1 00:01:41,017 --> 00:01:46,231 ИГРА НА ТРОНОВИ 2 00:02:03,665 --> 00:02:05,041 "Повикан на суд 3 00:02:05,124 --> 00:02:09,587 да одговара за делата на вазалот Грегор Клиган Џинот. 4 00:02:09,671 --> 00:02:14,467 Мора да дојде за две недели или ќе биде непријател на Круната." 5 00:02:15,969 --> 00:02:19,305 Кутриот Нед Старк. Храбар човек, лоша проценка. 6 00:02:24,602 --> 00:02:27,105 Глупаво е што си го нападнал. 7 00:02:35,196 --> 00:02:39,409 Ланистерови не се однесуваат како будали. 8 00:02:45,373 --> 00:02:47,750 Ќе кажеш нешто духовито? 9 00:02:48,918 --> 00:02:51,337 Ајде, кажи нешто духовито. 10 00:02:54,382 --> 00:02:56,843 Кетлин Старк ми го грабна братот. 11 00:03:00,555 --> 00:03:04,976 Зошто е уште жив? -Тирион? -Нед Старк. 12 00:03:06,144 --> 00:03:08,771 Се замеша еден човек. Му ја прободе ногата 13 00:03:08,855 --> 00:03:11,441 пред да можам да го убијам. 14 00:03:12,233 --> 00:03:18,239 Зошто е уште жив? -Немаше да биде чисто. -Чисто! 15 00:03:20,450 --> 00:03:24,162 Премногу се грижиш за тоа што мислат другите за тебе. 16 00:03:24,245 --> 00:03:29,292 Гајле ми е што мислат за мене. -Тоа сакаш да го мислат за тебе. 17 00:03:29,751 --> 00:03:31,461 Вистина е. 18 00:03:32,211 --> 00:03:37,050 Не ти пречи кога ќе чуеш дека зад грб те викаат Кралеубиец? 19 00:03:39,010 --> 00:03:45,016 Се разбира дека ми пречи. -Лавот не се грижи што мислат овците. 20 00:03:48,436 --> 00:03:53,524 Треба да благодарам што твојата суета ти ја спречила лекоумноста. 21 00:03:55,276 --> 00:03:59,197 Ќе ти дадам половина од нашите војски. 30.000 луѓе. 22 00:04:00,073 --> 00:04:02,951 Ќе ги одведеме до домот на Кетлин Старк 23 00:04:03,034 --> 00:04:06,955 и ќе ја потсетиме дека Ланистерови си ги плаќаат долговите. 24 00:04:08,748 --> 00:04:13,753 Не знаев дека толку го цениш животот на брат ми. -Ланистер е! 25 00:04:14,671 --> 00:04:18,299 Можеби е најмалечкиот Ланистер, но еден од нас е. 26 00:04:18,383 --> 00:04:23,596 Со секој ден како е затворен, нашето име има помалку почит. 27 00:04:23,680 --> 00:04:28,393 Лавот се грижи за мислењето... -Тоа не е мислење, туку факт! 28 00:04:30,770 --> 00:04:34,774 Ако друга куќа може да зароби еден од нас и да го држи, 29 00:04:34,857 --> 00:04:38,528 тогаш веќе не сме куќа од која другите се плашат. 30 00:04:43,032 --> 00:04:48,246 Мајка ти е мртва. Наскоро ќе умрам и јас. И ти исто. 31 00:04:49,080 --> 00:04:53,042 И брат ти и сестра ти и сите нејзини деца. 32 00:04:53,126 --> 00:04:57,046 Сите ќе бидеме мртви и ќе скапуваме под земја. 33 00:04:58,256 --> 00:05:02,760 Но семејното име ќе живее. Само тоа ќе преживее. 34 00:05:03,678 --> 00:05:08,224 Не твојата лична слава или чест, туку семејството! 35 00:05:09,392 --> 00:05:11,519 Разбираш ли? 36 00:05:23,114 --> 00:05:26,784 Благословен си со работи што многумина ги немаат. 37 00:05:26,868 --> 00:05:31,330 Благословен си што си член на најмоќното семејство во земјата. 38 00:05:31,414 --> 00:05:36,377 И уште си благословен со младост. Што направи со тие благослови? 39 00:05:37,754 --> 00:05:42,008 Служеше како славен телохранител на двајца кралеви. 40 00:05:42,091 --> 00:05:45,011 Едниот беше лудак, а другиот пијаница. 41 00:05:49,766 --> 00:05:53,603 Иднината на семејството ќе се реши за неколку месеци. 42 00:05:53,686 --> 00:05:58,024 Може да воспоставиме династија што ќе трае илјада години. 43 00:05:58,107 --> 00:06:01,736 Или да пропаднеме, како Таргариенците. 44 00:06:04,363 --> 00:06:08,242 Мора да станеш човекот што ти е судено да бидеш. 45 00:06:08,910 --> 00:06:13,122 Не другата година. Не утре. Сега! 46 00:06:43,361 --> 00:06:44,779 Ве боли. 47 00:06:50,827 --> 00:06:55,665 Ми било и полошо, госпоѓо. -Можеби е време да си одите дома. 48 00:06:56,499 --> 00:07:00,628 Југот не ви прилега. -Ја знам вистината поради која умрел Арин. 49 00:07:01,838 --> 00:07:06,884 Ја знаете ли, кнезу? Ме викнавте да ми кажувате гатанки? 50 00:07:08,803 --> 00:07:13,432 Го има правено тоа и порано? -Џејми би го убил. 51 00:07:15,184 --> 00:07:19,105 Тој е илјадапати повреден од вашиот пријател. -Вашиот брат? 52 00:07:19,188 --> 00:07:21,190 Или вашиот љубовник? 53 00:07:25,528 --> 00:07:30,491 Таргариенови 300 години се земале меѓусебе за да одржат чиста лоза. 54 00:07:30,575 --> 00:07:35,163 Јас и Џејми сме повеќе од брат и сестра. Во иста утроба сме биле. 55 00:07:35,246 --> 00:07:38,749 Заедно сме дошле на свет и си припаѓаме. 56 00:07:38,833 --> 00:07:41,627 Син ми ве видел со него. 57 00:07:47,758 --> 00:07:50,970 Си ги сакате ли децата? -Од се срце. -И јас своите. 58 00:07:51,429 --> 00:07:53,806 И сите се на Џејми. -Фала им на боговите! 59 00:07:54,390 --> 00:07:57,602 Роберт, и да ги оставеше курвите и да дојдеше кај мене пијан, 60 00:07:57,685 --> 00:08:01,022 го довршував поинаку. Наутро не се сеќаваше ништо. 61 00:08:01,105 --> 00:08:03,691 Отсекогаш сте го мразеле. -Сум го мразела? 62 00:08:04,775 --> 00:08:09,405 Го обожавав. Сите девици сонуваа за него, но беше мој. 63 00:08:10,948 --> 00:08:14,327 И, кога конечно го видов во Балоровата септа, 64 00:08:14,410 --> 00:08:18,873 така силен, цврст и со црна брада, тоа ми беше најсреќниот момент. 65 00:08:20,666 --> 00:08:25,379 Таа ноќ пијан се качи на мене, го направи тоа малку што можеше 66 00:08:27,798 --> 00:08:30,885 и ми шепна в уво: "Лијана." 67 00:08:32,428 --> 00:08:36,933 Сестра ви беше труп, а јас жива, а неа ја сакаше повеќе од мене. 68 00:08:39,101 --> 00:08:42,438 Кога кралот ќе се врати од лов, ќе му ја кажам вистината. 69 00:08:42,521 --> 00:08:47,485 Да си одите дотогаш. Со децата. Не ја сакам нивната крв на рацете. 70 00:08:48,277 --> 00:08:52,657 Одете што подалеку можете и земете што повеќе луѓе. 71 00:08:53,282 --> 00:08:59,914 Каде и да одите, ќе ве следи бесот на Роберт. -А, мојот бес? 72 00:09:00,915 --> 00:09:03,251 Требало да го земете кралството. 73 00:09:03,334 --> 00:09:06,337 Џејми ми раскажа за падот на Кралебран. 74 00:09:06,420 --> 00:09:09,548 Седел на престолот, а вие сте го избркале. 75 00:09:09,632 --> 00:09:13,511 Требало самите да се качите по скалите. Колку тажна грешка. 76 00:09:14,345 --> 00:09:19,684 Имам направено многу грешки во животот. Но тоа не ми е грешка. 77 00:09:20,017 --> 00:09:25,481 Била. Кога ја играш играта на троновите, победуваш или умираш. 78 00:09:27,275 --> 00:09:29,110 Нема средина. 79 00:10:16,574 --> 00:10:19,577 Не, не, не, не! 80 00:10:21,078 --> 00:10:23,664 Тоа ли те учат на северот? 81 00:10:24,915 --> 00:10:31,339 И тебе? Од каде и да си. Знаеш ли колку смешно звучиш? 82 00:10:32,798 --> 00:10:37,845 Разбирате ли што ви зборувам? -Да, господару. 83 00:10:39,180 --> 00:10:41,766 Да почнеме одново. 84 00:10:42,725 --> 00:10:45,853 Ти биди машкото, а ти женското. 85 00:10:51,317 --> 00:10:53,319 Ајде! 86 00:10:55,279 --> 00:10:57,531 Полека. 87 00:11:05,831 --> 00:11:10,586 Не можеш да ги излажеш. Те платиле, знаат што си. 88 00:11:11,295 --> 00:11:16,634 Знаат дека глумиш. Работата ти е да заборават што знаат. 89 00:11:16,717 --> 00:11:23,516 А, за тоа треба време. Треба полека да се внесе во тоа. 90 00:11:25,851 --> 00:11:30,981 Ајде, внеси се во тоа. 91 00:11:39,782 --> 00:11:44,954 Те освојува и покрај отпорот. Почнува да ти се допаѓа тоа. 92 00:11:46,122 --> 00:11:50,751 Сака да ти верува. Ужива во својот кур откако го фатил в раце, 93 00:11:50,835 --> 00:11:55,214 зошто не и ти? Знае дека е подобар од другите мажи. 94 00:11:55,297 --> 00:11:59,427 Отсекогаш го знаел тоа, но сега има доказ. 95 00:11:59,510 --> 00:12:03,931 Толку е добар што во тебе допира нешто толку длабоко 96 00:12:04,014 --> 00:12:08,811 за што другите не биле ни свесни. Ти ја надвладејува природата. 97 00:12:10,980 --> 00:12:14,066 Зошто не ни се придружите, господару? 98 00:12:14,650 --> 00:12:19,405 Се чувам за друга. -Тоа што не го знае нема да и наштети. 99 00:12:19,488 --> 00:12:24,493 Глупава изрека. Она што не го знаеме обично не води во смрт. 100 00:12:26,412 --> 00:12:31,417 Сигурно е убава. -Всушност, не е. Но од добра лоза е. 101 00:12:32,334 --> 00:12:35,546 Господарот ни е вљубен. -Со години. 102 00:12:35,629 --> 00:12:40,843 Цел живот. Играј си со газот! И таа ме сакаше мене. 103 00:12:41,802 --> 00:12:45,806 И бев доверлива личност. 104 00:12:45,890 --> 00:12:52,771 Можеше да ми каже се. Ми кажуваше за коњите што ги сакаше. 105 00:12:53,189 --> 00:12:58,152 За замокот што го посакуваше. За мажот што го сакаше. 106 00:12:58,235 --> 00:13:02,156 За северњакот со вилица како наковална. 107 00:13:03,032 --> 00:13:07,328 Затоа го предизвикав на двобој. Зошто не? Читав приказни. 108 00:13:07,912 --> 00:13:12,166 Малиот во приказните секогаш ги победува големите. 109 00:13:12,249 --> 00:13:16,295 На крајот не му ни даде да ме убие. 110 00:13:16,378 --> 00:13:20,591 Рече: "Тој е дете. Те молам, не повредувај го." 111 00:13:21,592 --> 00:13:27,515 Затоа ми подари прекрасна лузна и си отидоа. -Уште се во брак? 112 00:13:27,598 --> 00:13:34,271 Не! Тој загина пред свадбата. Таа заврши со брат му. 113 00:13:34,355 --> 00:13:39,151 Уште повпечатлив примерок. Него го љуби, за жал. 114 00:13:39,693 --> 00:13:44,573 А, зошто не? Кој може да се спореди со него? Тој е толку... 115 00:13:51,330 --> 00:13:53,499 Добар. 116 00:13:55,125 --> 00:13:58,337 Знаеш што научив кога го изгубив двобојот? 117 00:13:58,420 --> 00:14:02,383 Научив дека никогаш нема да победам. Не на таков начин. 118 00:14:02,466 --> 00:14:05,719 Тоа е нивна игра со нивни правила. 119 00:14:06,512 --> 00:14:10,099 Нема да се борам со нив. Ќе ги заебам. 120 00:14:10,724 --> 00:14:13,310 Тоа го знам. Тоа сум. 121 00:14:14,186 --> 00:14:18,232 И само ако признаеме што сме, може да добиеме што сакаме. 122 00:14:18,899 --> 00:14:25,656 А, што сакате вие? -Се, мила. Се што постои. 123 00:14:29,326 --> 00:14:32,663 Измијте се сега. И двете ќе работите вечерва. 124 00:15:03,235 --> 00:15:06,322 Ти си среќна девојка, знаеш? 125 00:15:09,116 --> 00:15:12,661 Таму од каде што доаѓам, немаме милост кон злосторниците. 126 00:15:12,745 --> 00:15:16,498 Да го нападнеше таму некој како тебе малиот кнез, 127 00:15:16,582 --> 00:15:19,501 ќе те врзевме на плажата за време на одливот. 128 00:15:19,585 --> 00:15:22,796 Ќе ти ги заковавме рацете и нозете за колчиња. 129 00:15:22,880 --> 00:15:28,802 Морето ќе ти наближуваше. Ќе гледаше како ти наближува смртта. 130 00:15:31,347 --> 00:15:35,392 Од каде сте? -Од Железните Острови. 131 00:15:35,476 --> 00:15:39,188 Тоа е далеку? -Никогаш не си чула за Железните Острови? 132 00:15:39,271 --> 00:15:42,441 Верувај ми, ни ти не си чул од каде сум јас. 133 00:15:43,817 --> 00:15:46,403 "Верувајте ми, кнезу." 134 00:15:49,031 --> 00:15:51,367 Веќе не си во дивината. 135 00:15:51,450 --> 00:15:56,080 Во цивилизираните земји се обраќаме со титули. 136 00:15:56,163 --> 00:16:00,000 А, тоа е... -Кнез. -Зошто? 137 00:16:01,794 --> 00:16:05,297 Зошто? Како тоа? 138 00:16:05,381 --> 00:16:08,926 Татко ми е Бејлон Грејџој, кнезот на Железните Острови. 139 00:16:09,009 --> 00:16:13,138 Каква врска има тоа со вас? Ако татко ви е кнез, 140 00:16:13,222 --> 00:16:17,810 како може и вие да бидете? -Ќе бидам кога татко ми... 141 00:16:17,893 --> 00:16:21,021 Значи, сега не сте кнез. -Не... 142 00:16:23,440 --> 00:16:26,819 Ме зафркаваш? Тоа ли го правиш? 143 00:16:26,902 --> 00:16:31,240 Не ви ги разбирам обичаите на вас, јужњаците. -Не сум јужњак. 144 00:16:31,323 --> 00:16:35,869 Потекнуваш јужно од Ѕидот. За мене си јужњак. 145 00:16:38,622 --> 00:16:44,169 Ти си ептен безобразна ороспија, а? -Не знам, господару. 146 00:16:44,253 --> 00:16:46,380 Не знам што значи "безопрасна". 147 00:16:46,463 --> 00:16:51,635 Безобразна. Тоа значи дрска, безобѕирна. 148 00:16:55,931 --> 00:16:58,434 Сакаш да немаш окови? 149 00:17:00,352 --> 00:17:02,354 Теон Грејџој! 150 00:17:03,021 --> 00:17:06,734 Госпоѓата ни е гостинка. -Мислев дека ни е затвореничка. 151 00:17:06,817 --> 00:17:10,863 Според вашето искуство, тоа е заемно исклучиво? 152 00:17:21,165 --> 00:17:25,961 Нема да бидам тука следниот пат. -Навикната сум на полошо. 153 00:17:27,171 --> 00:17:32,176 На мажи што би го изеле и би си ги чепкале забите со коските. 154 00:17:38,724 --> 00:17:42,269 Зошто дојде овде? -Немав намера да дојдам овде. 155 00:17:43,228 --> 00:17:47,524 Сакав да отидам подалеку на југ. Што е можно подалеку. 156 00:17:48,650 --> 00:17:53,947 Пред да дојде долгата ноќ. -Зошто? Од што се плашиш? 157 00:17:54,907 --> 00:17:58,535 Постојат работи што спијат преку ден, а ловат ноќе. 158 00:17:59,578 --> 00:18:03,123 Бувови и рисови... -Не зборувам за нив! 159 00:18:07,836 --> 00:18:12,841 Работите за коишто зборуваш... Ги снемало пред илјади години. 160 00:18:13,509 --> 00:18:18,806 Не ги снемало, дедо. Спиеле. 161 00:18:19,765 --> 00:18:22,226 А, сега веќе не спијат. 162 00:18:30,734 --> 00:18:32,861 Ми недостигаат девојките. 163 00:18:33,779 --> 00:18:37,032 Дури не ни муабетот. Никогаш не разговарам со нив. 164 00:18:38,408 --> 00:18:41,620 Само ги гледам. Ги слушам како се смеат. 165 00:18:47,501 --> 00:18:50,003 Тебе не ти недостигаат девојките? 166 00:18:54,550 --> 00:18:59,054 Јавачи! Рогот! Треба да дувнеме во рогот! 167 00:19:00,222 --> 00:19:02,224 Зошто е сам? 168 00:19:04,309 --> 00:19:09,398 Еднаш за извидник што се враќа, двапати за дивјаци, три... 169 00:19:09,481 --> 00:19:11,483 Нема јавач. 170 00:19:45,642 --> 00:19:48,395 Тоа е коњот на стрико ми Бенџен! 171 00:19:54,985 --> 00:19:57,154 Каде е стрико ми? 172 00:20:00,532 --> 00:20:02,367 Нед! 173 00:20:04,202 --> 00:20:07,956 Роберт! Ловевме и еден вепар... 174 00:20:15,464 --> 00:20:19,301 Требаше да минувам повеќе време со тебе. 175 00:20:19,384 --> 00:20:22,012 Да ти покажам како да бидеш маж. 176 00:20:25,474 --> 00:20:28,602 Не требаше да бидам татко. 177 00:20:48,163 --> 00:20:51,833 Оди, не сакаш да го видиш ова. 178 00:21:06,640 --> 00:21:12,104 Јас сум виновен. Премногу вино. Го промашив убодот. 179 00:21:21,947 --> 00:21:23,699 Смрди. 180 00:21:24,366 --> 00:21:28,996 Смрди на смрт. Немој да мислиш дека не сеќавам. 181 00:21:32,374 --> 00:21:38,130 Но, му вратив на копилето, Нед. Со нож му го прободев мозокот. 182 00:21:38,213 --> 00:21:40,757 Прашај ги дали беше така. Прашај ги! 183 00:21:42,801 --> 00:21:47,180 Сакам најголема погребна гозба што видело кралството. 184 00:21:48,598 --> 00:21:52,185 И сакам сите да го пробаат вепарот што ме уби. 185 00:21:55,897 --> 00:21:58,942 А, сега, оставете не сите. Треба да разговарам со Нед. 186 00:21:59,985 --> 00:22:02,863 Роберт, мил мој... -Сите надвор! 187 00:22:22,841 --> 00:22:29,014 Проклет будала. -Хартија и мастило на масата. Пишувај што ќе кажам. 188 00:22:36,980 --> 00:22:43,987 Во името на Роберт од куќата Баратеон, првиот... Знаеш веќе. 189 00:22:44,071 --> 00:22:50,952 Дополни титули. Го прогласувам Едард од Старкови... Титули... 190 00:22:54,623 --> 00:23:00,337 Да служи како регент и заштитник на кралството по мојата смрт. 191 00:23:00,712 --> 00:23:05,926 Да владее во мое име додека син ми Џофри не стане полнолетен. 192 00:23:12,849 --> 00:23:17,646 "...додека мојот законски наследник..." 193 00:23:24,694 --> 00:23:26,696 Дај ми го тоа. 194 00:23:42,003 --> 00:23:45,507 Дај му го тоа на советот откако ќе умрам. 195 00:23:46,800 --> 00:23:51,596 Барем ќе кажат дека тоа сум го направил добро. Барем едно нешто. 196 00:23:51,680 --> 00:23:56,726 Сега ќе владееш. Ќе го мразиш тоа повеќе од мене. 197 00:23:57,978 --> 00:24:00,522 Но ќе бидеш добар. 198 00:24:03,984 --> 00:24:07,445 Девојката. Данерис. 199 00:24:09,739 --> 00:24:14,619 Имаше право. Варис, Малопрстиот, брат ми. Сите се безвредни. 200 00:24:15,996 --> 00:24:21,418 Никој не ми кажа "не" освен тебе. Само ти. 201 00:24:25,755 --> 00:24:32,471 Остави ја да живее. Сопри ги. Не е доцна. -Добро. 202 00:24:33,221 --> 00:24:40,187 И син ми. Помогни му, Нед. Направи го подобар од мене. 203 00:24:45,108 --> 00:24:50,071 Ќе направам се да го почитува споменот на тебе. -Споменот? 204 00:24:53,033 --> 00:24:59,331 Кралот Роберт Баратеон. Го уби свиња. 205 00:25:02,542 --> 00:25:06,213 Дај ми сега нешто за болката и остави ме да умрам. 206 00:25:20,810 --> 00:25:23,855 Дајте му афионово млеко. 207 00:25:30,904 --> 00:25:37,744 Се тетеравеше од виното. Ни нареди да отстапиме, но... 208 00:25:39,829 --> 00:25:46,294 Го изневерив. -Никој не можел да го заштити од него самиот. 209 00:25:48,296 --> 00:25:53,176 Се прашувам, сер Баристан, кој му дал на кралот толку вино? 210 00:25:54,302 --> 00:25:57,264 Неговиот штитоносец, од кралскиот мев. 211 00:25:57,347 --> 00:26:00,642 Неговиот штитоносец? Ланистерчето? 212 00:26:00,725 --> 00:26:05,730 Колку вредно момче, се грижело Милоста да не биде жедна. 213 00:26:05,814 --> 00:26:09,401 Се надевам, не се прекорува кутриот. 214 00:26:17,409 --> 00:26:21,037 Неговата Милост се премисли за Данерис Таргариен. 215 00:26:23,081 --> 00:26:29,337 Што и да сте договориле, откажете. Веднаш! 216 00:26:30,213 --> 00:26:36,344 Гавраните веќе одлетаа. Девојката е веројатно веќе мртва. 217 00:26:45,603 --> 00:26:49,607 На пастувот што го јавнува светот не му требаат железни столчиња. 218 00:26:50,233 --> 00:26:54,529 Според пророштвото, пастувот ќе јава на сите краеви на светот. 219 00:26:54,612 --> 00:26:59,326 Светот завршува кај морето. Коњите не можат преку отровната вода. 220 00:26:59,409 --> 00:27:03,371 Земјата не завршува кај морето. Има многу тло зад морето. 221 00:27:03,955 --> 00:27:06,333 Тло каде што јас сум родена. 222 00:27:08,918 --> 00:27:14,007 Не тло, туку земја. -Да, земја. 223 00:27:16,217 --> 00:27:20,388 Во Слободните градови има илјади бродови. Дрвени коњи што... 224 00:27:20,472 --> 00:27:23,975 Доста за дрвени коњи и железни столчиња. 225 00:27:24,059 --> 00:27:26,353 Тоа не е столче, туку... 226 00:27:29,856 --> 00:27:31,858 Трон. 227 00:27:35,362 --> 00:27:38,740 Столче на коешто седи крал 228 00:27:39,532 --> 00:27:42,494 или кралица. 229 00:27:50,668 --> 00:27:54,005 На крал не му треба столче за седење. 230 00:27:54,089 --> 00:27:56,424 Му треба само коњ. 231 00:28:16,736 --> 00:28:21,449 Не може да ми помогнете да сфати? -Дотракијците не брзаат. 232 00:28:21,533 --> 00:28:25,620 Бидете трпелива, калиса. Ќе одите дома. Ви ветувам. 233 00:28:25,703 --> 00:28:27,747 Знам дека брат ми беше будала, 234 00:28:28,289 --> 00:28:31,626 но беше законски наследник на Седумте кралства. 235 00:28:32,377 --> 00:28:35,422 Реков нешто смешно? -Извинете. 236 00:28:35,505 --> 00:28:39,008 Вашиот предок Ајгон Освојувачот не ги освоил кралствата 237 00:28:39,092 --> 00:28:44,764 бидејќи имал право на нив, туку затоа што можел. -И имал аждери. 238 00:28:44,848 --> 00:28:49,394 Да, неколку аждери ја олеснуваат работата. -Не верувате во тоа. 239 00:28:49,477 --> 00:28:53,940 Сте виделе ли аждер? Им верувам на очите и ушите. 240 00:28:54,816 --> 00:28:59,028 Тоа било пред 300 години. Којзнае како било всушност. 241 00:28:59,112 --> 00:29:03,450 Извинете ме. Одам кај капетанот да видам дали има писма за мене. 242 00:29:03,533 --> 00:29:06,411 Одам со вас. -Не мора да се мачите. 243 00:29:06,494 --> 00:29:09,789 Уживајте на пазарот. Ќе ви се придружам набрзо. 244 00:29:18,423 --> 00:29:25,305 Џора Андалски! Пајакот праќа поздрави и честитки. 245 00:29:28,766 --> 00:29:32,020 Кралско помилување. Сега можете дома. 246 00:29:46,034 --> 00:29:48,620 Слатки црни вина! 247 00:29:48,703 --> 00:29:54,417 Имам слатки црни вина од Лис, Волантис и Сеница. 248 00:29:54,501 --> 00:29:58,838 Тирошиски коњак од крушки. Андалска горчлива ракија. 249 00:30:00,298 --> 00:30:03,134 Ќе проба ли калисата? 250 00:30:03,218 --> 00:30:06,387 Имам слатко црно вино од Дорн, моја дамо. 251 00:30:06,471 --> 00:30:10,350 Една голтка и ќе го крстите своето прво дете по мене. 252 00:30:12,018 --> 00:30:16,731 Син ми веќе има име, но ќе го пробам вашето вино. Само голтка. 253 00:30:17,482 --> 00:30:20,235 Госпоѓо, од Вестерос сте? 254 00:30:20,318 --> 00:30:23,947 Имате чест да разговарате со Данерис од Таргариенови, 255 00:30:24,030 --> 00:30:27,700 калисата на луѓето што јаваат и принцезата на Седумте кралства. 256 00:30:28,117 --> 00:30:32,539 Принцезо. -Станете! Уште сакам да го пробам виното. 257 00:30:33,289 --> 00:30:38,336 Ова? Тоа е дорнски оцет недостоен за принцеза. 258 00:30:38,419 --> 00:30:43,258 Имам суво црно од Сеница. Нектар на боговите. 259 00:30:43,341 --> 00:30:45,677 Ќе ви подарам буренце. Како подарок. 260 00:30:46,094 --> 00:30:49,681 Ми правите чест, сер. -Честа е моја. 261 00:30:55,436 --> 00:30:58,731 Во татковината многумина се молат да се вратите. 262 00:30:58,815 --> 00:31:03,319 Се надевам, еден ден ќе ви возвратам. -Спушти го буренцето. 263 00:31:05,697 --> 00:31:09,534 Нешто не е во ред? -Жеден сум. Отвори го. 264 00:31:10,535 --> 00:31:14,789 Виното е за калисата, не за некој како вас. -Отвори го. 265 00:31:25,758 --> 00:31:29,470 Тури. -Би било злосторство да се пие олку јако вино, 266 00:31:29,554 --> 00:31:32,724 а да не се остави да дише. -Направете што ви рече. 267 00:31:33,933 --> 00:31:36,060 Како ќе каже принцезата. 268 00:31:48,031 --> 00:31:52,035 Слатко е, нели? Го мирисате ли овошјето, сер? 269 00:31:53,536 --> 00:31:57,123 Пробајте го и кажете ми дека тоа не е најдоброто вино 270 00:31:57,457 --> 00:31:59,584 што ви го допрело јазикот. 271 00:32:02,629 --> 00:32:04,589 Вие прв. 272 00:32:06,507 --> 00:32:10,178 Јас? Извинете, но јас не сум достоен за оваа берба. 273 00:32:10,845 --> 00:32:16,017 Впрочем, сиромашен е трговецот што си ја пие стоката. -Ќе пиете! 274 00:32:48,257 --> 00:32:49,550 Дојдете. 275 00:32:56,766 --> 00:33:03,523 Дојдовте како разбојници, крадци, силувачи, убијци и грабачи. 276 00:33:05,233 --> 00:33:08,361 Дојдовте сами, во синџири. 277 00:33:09,195 --> 00:33:12,198 Немавте ни пријатели, ни чест. 278 00:33:12,990 --> 00:33:16,619 Дојдовте богати, дојдовте сиромашни. 279 00:33:17,245 --> 00:33:21,124 Некои од вас носат имиња на горди домови, 280 00:33:21,791 --> 00:33:25,086 други носат имиња на копилиња или немаат имиња. 281 00:33:25,169 --> 00:33:29,924 Не е важно. Сето тоа е минато. 282 00:33:30,800 --> 00:33:36,806 Овде, на Ѕидот, сите сме еден дом. 283 00:33:40,476 --> 00:33:44,814 Смееш да изгледаш среќно. Ќе бидеш извидник. 284 00:33:46,107 --> 00:33:50,236 Нели го сакаше тоа? -Сакам да го најдам стрико ми. 285 00:33:51,529 --> 00:33:54,657 Жив е таму некаде. Знам дека е. 286 00:33:56,075 --> 00:33:59,162 Штета што не можам да ти помогнам. Но не сум извидник. 287 00:33:59,787 --> 00:34:04,584 Мене ме чека живот на служител. -Чесно е да си служител. 288 00:34:05,918 --> 00:34:08,880 Не баш. Но има јадење. 289 00:34:12,800 --> 00:34:16,679 Овде почнувате одново. 290 00:34:23,811 --> 00:34:30,443 Човек од Ноќната стража живее за кралството. 291 00:34:33,237 --> 00:34:39,827 Не за крал или кнез, ниту за честа на овој или оној дом, 292 00:34:40,745 --> 00:34:44,957 не за злато или слава или љубов на жена. 293 00:34:46,042 --> 00:34:50,087 Туку за кралството! И за сите луѓе во него! 294 00:34:51,088 --> 00:34:55,009 Сите ја имате научено заклетвата. 295 00:34:55,092 --> 00:34:58,429 Добро размислете пред да ја изговорите. 296 00:34:58,930 --> 00:35:02,809 Казната за дезертерство е смрт. 297 00:35:08,523 --> 00:35:13,611 Вечерва може да ја положите заклетвата. В самрак. 298 00:35:14,862 --> 00:35:20,493 Ги почитува ли некој од вас старите богови? -Јас, господару. 299 00:35:21,369 --> 00:35:24,831 Тогаш, ќе положиш заклетва пред дрвото на срцето како стрико ти. 300 00:35:24,914 --> 00:35:29,210 Да, господару. -Ќе го најдеш суд-дрвото милја северно од Ѕидот. 301 00:35:29,293 --> 00:35:33,756 А, можеби и своите богови. -Господару... 302 00:35:34,507 --> 00:35:37,969 Може и јас да одам? -Зар Тарлиеви ги почитуваат старите богови? 303 00:35:38,469 --> 00:35:42,932 Не, господару. Именуван сум на светлите Седум. 304 00:35:43,015 --> 00:35:45,768 Како и татко ми и татко му. 305 00:35:45,852 --> 00:35:49,313 Тогаш, зошто би се одрекол од боговите на татко ти и домот? 306 00:35:52,066 --> 00:35:54,610 Ноќната стража е сега мојот дом. 307 00:35:54,694 --> 00:35:59,615 А, Седумте никогаш не ме услишале. Може ќе ме чујат старите богови. 308 00:36:01,409 --> 00:36:03,828 Како сакаш, момче. 309 00:36:03,911 --> 00:36:07,081 Секој од вас сместивме во некој ред, 310 00:36:07,164 --> 00:36:11,377 согласно со нашите потреби и вашата вештина. 311 00:36:12,044 --> 00:36:17,091 Халдер, градители. Пип, служители. 312 00:36:17,174 --> 00:36:20,177 Жабец, градители. Грен, извидници. 313 00:36:20,261 --> 00:36:23,681 Семвел, служители. Матар, извидници. 314 00:36:23,764 --> 00:36:29,562 Дареон, служители. Балијан, извидници. Раст, извидници. 315 00:36:29,645 --> 00:36:32,940 Џон, служители. Рансер, градители. 316 00:36:48,873 --> 00:36:51,792 Сите богови нека ве чуваат. 317 00:36:57,048 --> 00:37:01,219 Извидници, по мене! -Градители! 318 00:37:20,947 --> 00:37:25,701 Семвел, ќе ми помагаш во гавранското гнездо и библиотеката. 319 00:37:25,785 --> 00:37:29,747 Пип, ќе му се јавиш на Боуен Марш во кујната. 320 00:37:29,830 --> 00:37:33,876 Лук, оди кај Едноокиот Џо во шталите. 321 00:37:34,627 --> 00:37:38,422 Дареон, те праќаме во Источната стражарница. 322 00:37:38,506 --> 00:37:44,595 Јави се на Боркас кога ќе стигнеш. Без коментари за неговиот нос. 323 00:37:46,138 --> 00:37:49,517 Џон Сноу, Врховниот заповедник Мормонт те побара 324 00:37:49,600 --> 00:37:51,727 за свој личен служител. 325 00:37:53,354 --> 00:37:58,359 Ќе му служам јадења и ќе му носам вода за бањање? -Сигурно. 326 00:37:58,442 --> 00:38:03,280 И ќе го одржуваш огнот. Ќе му менуваш постелнина 327 00:38:03,364 --> 00:38:07,118 и ќе правиш се што ќе побара Врховниот заповедник. 328 00:38:10,121 --> 00:38:14,458 Ме сметате за слуга? -Сметавме дека си човек на Ноќната стража, 329 00:38:14,875 --> 00:38:20,965 но можеби сме се излажале. -Може да си одам? -Ако сакаш. 330 00:38:26,971 --> 00:38:32,893 Џон! Чекај! Не гледаш ли што прават? -Одмазда на сер Алисер. 331 00:38:32,977 --> 00:38:36,981 Ја сакаше и ја доби! Служителите се слуги! 332 00:38:37,440 --> 00:38:42,153 Подобар мечувалец и јавач сум од сите вас. Не е фер! -Фер? 333 00:38:43,362 --> 00:38:45,489 Му пеев на благородник во Желадвор 334 00:38:45,573 --> 00:38:49,076 кога ми рече да му го покажам курот. Го турнав 335 00:38:49,452 --> 00:38:52,455 и рече дека ќе ми ги исечат рацете поради крадење. 336 00:38:52,538 --> 00:38:57,460 Сега сум на крајот на светот и им пеам на старци и гомна како тебе. 337 00:38:57,543 --> 00:39:02,381 Нема да ги видам веќе моите. Нема да бидам во жена. Какво фер? 338 00:39:02,923 --> 00:39:06,761 Нели те фатиле како крадеш сирење за гладната сестра? 339 00:39:07,344 --> 00:39:11,640 На странци ли ќе им кажувам како благородник ми го сакал курот? 340 00:39:13,309 --> 00:39:17,396 Ќе ми испееш една песна, Пип? Сакам да чујам песна. 341 00:39:22,109 --> 00:39:27,114 Слушај ме сега! Старецот е Врховен заповедник на стражата. 342 00:39:27,198 --> 00:39:32,036 Ќе бидеш со него дење и ноќе. Да, ќе му ја чистиш облеката. 343 00:39:32,119 --> 00:39:35,873 Но ќе му ги носиш и писмата, ќе го следиш на состаноците, 344 00:39:35,956 --> 00:39:41,337 ќе му бидеш штитоносец во битките. Се ќе знаеш. И ќе бидеш дел од се. 345 00:39:41,420 --> 00:39:46,717 А, тој те побарал. Сака да те подготви за заповедништво. 346 00:39:52,431 --> 00:39:56,602 Само, отсекогаш сум сакал да бидам извидник. 347 00:39:59,188 --> 00:40:01,774 Јас отсекогаш сум сакал да бидам волшебник. 348 00:40:04,652 --> 00:40:07,238 Што е? Сериозен сум. 349 00:40:07,321 --> 00:40:10,324 Тогаш, ќе останеш и ќе ги кажеш своите зборови со мене? 350 00:40:17,039 --> 00:40:20,626 Кнезу Старк! Момент! 351 00:40:21,377 --> 00:40:23,087 Насамо, ако може. 352 00:40:33,013 --> 00:40:39,270 Ве именувал за заштитник. -Да. -Нејзе и е сеедно. 353 00:40:40,062 --> 00:40:43,691 Дајте ми еден час и ќе ви соберам сто мечеви. 354 00:40:43,774 --> 00:40:46,944 А, што да правам со сто мечеви? -Нападнете! 355 00:40:47,027 --> 00:40:52,825 Вечерва, додека дворецот спие! Да го земеме Џофри од мајка му. 356 00:40:52,908 --> 00:40:57,705 Заштитникот на кралството знае, кралството е на оној со кралот. 357 00:40:57,788 --> 00:41:01,292 Секој момент на одложување и дава време на Керсеј да се подготви. 358 00:41:01,375 --> 00:41:05,337 Додека Роберт умре, ќе биде доцна за нас двајца. -А, Станис? 359 00:41:05,963 --> 00:41:09,341 Да се спасат Седумте кралства и да му се дадат на Станис? 360 00:41:09,842 --> 00:41:14,096 Чудно го штитите кралството! -Станис ви е постар брат. 361 00:41:14,180 --> 00:41:17,892 Не се работи за редот на наследување! Тоа не беше важно 362 00:41:17,975 --> 00:41:22,146 кога се побунивте против Лудиот крал и не е важно сега. 363 00:41:22,229 --> 00:41:27,193 Што е најдобро за кралствата? За луѓето со коишто владееме? 364 00:41:28,652 --> 00:41:33,866 Сите го знаеме Станис. Не вдахновува ни љубов, ни верност. 365 00:41:34,575 --> 00:41:38,746 Тој не е крал. Јас сум! 366 00:41:45,669 --> 00:41:50,799 Станис е заповедник. Има водено луѓе во војна. Двапати! 367 00:41:50,883 --> 00:41:55,888 Ја уништи флотата на Грејџој. -Добар војник е. Како и Роберт. 368 00:41:56,847 --> 00:42:01,936 Кажете ми, уште ли верувате дека добрите војници се добри кралеви? 369 00:42:06,398 --> 00:42:11,070 Нема да ги извалкам последните часови на Роберт со крвопролевање 370 00:42:11,153 --> 00:42:14,865 и влечење исплашени деца од кревет. 371 00:42:27,294 --> 00:42:30,130 Вечерва ќе отпловиш за Аждеркамен. 372 00:42:30,214 --> 00:42:33,050 Ќе му го предадеш ова на Станис Баратеон лично. 373 00:42:34,385 --> 00:42:39,181 Не на неговиот слуга, ниту на заповедникот на стражата, 374 00:42:39,265 --> 00:42:41,308 ниту на жена му. 375 00:42:47,106 --> 00:42:51,277 Само лично на Станис. -Да, господару. 376 00:42:53,862 --> 00:42:55,614 Оди сега. 377 00:43:04,832 --> 00:43:07,376 Кнезу заштитнику. 378 00:43:12,631 --> 00:43:14,717 Кралот нема законски синови. 379 00:43:15,676 --> 00:43:19,013 Џофри и Томен се копилиња на Џејми Ланистер. 380 00:43:20,347 --> 00:43:27,229 Кога ќе умре кралот... -Тронот преоѓа на брат му Станис. 381 00:43:28,564 --> 00:43:35,237 Така изгледа. Само... -Нема само. Тој е законски престолонаследник. 382 00:43:35,321 --> 00:43:39,033 Тоа не менува ништо. -Не може до тронот без вас. 383 00:43:39,116 --> 00:43:42,703 Би било мудро да не му го дадете и да му го дадете на Џофри. 384 00:43:46,081 --> 00:43:48,667 Имате ли ронка чест? 385 00:43:48,751 --> 00:43:53,714 Сега сте Намесник и заштитник на кралството. Целата власт е ваша. 386 00:43:53,797 --> 00:43:58,093 Вие треба само да ја испружите раката и да ја земете. 387 00:43:58,177 --> 00:44:01,430 Смирете се со Ланистерови. Ослободете го Ѓаволчето. 388 00:44:02,056 --> 00:44:05,976 Омажете ја ќерката за Џофри. Имаме време да го откачиме Станис. 389 00:44:06,060 --> 00:44:11,607 А, ако Џофри биде проблем, ќе ја откриеме неговата тајна 390 00:44:11,690 --> 00:44:15,194 и ќе го поставиме кнезот Ренли место него. -Ние? 391 00:44:15,277 --> 00:44:19,198 Ви треба некој да ви помогне со товарот. Ве уверувам 392 00:44:19,531 --> 00:44:23,702 дека мојата цена е скромна. -Предлагате предавство. 393 00:44:25,037 --> 00:44:27,498 Само ако изгубиме. 394 00:44:29,041 --> 00:44:31,710 Велите да се смирам со Ланистерови. 395 00:44:33,462 --> 00:44:35,631 Се обидоа да ми го убијат синот. 396 00:44:35,714 --> 00:44:40,803 Само со непријателите можеме да се смируваме. Затоа е смирување. 397 00:44:41,720 --> 00:44:48,602 Нема да го направам тоа. -Тогаш, Станис и војна. -Нема друг избор. 398 00:44:50,521 --> 00:44:54,775 Тој е наследникот. -Зошто ме викнавте? 399 00:44:54,858 --> 00:44:57,069 Очигледно не за мојата мудрост. 400 00:44:58,362 --> 00:45:01,156 И ветивте на Кетлин дека ќе ми помогнете. 401 00:45:01,240 --> 00:45:03,701 Кралицата има стомина вооружени. 402 00:45:03,784 --> 00:45:08,997 Ќе ми ги совлада стражарите. Ми требаат Златните наметки. 403 00:45:10,332 --> 00:45:15,462 Градската стража има 2000 души и ќе го штити кралскиот мир. 404 00:45:18,841 --> 00:45:25,139 Видете се. Знаете што сакате да сторам и дека мора така. 405 00:45:25,722 --> 00:45:31,145 Но тоа не е чесно, па зборовите ви застануваат во грлото. 406 00:45:31,228 --> 00:45:35,357 Кога кралицата ќе прогласи еден крал, а Намесникот друг, 407 00:45:35,441 --> 00:45:41,488 чиј мир ќе го штитат Златните наметки? Кого ќе слушаат? 408 00:45:46,410 --> 00:45:48,912 Оној што ги плаќа. 409 00:46:34,041 --> 00:46:37,252 Чујте ги моите зборови и бидете сведоци на мојата заклетва. 410 00:46:38,545 --> 00:46:42,090 Ноќта паѓа, а мојата стража почнува сега. 411 00:46:42,174 --> 00:46:45,219 Нема да заврши до мојата смрт. 412 00:46:45,302 --> 00:46:50,641 Нема да земам жена, ни да имам земја, ни да бидам татко. 413 00:46:51,099 --> 00:46:55,062 Нема да носам круна, ниту ќе извојувам слава. 414 00:46:55,145 --> 00:46:58,774 Ќе живеам и ќе умрам на своето место. 415 00:46:59,358 --> 00:47:04,279 Јас сум мечот во темнината. Јас сум набљудувачот на ѕидовите. 416 00:47:04,363 --> 00:47:08,242 Јас сум штитот што го штити кралството на луѓето. 417 00:47:08,325 --> 00:47:12,579 Ги заветувам својот живот и чест на Ноќната стража, 418 00:47:12,663 --> 00:47:16,542 оваа ноќ и сите ноќи што следат. 419 00:47:16,625 --> 00:47:18,627 Клекнавте како момчиња. 420 00:47:18,710 --> 00:47:21,755 Сега станете како мажи на Ноќната стража! 421 00:47:34,851 --> 00:47:36,395 Браво! 422 00:47:43,986 --> 00:47:47,990 Што носи? -Дојди, Духу! Донеси! 423 00:47:50,576 --> 00:47:52,661 Богови, смилувајте се! 424 00:47:59,418 --> 00:48:01,837 Што ќе му направите? 425 00:48:04,423 --> 00:48:07,718 Кога ќе јавне каласарата, ќе го врзат за седло 426 00:48:07,801 --> 00:48:12,055 и ќе мора да трча по коњот колку што може. -А, кога ќе падне? 427 00:48:13,765 --> 00:48:17,352 Имам видено еден што издржа девет милји. 428 00:48:18,145 --> 00:48:23,275 Кралот Роберт сака да ме убие. -Овој беше прв, но не и последен. 429 00:48:23,358 --> 00:48:27,070 Мислев дека ќе ме остави на мир по смртта на брат ми. 430 00:48:27,154 --> 00:48:29,656 Никогаш нема да ве остави на мир. 431 00:48:29,740 --> 00:48:33,285 И двајцата ќе ве следи до најтемниот Ашаи. 432 00:48:33,368 --> 00:48:36,038 Ако отпловите до Базилисовите Острови, 433 00:48:36,121 --> 00:48:40,584 неговите шпиони ќе му кажат. Нема да престане да ве лови. 434 00:48:40,667 --> 00:48:44,129 Вие сте последната од Таргариенови. 435 00:48:44,212 --> 00:48:48,634 Син ви ќе има таргариенска крв и 40.000 јавачи зад себе. 436 00:48:50,385 --> 00:48:55,182 Нема да го добие син ми. -Нема да ве добие ни вас, калиса. 437 00:49:28,090 --> 00:49:31,843 Месечино на мојот живот. Повредена ли си? 438 00:49:42,396 --> 00:49:46,775 Џора Андалски, чув што си направил. 439 00:49:47,734 --> 00:49:50,696 Избери кој било коњ и твој е. 440 00:49:54,991 --> 00:49:58,995 Ти го давам тој подарок. 441 00:50:04,584 --> 00:50:08,171 А, на син ми, пастувот што ќе го јавне светот, 442 00:50:09,423 --> 00:50:13,093 исто му ветувам подарок. 443 00:50:13,176 --> 00:50:20,058 Ќе му дадам железно столче на коешто седел таткото на мајка му! 444 00:50:22,644 --> 00:50:25,689 Ќе му ги дадам Седумте кралства! 445 00:50:26,857 --> 00:50:30,777 Јас, Дрого, ќе го направам тоа! 446 00:50:31,987 --> 00:50:37,367 Ќе ја одведам каласарата на запад, каде што завршува светот, 447 00:50:37,993 --> 00:50:42,247 и ќе јаваме на дрвени коњи преку црната солена вода 448 00:50:42,330 --> 00:50:45,333 како што ниеден Кал не направил порано. 449 00:50:46,585 --> 00:50:53,467 Ќе ги убијам луѓето во железо и ќе им ги срушам камените куќи! 450 00:50:56,887 --> 00:51:02,684 Ќе им ги силувам жените, ќе им ги земам децата за робови 451 00:51:03,268 --> 00:51:06,897 и ќе ги донесам нивните скршени богови во Вас Дотрак! 452 00:51:10,275 --> 00:51:15,447 На тоа се колнам јас, Дрого, синот на Барбо. 453 00:51:16,531 --> 00:51:23,163 Се колнам пред Мајката на сите планини, ѕвездите ми се сведоци. 454 00:51:25,248 --> 00:51:28,502 Додека ѕвездите гледаат како сведоци! 455 00:51:57,864 --> 00:52:00,492 Кнезу Старк! 456 00:52:00,575 --> 00:52:03,411 Во ред е, пуштете го. 457 00:52:03,495 --> 00:52:07,457 Кнезу, кралот Џофри и регентката ве бараат кај Тронот. 458 00:52:07,541 --> 00:52:10,961 Кралот Џофри? -Кралот Роберт е мртов. 459 00:52:11,044 --> 00:52:13,421 Боговите да му дадат вечен мир. 460 00:52:24,850 --> 00:52:28,144 Се е подготвено. Градската стража е ваша. -Добро. 461 00:52:29,646 --> 00:52:32,190 Ќе ни се придружи ли кнезот Ренли? 462 00:52:33,108 --> 00:52:36,236 За жал, кнезот Ренли го напушти градот. 463 00:52:36,987 --> 00:52:41,199 Еден час пред зори пројавал низ старите градски порти 464 00:52:41,283 --> 00:52:44,703 со сер Лорас Тирел и педесетина стражари. 465 00:52:44,786 --> 00:52:48,456 Последен пат се видени како галопираат на југ. 466 00:53:08,768 --> 00:53:11,396 Зад вас сме, кнезу Старк. 467 00:53:20,196 --> 00:53:22,365 Поздравете ја сите неговата Милост, 468 00:53:22,449 --> 00:53:26,620 Џофри од домовите на Баратеон и Ланистер, прв од своето име, 469 00:53:26,703 --> 00:53:30,540 кралот на Андал и на Првите луѓе, господарот на Седумте кралства 470 00:53:31,499 --> 00:53:34,502 и заштитникот на кралството. 471 00:53:52,145 --> 00:53:56,441 Му наредувам на советот да изврши подготовки за крунисувањето. 472 00:53:56,524 --> 00:53:59,486 Сакам да се крунисам за две недели. 473 00:53:59,569 --> 00:54:03,949 Денес ќе примам заклетви за верност од моите советници. 474 00:54:08,119 --> 00:54:12,874 Сер Баристан, никој од присутните не се сомнева во вашата чест. 475 00:54:24,260 --> 00:54:27,639 Печат на кралот Роберт. Недопрен е. 476 00:54:35,313 --> 00:54:39,943 Со ова Едард Старк се прогласува за заштитник на кралството 477 00:54:41,611 --> 00:54:46,324 да владее како регент додека наследникот не стане полнолетен. 478 00:54:47,492 --> 00:54:50,453 Може да го видам тоа писмо, сер Баристан? 479 00:54:58,420 --> 00:55:00,797 Заштитник на кралството? 480 00:55:04,342 --> 00:55:09,556 Ова требаше да ви биде штитот, кнезу Старк? Парче хартија? 481 00:55:13,018 --> 00:55:16,521 Тоа беа кралски зборови. -Сега имаме нов крал. 482 00:55:18,690 --> 00:55:22,694 Кнезу Едард, последниот пат ми понудивте совет. 483 00:55:22,777 --> 00:55:24,696 Ќе ви ја возвратам услугата. 484 00:55:25,488 --> 00:55:27,490 Свиткајте го коленото, кнезу. 485 00:55:27,574 --> 00:55:30,660 Свиткајте го коленото и заколнете се на верност на син ми 486 00:55:31,286 --> 00:55:35,915 и ќе ви дадеме да отидете во пустелијата што ја викате дом. 487 00:55:36,875 --> 00:55:40,378 Син ви нема право на престолот. -Лажго! 488 00:55:40,462 --> 00:55:43,423 Се осудувате со сопствените зборови, кнезу Старк. 489 00:55:43,506 --> 00:55:46,134 Сер Баристан, фатете го предавникот. 490 00:55:46,718 --> 00:55:50,680 Сер Баристан е добар и верен човек. Не повредувајте го. 491 00:55:52,599 --> 00:55:55,560 Мислите дека стои сам? 492 00:55:57,312 --> 00:56:00,440 Убијте го! Убијте ги сите, ви наредувам! 493 00:56:00,523 --> 00:56:04,611 Заповеднику, одведете ги кралицата и нејзините деца в затвор. 494 00:56:05,028 --> 00:56:09,074 Одведете ги до одаите и задржете ги таму под стража. 495 00:56:09,157 --> 00:56:11,910 Градска стражо! 496 00:56:14,913 --> 00:56:17,248 Не сакам крвопролевање. 497 00:56:17,332 --> 00:56:21,377 Кажете им на луѓето да ги спуштат мечевите и никој нема да умре. 498 00:56:23,922 --> 00:56:25,507 Сега! 499 00:56:36,392 --> 00:56:39,479 Ве предупредив да не ми верувате. 500 00:57:37,954 --> 00:57:39,873 Превод: Александар Зафировски