци на поворката. 149 00:16:40,588 --> 00:16:43,841 И мене ме обвинуваат за ова? 150 00:16:43,966 --> 00:16:45,509 Се чини дека е така. 151 00:16:45,634 --> 00:16:49,555 За таа цел беа испратени пораки низ целото царство. 152 00:16:50,764 --> 00:16:54,602 Мора да испратиме свои пораки, демантирајќи го ова гнасно тврдење. 153 00:16:54,727 --> 00:16:58,731 Веднаш ќе испратам, но не сум сигурен дека ќе ги примат со добра волја. 154 00:16:58,856 --> 00:17:02,234 И мора да ја удвоиме нашата стража, овде и во Дрифтмарк. 155 00:17:03,485 --> 00:17:06,238 Ќе има брза одмазда, во каква и да е форма... 156 00:17:06,363 --> 00:17:08,157 Се погрижив за тоа, Висост. 157 00:17:08,908 --> 00:17:11,577 Дозволете ми да одам до Вермакс. Ренис им треба во Грлото. 158 00:17:11,702 --> 00:17:13,579 Ќе ги надгледувам движењата од Кингс Ландинг. 159 00:17:13,704 --> 00:17:14,705 Не. 160 00:17:16,582 --> 00:17:19,668 Мора да се каже дека штетата на нашата позиција е неизмерна, 161 00:17:19,793 --> 00:17:23,088 во време кога верност кон нашата кауза ни е најпотребна. 162 00:17:24,256 --> 00:17:25,466 Но, тоа е лага. 163 00:17:27,009 --> 00:17:28,761 Дека со загубата на син ми... 164 00:17:29,970 --> 00:17:31,972 би направила такво нешто. 165 00:17:32,097 --> 00:17:33,682 Најмалку на Хелена. 166 00:17:35,559 --> 00:17:36,560 Невина. 167 00:17:43,192 --> 00:17:48,072 Смртта на принц Лусерис беше шок и навреда. 168 00:17:48,739 --> 00:17:51,116 Мајка која е во толкава жалост... 169 00:17:51,242 --> 00:17:55,037 природно е да си олесни со одмазда. - Сакаш да кажеш, сер Алфред, 170 00:17:55,162 --> 00:17:58,415 дека тагата ме натера да нарачам обезглавување на дете? 171 00:17:58,540 --> 00:18:02,169 Само помислив, можеби избрзана акција... 172 00:18:02,294 --> 00:18:03,712 Внимавај што зборуваш. 173 00:18:22,731 --> 00:18:26,443 Дали испрати атентатори да убиваат деца в кревет? 174 00:18:26,569 --> 00:18:29,738 Испратив одмаздник на кралицата за син ѝ. - Што му кажа? 175 00:18:29,863 --> 00:18:31,865 Што му кажа, Дејмон? 176 00:18:31,991 --> 00:18:34,243 Дека момче е мртво, а јас сум обвинета? 177 00:18:34,368 --> 00:18:36,370 Мисарија ми даде имиња и детали. 178 00:18:36,495 --> 00:18:41,208 Бев јасен во моите упатства: Ејмонд, братот на Егон Узурпаторот. 179 00:18:41,333 --> 00:18:44,128 Не можам да сум одговорен за грешка. - Не можеш?! 180 00:18:49,717 --> 00:18:53,804 Какви упатства им даде во случај да не го најдат Ејмонд? 181 00:18:53,929 --> 00:18:56,390 Тие воопшто не помислија на мало дете. 182 00:18:56,515 --> 00:18:59,018 Рече дека целта ти била да пролееш Хајтауерова крв, 183 00:18:59,143 --> 00:19:01,103 и ако не Ејмонд, тогаш кој било. 184 00:19:01,228 --> 00:19:03,397 Не. - Ме рани. 185 00:19:03,522 --> 00:19:07,234 Ми ги ослабна моето право на тронот, мојата способност да кренам војска, 186 00:19:07,359 --> 00:19:09,570 моето место во мојот сопствен совет. 187 00:19:09,695 --> 00:19:11,906 Реков не. 188 00:19:12,031 --> 00:19:13,282 Не ти верувам. 189 00:19:25,210 --> 00:19:27,046 Така конечно доаѓаме до тоа. 190 00:19:32,509 --> 00:19:34,345 Не можам да ти верувам, Дејмон. 191 00:19:36,430 --> 00:19:41,435 Никогаш не ти верував целосно, иако тоа го посакував. Се терав. 192 00:19:43,270 --> 00:19:46,357 Но сега видов дека твоето срце ти припаѓа само тебе. 193 00:19:46,482 --> 00:19:49,360 А кога бев дете, го сфаќав тоа како предизвик. 194 00:19:49,485 --> 00:19:52,112 Но сега сум постара, имам доволно предизвици. 195 00:19:52,238 --> 00:19:54,198 Верно ти служев. - Така ли? 196 00:19:54,323 --> 00:19:59,787 Или ме искористи како алатка со која ќе го зграбиш твоето украдено наследство? 197 00:20:18,097 --> 00:20:23,227 Кога сер Ерик ти ја донесе круната, нели јас лично ти ја ставив на глава? 198 00:20:23,352 --> 00:20:25,354 Да, но пред тоа, 199 00:20:25,479 --> 00:20:30,568 бараше да водиш воен совет додека јас сама се мачев во мојата одаја. 200 00:20:30,693 --> 00:20:34,029 А потоа, кога мислев дека треба да се разгледаат условите на непријателите... 201 00:20:34,154 --> 00:20:37,700 Глупости! Да се откажам од тронот на брат ми поради лагите на Ото Хајтауер... 202 00:20:37,825 --> 00:20:40,703 Мојот трон, Дејмон. Мојот! 203 00:20:41,328 --> 00:20:45,457 Мислам дека ги искористи моите зборови како изговор. За да се одмаздиш. 204 00:20:46,667 --> 00:20:50,004 За да ѝ се препуштиш на темнината што ја чуваш во себе како нож. 205 00:20:50,129 --> 00:20:52,673 Ме сметаш за чудовиште. - Не знам што да мислам за тебе. 206 00:20:52,798 --> 00:20:55,301 Не знам што си. Или кому му служиш. 207 00:20:55,426 --> 00:21:00,598 Зар не тргнав за Харенхал да кренам војска во твое име, Ренира? 208 00:21:00,723 --> 00:21:02,099 Твое! 209 00:21:09,857 --> 00:21:14,028 Дали ме прифаќаш за твоја кралица и владетелка? 210 00:21:17,364 --> 00:21:20,576 Или уште се држиш до она што мислиш дека си го изгубил? 211 00:21:23,078 --> 00:21:24,830 Што мислам дека сум изгубил? 212 00:21:24,955 --> 00:21:26,832 Не го изгуби, го подари. 213 00:21:27,666 --> 00:21:28,667 Зашто секогаш мислеше 214 00:21:28,792 --> 00:21:32,463 само на твојата слава, а не на татко ми, во неговата тага, кому му требаш! 215 00:21:32,588 --> 00:21:35,633 Татко ти беше кукавица и знаеше дека јас сум посилниот син, 216 00:21:35,758 --> 00:21:38,844 дека сум водачот, и се плашеше да биде во моја сенка. 217 00:21:38,969 --> 00:21:40,429 Тоа ли го мислиш за брат ти? 218 00:21:40,554 --> 00:21:42,848 Го знаеш подобро од мене, заедно растевте? 219 00:21:42,973 --> 00:21:45,809 Веруваш дека те направил наследничка поради твојата голема мудрост, 220 00:21:45,935 --> 00:21:47,728 поради твојата доблест? 221 00:21:47,853 --> 00:21:50,648 Како се осмелуваш. - Или те искористи како алатка 222 00:21:50,773 --> 00:21:53,859 за да ме тргне на страна зашто ми се плашеше? 223 00:21:53,984 --> 00:21:56,820 Оти знаеше дека ти, за разлика од мене, никогаш нема да го надминеш? 224 00:21:56,946 --> 00:21:59,949 Не се плашеше од тебе, Дејмон! 225 00:22:00,866 --> 00:22:03,285 Не можеше да ти верува. 226 00:22:04,078 --> 00:22:06,747 Како што ни јас не можам. - Тој беше будала. 227 00:22:08,082 --> 00:22:10,751 Бараше величина, но се смали од пролевање крв за да ја постигне. 228 00:22:10,876 --> 00:22:13,295 А гледам дека и ти ќе ја доживееш истата судбина. 229 00:22:14,255 --> 00:22:16,048 Ти уби дете. 230 00:22:20,135 --> 00:22:21,637 Тоа беше грешка. 231 00:22:26,725 --> 00:22:27,810 Патетичен си. 232 00:23:03,846 --> 00:23:04,847 Татко? 233 00:23:14,398 --> 00:23:16,483 Сакавте да ме видите, Ваша Милост? 234 00:23:25,743 --> 00:23:27,328 Кога ќе дојде утрото, 235 00:23:27,453 --> 00:23:30,873 земи го Мундансер и надгледувај го Кингс Ландинг. 236 00:23:31,790 --> 00:23:34,168 Морам да знам што следно ќе направат. 237 00:23:34,293 --> 00:23:35,294 Ќе внимавам. 238 00:23:36,545 --> 00:23:37,963 Зависам од тебе, Бејла. 239 00:23:39,173 --> 00:23:41,342 Остани на високо и биди на дистанца. 240 00:23:42,885 --> 00:23:45,095 Не смееме да си дозволиме уште грешки. 241 00:23:55,064 --> 00:23:56,065 Мојот татко? 242 00:24:00,653 --> 00:24:02,363 Мора да го следи својот пат. 243 00:25:55,267 --> 00:25:56,602 Ако сакате, лорду. 244 00:27:21,437 --> 00:27:22,563 Кажа некому? 245 00:27:26,275 --> 00:27:28,319 За што ме мислиш? 246 00:27:30,404 --> 00:27:32,197 За таков што бара прошка. 247 00:27:33,490 --> 00:27:35,993 Нема прошка за тоа што го направив. 248 00:29:12,840 --> 00:29:14,049 Што е ова? 249 00:29:17,678 --> 00:29:19,888 Потсетник на вчерашниот ден, мислам. 250 00:29:20,514 --> 00:29:23,142 Поворката беше каллива. Ќе се преслечам. 251 00:29:23,267 --> 00:29:24,268 Веднаш. 252 00:29:27,438 --> 00:29:30,274 Имав напорна ноќ, сер Кристон, не јадев. Може... 253 00:29:30,399 --> 00:29:32,818 Му пркосиш на мојот авторитет, сер Арик. 254 00:29:34,653 --> 00:29:35,654 Не. 255 00:29:35,779 --> 00:29:38,532 Белата наметка е симбол на нашата чистота. 256 00:29:39,325 --> 00:29:40,326 Нашата верност. 257 00:29:41,493 --> 00:29:43,287 Кралегардите се света доверба. 258 00:29:43,913 --> 00:29:47,082 Зар толку лесно ќе ја оцрниш нашата древна чест? 259 00:30:00,554 --> 00:30:02,514 Згрешив, лорду мој. 260 00:30:04,016 --> 00:30:05,434 Ќе ја поправам грешката. 261 00:30:10,981 --> 00:30:12,983 Каде беше кога го убија Џехерис? 262 00:30:17,947 --> 00:30:18,948 Со крал Егон. 263 00:30:20,616 --> 00:30:24,328 Значи, не си бил во приватните одаи каде можеби ќе го спречеше злочинот. 264 00:30:24,453 --> 00:30:27,623 Неговата Висост посака да ги забавува придружниците во собата со тронот. 265 00:30:27,748 --> 00:30:31,001 Да ти текнеше да одиш горе... - Каде бевте Вие, лорд командиру? 266 00:30:32,586 --> 00:30:35,089 Зошто на Хелена, кралицата, не ѝ е назначен заштитник? 267 00:30:35,214 --> 00:30:36,507 Откако таа се качи... 268 00:30:36,632 --> 00:30:39,551 Брат ти е крадец и предавник на круната! 269 00:30:48,644 --> 00:30:50,062 Добро знаете колку ме боли. 270 00:30:50,187 --> 00:30:52,690 Како да знаеме дека потајно не го делиш неговото мислење? 271 00:30:52,815 --> 00:30:54,566 Го осудив пред кралот. 272 00:30:54,692 --> 00:30:57,069 Бевме една душа во две тела, да. 273 00:30:57,903 --> 00:31:00,364 Да мислев како него, ќе избегав со него. 274 00:31:02,533 --> 00:31:04,577 Прво, брат ти нѐ изневерува. 275 00:31:07,580 --> 00:31:09,290 А потоа младиот принц... 276 00:31:10,666 --> 00:31:13,961 е убиен додека си ти на стража. 277 00:31:14,086 --> 00:31:16,839 Луд сте. Не можете да мислите дека јас го сторив ова! 278 00:31:16,964 --> 00:31:19,174 Она што јас го мислам не е важно! 279 00:31:22,928 --> 00:31:24,847 Донесе срам во нашите редови. 280 00:31:28,851 --> 00:31:30,686 И сега мора да го поправиш тоа. 281 00:31:32,688 --> 00:31:33,981 Како? 282 00:31:50,748 --> 00:31:55,169 Ќе одиш во Драгонстон и ќе ја нападнеш Ренира во нејзините сали. 283 00:31:57,004 --> 00:31:59,340 Исто како што таа сакаше да направи со Ејмонд. 284 00:31:59,465 --> 00:32:02,468 Ќе ѝ вратиме на принцезата со нејзината крвава паричка. 285 00:32:04,595 --> 00:32:07,431 Сам? - Те издава храброста, сер Арик? 286 00:32:07,556 --> 00:32:09,141 Не се работи за храброста. 287 00:32:09,266 --> 00:32:12,394 Замокот се брани од сите непријатели, особено сега. 288 00:32:14,104 --> 00:32:15,105 Како да влезам? 289 00:32:15,230 --> 00:32:17,608 Брат ти близнак ѝ служи на таканаречената кралица. 290 00:32:17,733 --> 00:32:19,902 Ќе мислат дека си тој ако ја играш улогата. 291 00:32:20,986 --> 00:32:24,740 Се заколнавме дека ќе служиме искрено, а не со измама. 292 00:32:24,865 --> 00:32:29,245 Убиј ја претендентката и ќе завршиш војна уште пред да почне. 293 00:32:37,044 --> 00:32:39,296 Ако нѐ видат двајцата... - Не смееш да го дозволиш тоа. 294 00:32:39,421 --> 00:32:41,840 Ќе ме испратите во смрт. - Или во триумф. 295 00:32:44,635 --> 00:32:46,011 И слава. 296 00:32:51,976 --> 00:32:53,310 А сега, ќе одиш? 297 00:32:55,104 --> 00:32:57,982 Или треба да се сомневам во твојата лојалност кон кралот? 298 00:33:03,737 --> 00:33:04,863 На Ваша заповед... 299 00:33:06,073 --> 00:33:07,074 лорду мој. 300 00:33:17,167 --> 00:33:18,419 Ја пропушти вечерата. 301 00:33:19,795 --> 00:33:21,130 Не бев гладна. 302 00:33:21,255 --> 00:33:23,048 Мислам дека никој не беше. 303 00:33:24,216 --> 00:33:25,593 Премногу празни места. 304 00:33:27,511 --> 00:33:28,721 Знаеш каде отиде? 305 00:33:29,847 --> 00:33:31,432 Харенхал, мислам. 306 00:33:36,020 --> 00:33:37,938 Понекогаш мислам дека го мразам. 307 00:33:41,775 --> 00:33:44,653 Тешко е, со татковците. 308 00:33:45,696 --> 00:33:47,656 Колку се сеќаваш на чичко ми? 309 00:33:48,824 --> 00:33:50,451 Нѐ научи да ловиме риба. 310 00:33:52,328 --> 00:33:55,039 И да пееме морнарски песни. 311 00:33:55,915 --> 00:33:57,541 Имаше слабост за торта. 312 00:33:59,835 --> 00:34:00,836 А... 313 00:34:01,879 --> 00:34:03,213 Сер Харвин Стронг? 314 00:34:05,633 --> 00:34:08,552 Тој беше нежен. И жесток. 315 00:34:11,805 --> 00:34:14,350 Го викаа Костоломец. 316 00:34:17,478 --> 00:34:19,855 Нѐ сакаше, мислам. 317 00:34:21,774 --> 00:34:22,858 Секако. 318 00:34:29,114 --> 00:34:30,199 Ми недостига Лук. 319 00:35:11,907 --> 00:35:13,784 Дејмон ги испрати да ме убијат. 320 00:35:16,579 --> 00:35:17,663 Бев надвор. 321 00:35:19,039 --> 00:35:20,541 Ти беше со мене. 322 00:35:21,333 --> 00:35:22,876 Искрено, се гордеам... 323 00:35:24,295 --> 00:35:26,380 што ме смета за таков непријател... 324 00:35:28,632 --> 00:35:31,176 и што сака да ме убие во мојот кревет. 325 00:35:32,219 --> 00:35:33,470 Се плаши од мене. 326 00:35:34,847 --> 00:35:36,265 А и треба. 327 00:35:38,058 --> 00:35:40,811 Момчето израсна во маж. 328 00:35:40,936 --> 00:35:42,563 Не. Не овде. 329 00:35:53,324 --> 00:35:55,618 Се каам за работата со Лук. 330 00:35:56,952 --> 00:36:00,456 Тој ден избувнав. Жал ми е за тоа. 331 00:36:01,457 --> 00:36:03,042 Мило ми е. 332 00:36:06,253 --> 00:36:08,547 Ме задеваа, знаеш. 333 00:36:11,300 --> 00:36:12,718 Затоа што бев поинаков. 334 00:36:15,930 --> 00:36:19,767 Само да те потсетам дека кога принцовите ќе избувнат, 335 00:36:19,892 --> 00:36:21,727 честопати другите страдаат. 336 00:36:25,481 --> 00:36:26,815 Обичниот народ. 337 00:36:28,025 --> 00:36:29,026 Како мене. 338 00:36:33,948 --> 00:36:35,199 Како е таа? 339 00:36:36,158 --> 00:36:37,159 Исто. 340 00:36:49,463 --> 00:36:51,715 Пазарите се при крај од блокадата. 341 00:36:52,883 --> 00:36:55,761 Сигурно на градот сѐ уште не му недостига храна. 342 00:36:55,886 --> 00:36:58,555 Мислам не, но луѓето се плашат. 343 00:36:59,181 --> 00:37:01,308 Оние при пари трупаат сѐ што можат. 344 00:37:04,270 --> 00:37:06,689 Денес одев два часа за да најдам пилешко. 345 00:37:07,773 --> 00:37:09,692 И платив трипати поскапо. 346 00:37:24,623 --> 00:37:26,000 Себичноста на луѓето. 347 00:37:27,126 --> 00:37:30,754 Не можам да обвинам никого за тоа што и јас би го направила кога би можела. 348 00:37:30,879 --> 00:37:34,800 Мислам нема да ги оставиш децата да гладуваат додека си ги полниш визбите. 349 00:37:34,925 --> 00:37:37,052 Среќа што немаме доволно пари за да дознаеме. 350 00:37:39,388 --> 00:37:41,890 Кралот ни вети некакво олеснување. 351 00:37:44,059 --> 00:37:45,060 Дали кажа кога? 352 00:37:52,526 --> 00:37:53,736 Се плашам, Хју. 353 00:38:04,204 --> 00:38:07,875 Гледам дека сите големи авантури не ти оставиле трага на изгледот. 354 00:38:11,545 --> 00:38:14,298 Добре дојде, брате. По толку многу месеци. 355 00:38:24,600 --> 00:38:25,935 Ми недостигаше. 356 00:38:27,978 --> 00:38:31,440 Уби многу пирати? - Повеќе од тебе, сигурно. 357 00:38:31,565 --> 00:38:34,985 Боцкаш. Можеби ќе зажалиш бидејќи вечерва сам ќе вечераш. 358 00:38:35,819 --> 00:38:39,573 Веќе се каам. Си ги скршив забите од сува храна, Адам. 359 00:38:39,698 --> 00:38:43,327 Кажи ми дека дома ти се крчка тенџере со чорба од коза. 360 00:38:43,452 --> 00:38:44,453 Имаш среќа. 361 00:38:45,621 --> 00:38:47,248 И тоа за повеќе нешта. 362 00:38:48,082 --> 00:38:52,002 Слушам дека Лорд Корлис лично те пофалил за тоа што му служиш. 363 00:38:54,463 --> 00:38:56,632 Точно. - Ќе пловиш со него? 364 00:38:56,757 --> 00:38:58,467 Кога ќе му се поправи бродот. 365 00:38:59,551 --> 00:39:02,012 Јас сум еден од дузината бродари повикани од Хал 366 00:39:02,137 --> 00:39:03,806 да ѝ се придружат на твојата флота. 367 00:39:05,182 --> 00:39:06,809 Тој не даде никаква понуда. 368 00:39:08,018 --> 00:39:11,772 Искрено, претпочитав да не даде. - Не биди глупав, Алин. 369 00:39:13,941 --> 00:39:16,944 Да служиш со морската змија значи да го направиш своето богатство. 370 00:39:17,069 --> 00:39:19,196 Да имав таква шанса, ќе ја искористев. 371 00:39:19,321 --> 00:39:21,407 Зашто не го виде тоа што јас го видов. 372 00:39:21,532 --> 00:39:25,119 Се подготвува војна, Адам. Вистинска. 373 00:39:25,244 --> 00:39:28,122 Уште една можност да се истакнеш. 374 00:39:28,247 --> 00:39:30,624 Потсети го колку вредиш. - Не ми требаат услуги. 375 00:39:30,749 --> 00:39:33,627 Но, брате, тој ти должи. Нам ни должи. 376 00:39:35,963 --> 00:39:37,506 Дали чорбата има моркови? 377 00:39:43,262 --> 00:39:44,930 Не ѝ верувам на тишинава. 378 00:39:46,765 --> 00:39:50,227 Дејмон лета кога ни е најпотребна неговата рака на веслото. 379 00:39:51,478 --> 00:39:54,064 Посветеноста никогаш не му била јака страна. 380 00:39:54,189 --> 00:39:58,277 Каде и да оди, сака да биде свој господар. 381 00:40:00,696 --> 00:40:02,615 Па, тој е кралски придружник. 382 00:40:06,285 --> 00:40:08,621 Но не е крал. 383 00:40:09,580 --> 00:40:11,832 Не сум ни јас. Но се снаоѓам. 384 00:40:15,210 --> 00:40:19,965 И јас почувствував како круната минува преку мене. Тешко е да се прифати. 385 00:40:22,676 --> 00:40:25,763 А сега Висерис е мртов и сѐ е под сомнеж. 386 00:40:26,889 --> 00:40:30,559 Да не мислиш дека Дејмон ќе ја предизвика? 387 00:40:32,603 --> 00:40:33,812 Не буквално. 388 00:40:38,234 --> 00:40:41,195 Но, ни тој не може да дозволи таа да му заповеда. 389 00:40:41,320 --> 00:40:42,321 Штета. 390 00:40:43,322 --> 00:40:47,409 Открив дека повремено тоа е доста пријатно. 391 00:40:52,373 --> 00:40:54,375 Па, да го земеме за збор. 392 00:40:55,960 --> 00:40:59,046 И ако може да го земе Харенхал, сѐ може да му биде простено. 393 00:41:00,047 --> 00:41:01,674 Во меѓувреме, јас сум тука. 394 00:41:03,842 --> 00:41:04,927 И Мелиз. 395 00:41:08,681 --> 00:41:11,016 Нема да дозволиме кралицата да попушти. 396 00:41:40,170 --> 00:41:42,464 Лејди Мисарија, Ваша Висост. 397 00:41:53,934 --> 00:41:56,979 Знаеш за вчерашните настани во Кингс Ландинг? 398 00:41:58,606 --> 00:41:59,898 Да. 399 00:42:00,691 --> 00:42:02,693 Каква улога одигра ти? 400 00:42:02,818 --> 00:42:04,570 Немав никаква врска со тоа. 401 00:42:04,695 --> 00:42:07,072 Знам дека се плеткаш со узурпаторите. 402 00:42:07,197 --> 00:42:09,533 Дека им помогна да ми го ускратат моето првородство. 403 00:42:09,658 --> 00:42:13,746 Ја искористив неизбежноста. Сега се каам. 404 00:42:14,288 --> 00:42:15,289 Сигурно. 405 00:42:18,709 --> 00:42:19,752 Која си ти? 406 00:42:21,503 --> 00:42:22,546 Затвореничка. 407 00:42:34,975 --> 00:42:37,102 На Дејмон му дадов две имиња. 408 00:42:37,227 --> 00:42:41,106 Само толку. А не сакав ни толку да направам. 409 00:42:42,024 --> 00:42:44,652 Тој рече дека тоа е цената на мојата слобода. 410 00:42:52,826 --> 00:42:54,286 Да не вели поинаку? 411 00:42:55,412 --> 00:42:56,413 Замина. 412 00:42:58,666 --> 00:42:59,667 Колку време? 413 00:43:01,335 --> 00:43:04,171 Една недела. Или засекогаш. Не знам. 414 00:43:09,802 --> 00:43:11,262 Тој го прави тоа. 415 00:43:12,554 --> 00:43:13,555 Нели? 416 00:43:22,898 --> 00:43:24,441 Сега се сеќавате на мене. 417 00:43:28,862 --> 00:43:30,823 Рече дека ќе се ожени со тебе. 418 00:43:32,741 --> 00:43:36,579 Рече дека си носела негово дете. - Не им беше на сите смешна шегата. 419 00:43:37,121 --> 00:43:40,499 И сега пак го направи истото. Даде ветување, а потоа... 420 00:43:41,292 --> 00:43:44,545 се измолкна. - Ти тргуваш со тајните на Ред Кип. 421 00:43:45,671 --> 00:43:49,758 Твојата пајажина е невидлива низ Кингс Ландинг. А сега... 422 00:43:49,883 --> 00:43:52,386 кога мојот непријател се спрема да ме нападне... 423 00:43:52,511 --> 00:43:56,890 Сега можам само да Ве замолам да ги почитувате зборовите на Вашиот сопруг. 424 00:43:57,016 --> 00:43:59,268 Не ми одговара да те ослободам. 425 00:44:02,146 --> 00:44:05,399 Во најдобар случај, губам предност за мојата кауза. 426 00:44:07,860 --> 00:44:09,737 Во најлош, ме изневеруваш на полош начин. 427 00:44:09,862 --> 00:44:12,907 Немам никаков интерес да Ве изневерам, Ваша Висост. 428 00:44:15,200 --> 00:44:16,201 Така велиш. 429 00:44:25,419 --> 00:44:28,047 Ме доведоа во Вестерос без ништо. 430 00:44:28,172 --> 00:44:30,841 Се мачев да слугувам, крадев, 431 00:44:30,966 --> 00:44:33,469 си го продавав телото за паричка или леб. 432 00:44:34,094 --> 00:44:36,263 И слушав, 433 00:44:36,388 --> 00:44:38,223 собирав доверливи тајни. 434 00:44:38,349 --> 00:44:40,726 Станав вредна за моќните мажи. 435 00:44:40,851 --> 00:44:43,103 Малку по малку заработував. 436 00:44:43,228 --> 00:44:45,022 Куќа. Домаќинство. 437 00:44:45,147 --> 00:44:46,273 Дом. 438 00:44:47,358 --> 00:44:49,109 Потоа сето тоа го запалија. 439 00:44:50,778 --> 00:44:54,281 Кој? - Хајтауерови, претпоставувам. 440 00:44:55,658 --> 00:45:00,246 На Раката не ѝ се допадна кога ги покажав забите. 441 00:45:01,997 --> 00:45:03,582 Но, му благодарам за тоа. 442 00:45:04,416 --> 00:45:09,421 Многу долго имав за цел да стекнам вредност. 443 00:45:09,546 --> 00:45:14,051 Но сега гледам дека тоа била желба на едно дете. 444 00:45:14,760 --> 00:45:15,886 Дејмон... 445 00:45:16,720 --> 00:45:18,472 Ото Хајтауер... 446 00:45:19,056 --> 00:45:20,641 нема разлика. 447 00:45:20,766 --> 00:45:23,227 Никогаш нема да ме прифатат. 448 00:45:23,852 --> 00:45:25,854 Можев да си останам курва. 449 00:45:32,528 --> 00:45:33,904 Како ја доби таа лузна? 450 00:47:13,921 --> 00:47:14,922 О, не. 451 00:47:16,257 --> 00:47:17,466 Син ми. 452 00:47:34,149 --> 00:47:36,819 Кои се овие? - Ловци на стаорци. 453 00:47:38,195 --> 00:47:39,822 Работат за кралот. 454 00:47:41,907 --> 00:47:42,908 Што направиле? 455 00:48:11,228 --> 00:48:12,354 Што си направил? 456 00:48:17,192 --> 00:48:19,153 Ловците на стаорци! 457 00:48:21,947 --> 00:48:23,574 Ги обесив. 458 00:48:26,243 --> 00:48:29,788 Црвот што го зеде син ми му призна на еден соучесник. 459 00:48:29,914 --> 00:48:32,082 Не можеше со сигурност да каже за кого станува збор. 460 00:48:32,207 --> 00:48:33,459 Затоа... - Идиоте! 461 00:48:33,584 --> 00:48:35,753 Внимавајте како зборувате со кралот, лорду. 462 00:48:35,878 --> 00:48:40,132 Кралот ми е внук, а внук ми е будала! 463 00:48:40,257 --> 00:48:43,719 Дури и полошо. Уби невини луѓе! 464 00:48:43,844 --> 00:48:45,137 И еден виновен. 465 00:48:45,262 --> 00:48:48,223 И ги обеси на ѕидините на градот за сите да ги видат! 466 00:48:48,349 --> 00:48:50,809 За заговор против кралот ќе вратам стопати. 467 00:48:50,935 --> 00:48:53,103 Тие се татковци и браќа и синови! 468 00:48:53,979 --> 00:48:56,649 А нивните жени и деца сега се собираат пред нашите порти 469 00:48:56,774 --> 00:48:59,151 да плачат и да го проколнуваат твоето име! 470 00:49:10,996 --> 00:49:15,084 Со крвта на твоето дете го купивме нивното одобрување. 471 00:49:15,209 --> 00:49:16,460 Со солзите на мајка ти, 472 00:49:16,585 --> 00:49:20,464 направивме горчлива жртва за да не дојде до лишувања. 473 00:49:20,589 --> 00:49:22,424 А ти сето го отфрли. 474 00:49:24,009 --> 00:49:25,511 По сѐ што направив за тебе. 475 00:49:25,636 --> 00:49:26,804 Непромислено. 476 00:49:27,388 --> 00:49:28,764 Бесмислено. 477 00:49:30,432 --> 00:49:31,517 Самоугоден. 478 00:49:31,642 --> 00:49:33,018 Барем направив нешто. 479 00:49:33,143 --> 00:49:36,480 Не одговорив на повредата на круната со... што? 480 00:49:36,605 --> 00:49:40,025 Цимолење? Подлизување на жеништата? 481 00:49:40,150 --> 00:49:42,653 Нема да ме сметаат за слаб. - Дури и сега, 482 00:49:42,778 --> 00:49:45,447 веста за монструозниот злочин на Ренира се шири низ царството. 483 00:49:45,573 --> 00:49:49,118 Големите куќи се колебаат. Не можат, а да не дојдат на наша страна. 484 00:49:49,243 --> 00:49:51,495 Сакам да пролеам крв, не мастило. 485 00:49:52,496 --> 00:49:53,831 Мора да дејствуваме. 486 00:49:55,124 --> 00:49:56,792 Сер Кристин Кол дејствуваше. 487 00:50:06,093 --> 00:50:07,511 И што... 488 00:50:08,887 --> 00:50:11,682 направи сер Кристин Кол? 489 00:50:13,434 --> 00:50:16,061 Го испрати сер Арик да ја убие Ренира. 490 00:50:21,442 --> 00:50:22,443 Сам? 491 00:50:25,112 --> 00:50:28,032 Се преправа дека е брат му близнакот. Брилијантно. 492 00:50:32,328 --> 00:50:33,871 Боговите нека ни се на помош. 493 00:50:34,788 --> 00:50:37,124 Време е кучката кралица да плати. 494 00:50:40,753 --> 00:50:45,966 И ти се придружи на оваа шега без да се консултираш со мене? 495 00:50:46,091 --> 00:50:47,301 Или со советот? 496 00:50:48,135 --> 00:50:51,180 Наместо расудување, покажуваш импулсивност 497 00:50:51,305 --> 00:50:54,266 и нѐ намали во очите на нашиот непријател! 498 00:50:54,391 --> 00:50:56,727 Непромислено, неважно... 499 00:51:07,613 --> 00:51:09,657 Никогаш не мислиш на татко ти? 500 00:51:10,241 --> 00:51:11,242 Неговата... 501 00:51:12,618 --> 00:51:17,039 трпеливост, неговата разумност, неговото... 502 00:51:20,668 --> 00:51:22,795 Неговото достоинство? 503 00:51:22,920 --> 00:51:24,713 Заеби го достоинството. 504 00:51:25,339 --> 00:51:26,715 Сакам да се одмаздам. 505 00:51:29,510 --> 00:51:30,886 Татко ми е мртов. 506 00:51:33,847 --> 00:51:34,932 Да. 507 00:51:37,142 --> 00:51:39,395 А ние сме посиромашни поради тоа. 508 00:51:54,910 --> 00:51:56,704 Имаше право за тебе. 509 00:51:59,790 --> 00:52:01,041 Тој ме направи крал. 510 00:52:06,171 --> 00:52:08,048 Така ли мислиш? 511 00:52:14,930 --> 00:52:17,349 Извади ја значката, сер Ото. 512 00:52:25,691 --> 00:52:27,318 Ти си Раката на татко ми... 513 00:52:28,861 --> 00:52:30,112 не моја. 514 00:52:31,530 --> 00:52:32,531 Извади ја. 515 00:52:35,200 --> 00:52:36,660 Не би се осмелил. 516 00:52:40,122 --> 00:52:41,290 Се осмелив. 517 00:52:42,625 --> 00:52:44,418 И тоа ме стимулира. 518 00:52:54,762 --> 00:52:56,722 Дрско кученце. 519 00:53:00,726 --> 00:53:05,522 Мислиш дека си паметен, но без силна Рака покрај тебе... 520 00:53:08,901 --> 00:53:10,152 да води... 521 00:53:13,864 --> 00:53:15,199 Дај му ја на Кол. 522 00:53:20,037 --> 00:53:21,038 Ваша Висост? 523 00:53:25,793 --> 00:53:30,673 Во овој час докажа дека вредиш повеќе од сто старци. 524 00:53:34,677 --> 00:53:38,514 Мојата нова Рака ќе биде челична тупаница. 525 00:53:39,848 --> 00:53:44,061 Ќе зажалиш за ова. 526 00:53:46,105 --> 00:53:47,106 Дај му ја. 527 00:54:05,583 --> 00:54:06,792 Отпуштен си. 528 00:54:18,137 --> 00:54:19,888 Не знам дали ти верувам. 529 00:54:20,514 --> 00:54:23,642 И насетувам дека сѐ уште постои опасност во тебе. 530 00:54:25,936 --> 00:54:28,814 Но ќе го одржам зборот на мојата куќа, ако кажеш дека е даден. 531 00:54:37,281 --> 00:54:38,365 Можеш да си одиш. 532 00:54:39,783 --> 00:54:41,076 Ваша Висост. 533 00:54:41,201 --> 00:54:44,663 Во пристаништето има брод на Веларион, што ќе заплови за Мир преку Пентос. 534 00:54:44,788 --> 00:54:46,415 Ќе гледам да се качиш. 535 00:54:47,291 --> 00:54:49,585 Не сум толку наивна да те пуштам да леташ слободно. 536 00:54:49,710 --> 00:54:50,836 Јас сум... 537 00:54:52,087 --> 00:54:53,088 Ви благодарам. 538 00:54:56,091 --> 00:54:58,177 Сер Ерик, Мисарија ќе нѐ напушти. 539 00:54:58,302 --> 00:55:00,012 Нека си ги собере работите, 540 00:55:00,137 --> 00:55:03,432 па некој нека ја симне и ѝ обезбеди место на Корвин. 541 00:55:03,557 --> 00:55:04,767 Ваша Висост. 542 00:55:50,771 --> 00:55:51,772 Момент? 543 00:56:21,802 --> 00:56:23,220 Сер Ерик. 544 00:56:24,305 --> 00:56:27,266 Мислев дека сте внатре. - Жалам што не внимаваше. 545 00:56:28,267 --> 00:56:29,977 Непријателот само што не дошол. 546 00:58:31,557 --> 00:58:33,934 Ве молам обидете се да легнете, Ваша Висост. 547 00:58:34,059 --> 00:58:35,060 Ти благодарам, Елинда. 548 00:58:59,668 --> 00:59:00,669 Сер Ерик. 549 00:59:03,130 --> 00:59:04,465 Денов беше чуден. 550 00:59:05,758 --> 00:59:08,719 Вознемирен сум. Јас ќе бидам на должност вечерва. 551 00:59:22,483 --> 00:59:26,779 Мора да спиете, Ваша Висост. Ќе побарам напивка од маестерот. 552 00:59:27,529 --> 00:59:29,198 Можеби тоа би било најдобро. 553 00:59:31,242 --> 00:59:32,701 Ти благодарам, Елинда. 554 00:59:43,921 --> 00:59:44,922 Сер Ерик. 555 00:59:53,055 --> 00:59:56,350 Верувај ми, немав избор. 556 00:59:56,475 --> 00:59:57,518 Не разбирам. 557 00:59:58,269 --> 00:59:59,270 Брате! 558 01:00:02,273 --> 01:00:03,607 Не прави го ова. 559 01:00:04,525 --> 01:00:05,818 Те молам. 560 01:00:07,903 --> 01:00:09,947 Ти си тој што нѐ предаде, Ерик. 561 01:00:32,303 --> 01:00:33,304 Бегај, Елинда! 562 01:00:33,429 --> 01:00:34,847 И најди го сер Лорент! 563 01:01:12,885 --> 01:01:14,595 Ваша Висост! - Сер Лорент! 564 01:01:21,644 --> 01:01:22,645 Со мене, Висост! 565 01:01:28,609 --> 01:01:30,194 Чекај? Кој е Ерик? 566 01:01:40,746 --> 01:01:41,956 Се родивме заедно. 567 01:01:42,581 --> 01:01:43,874 Нѐ разделивте! 568 01:01:45,960 --> 01:01:47,962 Но сепак те сакам, брат. 569 01:02:41,015 --> 01:02:42,266 Ваша Висост. 570 01:02:46,270 --> 01:02:47,271 Ерик. 571 01:02:48,355 --> 01:02:49,773 Прости ми. 572 01:02:50,774 --> 01:02:53,152 Не. Не! 573 01:03:02,578 --> 01:03:06,040 Тоа е незнаење и суета. 574 01:03:08,083 --> 01:03:11,420 Знаеш, исто како и јас, дека Егон мора да се држи под контрола. 575 01:03:11,545 --> 01:03:14,214 Како и Сер Кристон. Тие двајца заедно... 576 01:03:15,883 --> 01:03:17,343 Сер Кристон не е умерен. 577 01:03:18,344 --> 01:03:21,388 Но неговата посветеност не се доведува во прашање. Ако дојде до војна... 578 01:03:21,513 --> 01:03:22,723 Тој го обезбеди тоа. 579 01:03:23,849 --> 01:03:27,853 Млад е и неук. Неговата вера е во челик и коска. 580 01:03:27,978 --> 01:03:29,730 Не гледа далеку. 581 01:03:30,272 --> 01:03:31,982 Никој од нив не гледа. 582 01:03:32,107 --> 01:03:34,109 Не мислат за доброто на царството 583 01:03:34,235 --> 01:03:37,863 туку за ситно задоволство на одмаздата. 584 01:03:41,575 --> 01:03:42,952 Егон сѐ уште е ковлив. 585 01:03:44,286 --> 01:03:46,497 Смртта на детето го одврза. 586 01:03:53,629 --> 01:03:55,214 Не можам да останам овде. 587 01:03:57,591 --> 01:03:59,385 Протеран од советот... 588 01:04:01,220 --> 01:04:05,057 сведок на грешките на нашите планови. Ќе се вратам во Олдтаун. 589 01:04:07,226 --> 01:04:08,811 Хајтауерови сѐ уште имаат сила, 590 01:04:08,936 --> 01:04:14,316 и таму имаш син кој повеќе ќе те слуша. 591 01:04:14,441 --> 01:04:17,736 Дерон може допрва да ни помогне во неделите што доаѓаат. 592 01:04:22,283 --> 01:04:23,826 Подобро оди во Хајгарден. 593 01:04:26,704 --> 01:04:29,873 Тајрелови мора да се земат в рака. Нивните знаменосци се колебаат. 594 01:04:31,000 --> 01:04:33,586 Додека те нема, ќе се обидам да го вразумам. 595 01:04:33,711 --> 01:04:37,548 Ќе се смири. Со текот на времето, можеби сепак ќе се вратиш. 596 01:04:51,103 --> 01:04:53,105 Младите се пауни. 597 01:04:54,023 --> 01:04:56,317 Сето тоа врескање и пердуви. 598 01:04:58,903 --> 01:05:03,324 Но, ние сепак ќе победиме и ќе донесеме мир. Сѐ уште верувам во тоа. 599 01:05:04,909 --> 01:05:07,119 Сѐ додека јас и ти се држиме цврсто. 600 01:05:20,090 --> 01:05:21,175 Згрешив. 601 01:05:25,888 --> 01:05:27,848 Не сакам да слушнам за тоа. 602 01:08:55,180 --> 01:08:57,182 Превод: Sandra Avrosievska